Одличен текст за тобако мафијата во Македонија:
КРИМ-БИЗ 1
Најстариот и воедно оснивач на Македонската бизнис мафија е легендарниот Данчо Шутурков, со некогашната Македонија Табак.
Данчо е различен од сите мафиози после него, по тоа што тој не вршеше ништење на конкуренции, туку напротив ствараш сојузи, помагаше на познаници, правеше многу добри дела. Денес од дистанца се гледа дека многу малку оставил на сопственото семејство, за разлика од монструмите кои се испилија после него.
Данчо Шутурков е различен од сите после него, затоа што тој не уништи ниту еден директот околу него, или фирма, Данчо Шутурков е единствен кој ниту Македонија Табак ниту некоја друга ја има приватизирано за себе или член од семејството. Ова лично го знам, затоа што кога почнував со бизнис, во далечната 1995 година, за да ми помогне, купи два стана од по 160м2 од мене, со забелешка: Дете.., те видов да се моташ со цигари, зејтин и пченица че те потепам. Така беше, запамтив и не ме потепаа.
Единствениот грев на Данчо Шутурков е што го натовари комбинатот во Прилеп и Куманово со акцизи и даноци кои и не постоеја, да да фиктивни, акцизите за цигарите кои као во мк се испушиле, а у ствари со кршење на ембаргото завршија на Југословенските пазари, на фронтовите на крвавата граѓанска војна. Сите тие Милијарди долари во цигари, се пушеа фиктивно на македонскиот пазар, за да безбедно, во кеш со заработка од 200-300% се продадат меѓу нашите братски народи од некогашната Југославија.
Данчо Шутурков инаку во САД котираше највисоко, многу повисоко од Црвенковски, Киро и Георгиевски заедно од две причини.
Едната погоре ја навестив, цигарџиската причина, а таа е Филип Морис и познатото Малборо. Имено, Македонија Табак беше најголем клиент на Швајцарската фабрика за цигари на Малборо, се што беше Малборо на црно, без бандерола по бившо Југоловенските простои и пошироко : Чешка, Германија, Скандинавија, Бугарија и Италија одеше се преку Македонскиот пазар кој чуреше по еден контејнер малборо на граганин годишно. Сите тие црни пари завршуваа во разни џепови , но најголемиот дел беше на ЦИА, за сите црнила што се случија во Југословенската граѓанска војна.
Познатиот Петрит Аме како белградски агент на Станишиќ стана шпедитер искључиво за цигари, Аки стана транспортер за Чешка, Коста балкан порасна во екстра милијардер, но за разлика од сите Коста знаеше и умееше и единствен направи сериозна компанија за легална дистрибуција на цигари и акцизни производи.
Додека чичо Данчо ја играше и раководеше големата игранка со цигари и огромни црни фондови за ЦИА за Балканов, паралелно во помал обем почнаа да се отвараат фри шопови, каде се појавија повторно: Енвер Маличи, Коста Јанковски, Владимир Фрчковски, Јаре Другарми кого го заебаа преваранти и уште една дузина млади и спремни момци за чистење на цигарите од акцизи и други глупостри. Имено, фришоповите требаа за да се покријат сите цигари кои се продаваа во Мк и околниве држави, затоа што прошверцаните шлепери како кеш се внесуваа на сметка, тогаш во СОК, како дневен пазар од продажба на цигари. Тоа беше помалата игранка, во која се хранеа СДС, ЛП и поситните, шема од која Павле Трајанов и Богоевски видоа конкретен бенефит за себе (корупција).
Во тој период Албанците во помал дел и Србите во поголем дел ја работа дрогата, а цигарите беа државен бизнис со лиценца на ЦИА.
Втората ТУТНСКА причина заради која Данчо Шутурков беше многу важен за САД, беше неговото кумство со ВЕРХАЈМЕР, 5 во свет по откуп на тутун, кој ги снабдуваше сите светски компании со тутун, пеку неговата СОКОТАБ. Верхајмер во САД е еден од по влијателните бизнисмени, а неговата доминација и влијание беше огромно во Македонија.
Бев случајно сведок, кога во владата во канцаларијата на Лазе Китановски, улета младиот гуштер тогаш Јолевски, а лани министер за одбрана целиот задишан: Шефе, шефе, Верхајмер е дојден, мораме хитно од државниве резерви да му испорачаме 5-6.000 тони тутун, хитноооооо.
Нормално се се испорача а се надевам и плати. Најголемиот грев на Данчо Шутуркув беше токму во ТУТУНОТ, каде преку политиката на СДС, нашиве тутунопроизводители беа ограбувани до кожа со депримираната, подценета вредност на ТУТУНОТ, каде немаше и не смееше да има субвенции, неее никако. Од таквата бедна тутунска политика годишно се пљачкаше Македонскиот селанец од 68-78 милиони долари само во разликата во цена, а некогаш и повеќе.
Авторот на овој текст ги поседува и авио документацијата од ЕУРО КОНТРОЛ каде јасно и недвозмислено се гледа од број на лет, број на авион и товар, најчесто 4 контејнери Филип Морис цигари, како од Скопје летаат накај подгорица, кон Бобо комерц, кон ДУВЛИЧ ентерпрајз на Цане Суботич. Такви авиони има околу 60 или 240 контејнери, Скопје Подгорица. Кешот до последен цент завршуваше во Сент Гален, БЦ добро знае, многу добро знае.
ЕПИЛОГ на Данчо:
Лето 2000, БЦ и Георгиевски се договорија Данчо да го егзекутираат. БЦ како соучесник на данчо а тогаш опозиционер, му ја предаде документацијата на Герогиевски, а кретенов селски, со Пане Велев, Достич и Љубе будалата го малтретираа Данчо на 70 и кусур години. Данчо веќе беше болен, од Белград од болница со полиција го донесоа, во Александар Палас го извреѓаа неписмени и небитни, додека хиената Штерјо Наков трљаше раце приматот на Данчо дека ќе го дочепа.