Муабетов врска ти нема,само ај,човек како човек,да зборува нешто кое не го познава.
Сеуште живеете во истиот филм како во 90-те дека полицијата е семоќна и знае се.Се гледа дека никакви познавања немаш од криминал,ниту теоретски,ниту практично,туку само си лупаш глупости по твое лично убедување.
Во полиција имаш еден куп инспектори,дел од нив се чесни,дел се гадови,дел се пола,пола.
Како ја замислуваш ти целата работа? Ќе седнат и сите истовремено ќе се договараат да лапаат дел од пленот на Хасан циганот што ќе украде два акумулатори или Стојан социопатот што ќе изврши разбојништво на кладилница за некојси 20.000 денари?
Истото важи и за АНБ.Јесте да има оддел кој го контролира организираниот криминал,ама не во таква апсолутистичка форма како што вие ја замислувате.
Сериозниот организиран криминал е невозможно во целост да се контролира,колку сака нека е службата јака.