Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
РЕГИОН
Судот потврди: албанските тајни служби го убиле скопјанецот Ремзи Хоџа
20. ФЕВРУАРИ 2013 - 12:13 | МАКФАКС
Судот за тешки кривични дела во Тирана го обелодени убиството на македонскиотдржавјанин, бизнисменот Ремзи Хоџа, се наведува во одлуката долга 180 страници и притоа како единствен виновен се посочува шефот на албанската тајна служба –SHISH, Илир Кумбаро кој е во бегство.


Во одлуката која ја објавуваа весникот Gazeta shqiptare се наведува дека Хоџа пред 18 години во Тирана бил грабнат од странана припадниците на SHISH и бил притворен, а по големите измачувања во еденимпровизиран затвор тој починал.

Судот наведува дека Хоџа бил грабнат од страна на тајната полиција под сомнениедека бил српски шпион.

Исто така, во одлуката се наведува дека имало сомнежи дека Хоџа бил замешан иво атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров од октомври 1995 година.

Во објаснувањата што во одлуката се дадени во врска со сомнежите околузамешаноста на Хоџа за атентатот врз Глигоров се вели дека еден од уапсените бил и Абдул Лошај, кој бил осомничен дека работел против интересите на Албанијазаедно со Ремзи Ходза и Зисо Кристопули.

Албанскиот агент Кумбаро сметал дека Хоџа бил замешан во атентатот врз претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров. Но, во испрашувањата Хоџа, Лошај и Кристопули негирале вмешаност околу атентатот врз Глигоров и негирале дека се соработници на тајните српски служби, по што следела голема тортура.

Скопскиот бизнисмен Ремзи Хоџа исчезна во Албанија во 1995 година. Синот Ардиан Хоџа неодамна понудил награда за оној што ќе открие каде е закопан татко му, кој во 1995 година беше киднапиран и убиен во Албанија.

Благодарение на @dragan bitola[DOUBLEPOST=1538823954][/DOUBLEPOST]
Drugar samo da ti razjasnam, seval e samo ortak so ovie od dukandzik
Seval nema vrska so frkata so ajeti semejstvoto
Dukanzdik i ajeti semejstvo bea vo frka
Ama ne znaci deka oni go storile deloto
Ne se brzajte taka i so slucajot na dzelo 300 muabeti izlegoa na krajot sosem drugo ispadna
Ќе поправиме, разбрав каде се грешките (y)
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2017
Мислења
122
Поени од реакции
85
Нели имаше еден тип што работеше со џељо со прекар овца знае некој нешто ? Ако знае нека пише детално
 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
МИСЛАМ ДЕКА НИШТО ОД ОВА НЕ Е ПОСТИРАНО ТУКА, АКО Е. ИЗВИНЕТЕ.
Знам дека беше објавено но сликите итд.






https://republika.mk/389828

Диме Поштарот беше брутално ликвидаран со над 30 куршуми- никој не понесе одговорност


Во времето на истите оние кои сега глумат човештво и обвинуваат за нехумани работи, среде улица брутално беше ликвидиран Диме Ицковски- Поштарот, кој беше убиен од полицијата Семејството на Поштарот не доби одговор кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме.

Додека полицијата на една рака ги броеше прострелните рани, семејството и соседите во скопско Булачани сведочеа дека Диме бил егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Никој никогаш не заврши зад решетки и никој не се сети на неговиот син Никола – тогаш деветгодишно детенце.
-Два дена пред убиството Диме беше во Сител за да му каже на главниот уредник дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана каква било полициска акција. Тогаш реагираа само соседите – молк во невладиниот сектор, пишуваше весникот ВЕЧЕР.[DOUBLEPOST=1538850652][/DOUBLEPOST]А да не знаете зашто беше викан поштар?
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Излегувал од штабот на ДУИ - познат идентитетот на убиениот во Речица
5 април 2018 - 20:35

Едно лице загина, а двајца се повредени. Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Малата Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово. Споредона што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје.

Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се уптаиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви. Ситуацијата ексалирала кога учесниците во инидентот посегнале по оружјето.

Според Коха сеуште не се знае точниот број на повредени. Неофицијалните извори навесникот велат дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.

Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во тетовска Мала Речица, кај седиштето на ДУИ, има тројца ранети.

Тој рече дека засега не е познато дали има и починати лица, додека пак еден од повредените е во критична состојба и е испратен во скопската Клиника.

Бесими за порталот додал дека не може да открие повеќе детали бидејќи се прави увид од страна на полицијата и истражните органи кои се на терен.



Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица по штозапочнала вооружена пресметка.

Две лица се повредени во инцидентот кој попладнево околу 18:30 часот се случил во селото Мала Речица, потврдува портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Курир.

Според првичните информации со кои располага МВР, повредените лица се пренесени во тетовската клиничка болница, но засега нема подетални информации за нивната здравствена состојба.

Ангеловски додава дека во врска со случајот приведени се две лица, но повеќе детали се уште не се откриваат.

Албанските медиуми јавуваат дека вооружениот инцидент се случил кај седиштето на ДУИ, а во истиот убиени се три лица од Куманово. Според нивнитеинформации убиството било резултат на ривалство меѓу две групи на ДУИ.

Подетални информации за целиот случај се очекуваат подоцна.

Сериозен настан се случи пред неколку минути во Мала Речица пред седиштето на ДУИ, информира порталот Shqipmedia од извори на местото на настанот, но не и официјално.

Според информациите на порталот, убиството се случило помеѓу две ривалски групи на ДУИ пред седиштето на ДУИ. Сè уште не е познато кои се жртвите.

Според жителите на Речица, имало големи пукотници кои предизвикале паника и страв кај нив.

Дел од медиумите на албански јазик информираат дека во инцидент во Тетово убиени се најмалку три лица.

-Според сеуште непотврдени информации, инцидент се случил меѓу функционери на ДУИ од Скопје и Куманово, каде што се зборува дека тројца кумановци се убиени, а тројца се ранети, информираат некои медиуми на албански јазик.

0535D8D9-D35D-458C-9FCA-8EC642A440FC.jpeg

^ Убиениот исто така бил член на Беланоча.

57A0C14F-E295-4E63-A0FD-D942141222A7.jpeg
Во позадина, пишувањата биле од Наим.

Благодариме @dragan bitola
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Нели имаше еден тип што работеше со џељо со прекар овца знае некој нешто ? Ако знае нека пише детално
Imat eden vo ohrid ovca go vikaat, nz dal e toj

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Кој е Даут Динарица еден од напаѓачите во Пасатот?

Динарица е крими фамилија што сме ја заборавиле а исто така ги имаше по медиумите, еден од нив поврзуваа со бркање на Диме Спасов при сударот, а иначе од нивна фамилија учествуваа и во убивањето на полициската патрола пред Арачиново јануари 2000 година.

https://www.press24.mk/koj-e-daut-dinarica-eden-od-napagjachite-vo-pasatot

СУДЕЊЕ ЗА КИДНАПИРАЊЕ И ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ
Полицијата немоќна да го приведе Агим Красниќи
20 октомври 2006 - 20:33

Овде Вечер пишува за случај од 2004 кога легендарниот Агим Красниќи со негова екипа го киднапираат Шеваљ Муареми али иако ранет успева да им избега, интересно е што уште тогаш (2006) адвокат на Шеваљ му е Мирослав Вујиќ еден од двајцата најскапи и најјаки адвокати кај нас.

https://vecer.mk/policijata-nemokjna-da-go-privede-agim-krasnikji

КАКО СЕ СПРОВЕДУВА ЗАКОНОТ И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО?
Мафијата го спречи уривањето на Кинескиот ѕид
24 октомври 2006 - 19:17

Тука фамилијата Демири се на удар на коментирање, иако беа посочени и за кражба на коли тврдат дека се само чесни градежници без разлика што имаат извршено убиство двајцата браќа во 2002, наводно во самоодбрана.

https://vecer.mk/makedonija/mafijata-go-sprechi-urivanjeto-na-kineskiot-dzid

ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ВЕЧЕР ЈА ОБЈАСНУВА ШЕМАТА НА АВТОМАФИЈАТА
Украдените скопски "мерцедеси" завршуваат во Албанија
9 октомври 2006 - 16:20

Ова е веќе објавен текст од 2006 златната година за крими текстови во МК од Вечер и Фокус, се објаснува целиот циклус на крадење и продавање коли, а и овде се спомнуваат Демири.

https://vecer.mk/ukradenite-skopski-mercedesi-zavrshuvaat-vo-albanija
 
Последно уредено:

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Дали некој има било какви информации за Драган Симиќ Симо?
 
Член од
13 септември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
55
Една работа никогаш не сум можел да ја сватам кај нашиве "мафијаши", а тоа е секогаш да се биде "виде те ме", ферарито паркирано пред кафана, злато и скапи саати. Нормално, се вечера во цело друштво, цела вечер се пие и јаде најскапото сеедно што пола од гостите врска немаат ни што јадат ни пијат, или пак пушат пури по астрономски цени од шефот кој до вчера не ни пушел а гостите пушеле Вест.
Сум седел на таква маса и не ми било јасно кој овде е глуп, јас или он. Да, да бидеш при врвот треба да се дружиш со такви како тебе водиш бизнис, но не на маса со цивили или во јавни објекти каде што можат да те видат. Ама мислам дека дел од тоа е лечење комплекси како од вицот, не си ја е*ел Клаудија Шифер ако не кажеш на некого.
Големите мафијаши сите ги знаат, вистинските мафијаши не ги знае никој
 
Член од
24 август 2015
Мислења
241
Поени од реакции
346
Една работа никогаш не сум можел да ја сватам кај нашиве "мафијаши", а тоа е секогаш да се биде "виде те ме", ферарито паркирано пред кафана, злато и скапи саати. Нормално, се вечера во цело друштво, цела вечер се пие и јаде најскапото сеедно што пола од гостите врска немаат ни што јадат ни пијат, или пак пушат пури по астрономски цени од шефот кој до вчера не ни пушел а гостите пушеле Вест.
Сум седел на таква маса и не ми било јасно кој овде е глуп, јас или он. Да, да бидеш при врвот треба да се дружиш со такви како тебе водиш бизнис, но не на маса со цивили или во јавни објекти каде што можат да те видат. Ама мислам дека дел од тоа е лечење комплекси како од вицот, не си ја е*ел Клаудија Шифер ако не кажеш на некого.
Големите мафијаши сите ги знаат, вистинските мафијаши не ги знае никој
моето сваќање на такви работи, со тоа сакаат да демонстрират моќ и да добијат голема слава... како некој познати фаци во град и слично барем јас сум се нашол во такво друштво многу пати па од лично искуство како го имам осетено на своја кожа ти го кажвам ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom