- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.305
- Поени од реакции
- 5.911
Објавите на медиумите за убиството на Ридван Незири односно случајот кој променил доста работи во подземјето.
И петта жртва на гангстерската пресметка во "Чаирчанка"
Дневник / 11.07.2003
ДВА ДЕНА ПО ОРУЖЕНИОТ ИНЦИДЕНТ Полицијата имала сомневања за инволвираност на Ридван Незири во убиство на полицаец, но не го апсела бидејќи немала потврдени показатели, велат во МВР Скопскиот студент Луан Бајрами е петтата жртва од масакрот што се случи во скопскиот трговски центар "Чаирчанка" завчера, кога четворица маскирани и вооружени напаѓачи пукаа со автоматски пушки во гостите во чајџилниците "Фортуна" и Рина". Бајрами им подлегнал на повредите вчера во скопската Градска болница. Претходно во инцидентот настрадаа Ридван Незири (28), Јетон Исмаили (18), Енвер Фазлија (55) и Клокоти Кумрија (26). Според информациите од Градската болница, под лекарски третман се уште три лица со полесни повреди. Советничката во МВР за односи со јавноста, Мирјана Контевска, вчера изјави дека полицијата се уште нема никакви информации за двата автомобили со кои се превезувале убијците. Контевска потврди дека по инцидентот биле приведени две лица за кои имало сомненија дека се инволвирани во злосторот, но откако биле ислушани, ги пуштиле. Таа изјави дека полицијата не го приведувала Ридван Незири, иако имала сомненија за негова инволвираност во убиството на полицаец од Крива Паланка во "Чаирчанка", пред околу две години, бидејќи немала потврдени показатели. Според МВР, криминалната банда на Незири го контролирала тој дел од Скопје во криминогените активности и имала надмоќ во однос на другите банди. Полицијата смета дека причините за крвавиот масакр во "Чаирчанка" се криминални. Како што веќе пишувавме, завчера напладне во трговскиот центар во скопската населба Чаир две лица што дошле со црн "голф" фрлиле рачна бомба "кашикара" кон чајџилницата "Хоти". Во исто време, од другата страна на трговскиот центар застанал црвен "форд", од кој излегле четири вооружени маскирани лица, кои се упатиле кон локалите "Рина" и "Фортуна" и почнале рафално да пукаат во гостите. По неколкуминутниот хаос напаѓачите побегнале со возилата. Дејан Николовски
Полицијата мора да си ја смени улогата во нашиот крими-филм
Дневник / 11.07.2003
Коментар - Дејан Николовски Масакрот што се случи во средата напладне, кога во гангстерска пресметка во скопскиот трговски центар "Чаирчанка" пет лица беа убиени, а четворица ранети, уште еднаш го отвора прашањето за тоа прави ли доволно Министерството за внатрешни работи за да го сузбие уличниот тероризам или реагира само пост-фестум, собирајќи ги само чаурите од криминалните судири. Начинот на кој беше изведена целата акција, како извадена од американски криминален филм, упатува на еден од можните одговори на поставеното прашање. Прво, го потврдува фактот оти во земјава има многу оружје, второ, оти голем број криминалци за кои има сознанија и полицијата се на слобода и се движат каде што сакаат, трето, дека полицијата секогаш е на чекор задоцнување, четврто, дека урбаниот тероризам нашироко се развива во главниот град, петто, дека Македонија не го знае или не сака да го примени единствениот рецепт за да им стави крај на крвавите престрелки меѓу поствоените банди... На таков заклучок упатуваат неколку факти. Напаѓачите се маскирани, вооружени се со автоматски пушки и бомби, во акцијата излегуваат од автомобил и во најкрвавите секвенци на Бони и Клајд почнуваат да пукаат кон целта, без грижа за тоа дали на патот на огнот ќе се најдат и невини лица, зашто се е подредено на главната цел. Финалето е исто филмско - бандитите се враќаат во автомобилот и бегаат во незнајна насока. Полицијата, како по обичај, доаѓа како потврда на народната "по свадба - тапани". Се разбира, илузорно е да се бара од полицијата да ги антиципира сите можни акции на криминалните банди во земјава. Но, боде очи официјалната изјава на полицијата според која една од жртвите, во случајов Незири Ридван, ја контролирал состојбата во Чаир и дека неговата криминална банда го имала главниот збор во тој дел од главниот град. Со други зборови, полицијата прави фројдовска грешка и признава дека таа ја нема контролата врз безбедносната состојба во делови на Скопје. Но, полицијата не застанува на тоа: "Според добиените сознанија, Незири Ридван од Скопје од порано и е познат на полицијата (за него покрај другото постоеја сомненија дека бил инволвиран во нападот и убиството на полицаец од Крива Паланка токму во комплексот "Чаирчанка" пред речиси две години)". И уште: "Минатото на Незири е поврзано и со криминална група, која меѓу другото во изминатиот период, особено по 2001 година го контролирала овој дел од градот и за која постојат сомневања дека е инволвирана во повеќето престрелки што се случија во близина на комплексот -Чаирчанка", се вели во соопштението на МВР. Овие признанија отвораат многу теми кои одат на адреса на полицијата, поточно, на нејзиното работење. Да се има некакво сознание дека едикојси е вмешан во напад и убиство на полицаец, а притоа ниту еднаш да не биде приведен, во најмала рака може да се толкува како обид за прикривање на важни факти за злосторство. Што да кажат граѓаните кои дознаваат дека не се апси некој што можеби убил полицаец, а истиот тој слободно се движи низ Скопје и на пладне пие чај во локалите? Ако полицијата имала сомненија дека Незири е инволвиран во убиство на полицаец тогаш требало барем еднаш да го приведе, а не да се сети на него дури кога ќе го идентификува неговото мртво тело, кога некој друг, од поинакви интереси, ќе ја заврши работата. Најмалку што може да направи МВР е да и одговори на јавноста зошто досега не го направило тоа што му е уставна должност. Се разбира, полесно е да се напише отколку тоа да се направи, особено затоа што полицијата уште "го мете дворот" на постконфликтна Македонија. Но, таа институција не може вечно да се вади на "врзаните раце", на некаква "охридска мера", на "лошите услови". На политичките организации да им ја оставиме обврската да го градат процесот на соживот по охридскиот договор, а таканаречените репресивни институции мора да работат со полн капацитет. Алтернативата е многу погрда: граѓаните ќе го земат законот во свои раце и сами ќе изрекуваат пресуди. Тоа, убедени сме, никој не го посакува.
Петта жртва од престрелката кај „Чаирчанка“
А1 / 10.07.2003
Луан Бајарами студент којпред неколку дена од Америка дошол во Скопје е петтата жртва на од вчерашната престрелка во „Чаирчанка“. Тој утрово почина во Градсаката болница од тепките повреди добиени во вооружиниот напад. Останатите четворица повредени се во стабилна состојаба и имаат полесни повреди, велат во болницата. Телата на Ридван Незири, Јетон Исмаили, Енвер Фазлија и Кумрије Клокоти вчера беа обдуцирани, а дел од нив денеска се погребани. Ридван Незири познатитот Хоџа од Слупчане бил мета на вчерашниот напад, потврдија и очевитци од сендвичарата „Фортуна“ и „Рино“. Остантите биле гости кои случајно се нашле таму. Убиството се случило кога петмина вооружени со автомати излегле од црвениот “форд“ и црниот „голф“, се приближиле и во неговото чело испукале неколку рафали. Останатите куршуми не ги поштедиле и оние кои биле во негова близина. Кај никој од убиените полицијата не пронашла оружје, дури ни кај Ридван Незери. Денеска освен трагите од куршуми на масата каде седел Незири се гледаа и искршените стакла на чајаџилницата „Хоти“. Излогот бил погоден со рачен фрлач од страна на маскираните пред да побегнат. Полицијата не знае каде се напаѓачите, а вчера околу пладне неколку жители на населбата Ченто забележале неколку вооружени лица облечени во црно кои со авомобил се движеле низ населбата. Оваа информација полицијата не ја потврди. Ридван Незири за време на кризта 2001 се претставуваше како командант Хоџа. Тој со качулка на главата им даваше изјави на странските новинари. По кризата според тврдењата на полицијата бил еден од босовите на скопското подземје. Бил близок пријател со Саит Рушити кој и избега на полицијата во обидот да го уапси во тетовско Раковец. Рушити е жртва на криминална пресметка која била добро испланирана.
Четворица мртви
Дневник / 10.07.2003
МАСАКР КАЈ ЈАЈАПАШИНАТА ЏАМИЈА ВО СКОПЈЕ Полицијата потврди дека меѓу убиените бил Ридван Незири, познат како командант Оџа и близок соработник на воениот водач на УЧК, Косовецот Даут Харадинај Четворица се убиени и најмалку петмина се повредени во вчерашниот масакр што го извршиле неколку маскирани лица, кои вооружени со автоматски пушки и бомби влетале во скопскиот трговски центар "Чаирчанка" и пукале кон луѓето во чајџилницата. Полицијата го потврди настанот, а во Градската болница информираа дека меѓу убиените било едно шестгодишно девојче и една 27 годишна девојка. Според информациите од МВР, жртва на тој напад бил и Ридван Незири, познат како командант Оџа, близок соработник на воениот водач на УЧК на Косово, Даут Харадинај. Незири беше командант на ОНА за време на воениот конфликт во земјава пред две години. Се уште не е утврден идентитетот на другите двајца. Четвртата жртва била пронајдена во двор во куќа во близина на Јајапашината џамија. Крвавиот инцидент се случил вчера околу пладне, кога црвен "форд" со кумановски регистарски таблички застанал на улицата Цветан Димов, пред трговскиот центар "Чаирчанка". Од "фордот" излегле неколку маскирани и вооружени лица, кои се упатиле кон чајџилниците "Фортуна" и "Рина". Според очевидци, напаѓачите прво фрлиле рачна бомба "кашикара" кон чајџилниците, а по експлозијата почнале рафално да пукаат од автоматски пушки. Се претпоставува дека цел на нападот биле Ридван Незири и неговите пријатели, кои во тој момент седеле во еден од локалите. По акцијата, маскираните лица влегле во истиот автомобил и побегнале. Половина час по масакрот полицијата пристигнала на местото на настанот и целосно го блокира сообраќајот на улицата Цветан Димов. - Се слушнаа истрели и одеднаш од сите страни дотрчаа луѓе. Траги од крв, скршено стакло и делови од облека на луѓе беа расфрлани во радиус од триесетина метри од местото на убиството. Не ги видов телата на убиените, но разбрав дека имало неколку застрелани лица. Видов едно мало дете што не беше повредено, меѓутоа беше во шок оти веројатно го видело убиството. Тоа врескаше од страв, а неколку постари луѓе се обидуваа да го смират - раскажа случаен минувач, очевидец на настанот. Од експлозијата на рачната бомба се оштетени неколку околни објекти. Криминални се мотивите за крвавата пресметка, тврди МВР. Убиениот Ридван Незири од порано и бил познат на полицијата како водач на криминална група што го контролира овој дел од градот. МВР го сомничело Незири дека бил инволвиран во нападот и убиството на полицаец од Крива Паланка, кое се случи во истиот трговски центар, пред околу две години. Стефан Талевски - Дејан Николовски
Во престрелка кај „Чаирчанка“ убиен Ридван Незири
А1 / 09.07.2003
Неколку вооружени лица околу пладне фрлиле бомба кашикара во чајаџилницата „Хоти“ во комплекост „Чаирчанка“. Откако бомбата се распрснала четворица со автомати пукале рафално, а Ридван Незири го застрелале во главата. Во престрелката е убиено уште едно лице чие тело полицијата го пронашла во дворот на блиската џамија. Една 27 годишна жена и еден маж биле донесени мртви во градската болница. Тие починале од повредите што ги добиле во престрелката. Од рафалите и кашикарата повредени се уште пет лица. По нападот четворицата маскирани напаѓачи избегале со „фордот“ кој има фалсификувани таблички, а уште двајца избегале со црн голф. Луѓето од „Чаирчанка“ не сакаа многу да зборуваат пред камерата, но потврдија дека слушнале рафали, а некои ги виделе напаѓачите. Едно е сигурно. Вооружените точно знаеле кого бараат. За Ризван Незири полицијата, вели дека е водач на скопскато подземје и го контролирал овој дел на градот. МВР потврди дека истиот пред две години го убил полицаецот во овој трговски центар. Се претпоставува дека напаѓачите биле дваесетина, добро организирани и вооружени. Пукањето било рафално и затоа се повредени гости од кафулињата. Само неколку часа по убиството мртвото тело на Ридван Незири беше пренесено во блиската џамија, во истиот момент на другата страна судските вештаци и криминалистите вршеа увид . Полицијата на неколку часа ја затвори улицата кај „Чаирчанка“. МВР апелира до граѓаните доколку видат црвен форд со кумановски таблички КУ-049 АН веднаш да го пријават во првата полициска станица.

ХАРИ БОЈ
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска НЕ СТРАВУВАЈТЕ. ПОЛИЦИЈАТА ЗНАЕ. МВР И понатаму е експедитивно, на местото на настанот и неверојатно информирано. Потврда за тоа е и последната престрелка во Чаирчанка, каде што се пресметувале криминални банди.
time.mk