Oliver Spasovski
2h ·
Отворивме сериозна битка со криминалните структури, најголем дел од нив се веќе зад решетки
Се отвори конечно еден широк фронт на борба од страна на МВР против овие структури и за тоа постојат конкретни факти и докази и арументи. Ако ги погледнете криминалните структури, борбата со трговијата со дрога, борбата со трговијата на оружје, кои се лицата коишто се уапсени, кои се тие коишто се наоѓаат на издржување на казни затвор, тоа се структури кои потекнуваат од тие криминални структури коишто биле во Скопје или државата.
Не постојат тешки и лесни кривични дела, нема мали и големи криминалци. Криминалците се криминалци.
Во водењето на истрагите за кривичните дела, обезбедувањето на доказите се клучната работа којашто ја имаме, така да воопшто не е важно дали е уапсен за едно кривично дело или второ, важно е да се докаже кривичното дело и да имаме неселективна отворена борба која што впрочем се случуваше во изминатите години.
Сами бевте сведоци минатата недела на апсење на еден криминалец на една од тие структури од Грчец, којшто беше уапсен на јавно место во центарот на Скопје.
Интензивната борба со криминалот во последниот период резултираше со намалување на севкупниот криминалитет во државата за 11% во 2023 споредено со 2022 година и со зголемување на ефикасност и откривачката дејност на полицијата за 4%.