НОВИНАР НА ВЕЧЕР ГО НАШОЛ АТЕНТАТОРОТ КОЈ СЕ БАРА ЗА УБИСТВОТО НА ТУШЕВСКИ ВО 2001
Во српско Каравуково на границата со Хрватска, новинарот на Вечер Огнен Чанчаревиќ го пронашол првоосомничениот за убиството на Марјан Тушевски, Предраг Чубрило Пеки. Во интервјутo говори за убиството на Тушевски, ликвiдацијата на Орце Коруновски, но и информации поврзани со конфликтот од 2001вата.
Чубрило тврди дека е наместен и не бил убиец на Тушевски, но потврдува дека полициjата знаела за секој детал. Ви пренесуваме дел од интервјуто.
Предраг Чубрило познат како “Пеки” е првоосомничениот во случајот со убиството на Маријан Тушевски и неговиот возач Киро Јанев – Бамбус во 2001 година. Екипа на Вечер успеа да го пронајде во неговото родно село и да стапи во контакт со него. Тој живее во Каравуково, на граница со Хрватска, со неговата сопруга и еден од четирите сина, каде има кафеана. Вели дека за прв пат во животот разговара со новинари и дава интервју бидејќи се чувствува навреден и сака да докаже дека е жртва на класична полициска конструкција, како неколку пати досега.
Македонското МВР тврди дека вие сте го ликвидирале Маријан Тушевски?
Ја сум чул за Маријан Тушевски, никогаш во животот не сум го видел, ниту пак сум се сретнал со него. Немам поим зошто ме товарат мене. Немав било какви причини да го ликвидирам. Ниту го знам ниту го познавам, зошто би го убил? Не велам дека не сум способен да го сторам тоа, но сакам да повторам дека нема зошто да кренам рака на него. Нормално ли е две недели по убиството кое наводно сум го извршил јас, да се појавам на граница и да влезам во Македонија? Три дена седев во Скопје што е повеќе од доволно за неговите пријатели да ме “отпишат”. Го чувам стариот пасош каде стои со печат потврдено ова што ви го говорам.
Тогаш, кој го убил Тушевски и зошто?
Она што јас го знам е дека Тушевски беше во одлични односи со Бошкоски и имаше заштита од него. Собираше пари кои му ги предаваше и имаше потполна слобода да ги тера своите криминални бизниси. Имаше пријатели во Србија и Бугарија, пониско рангирани членови на подземјето, но со добри конекции. Неговите бизниси го носеа во конфликт со неколку момци од околината кои станаа негови непријатели. Меѓу нив беше и мојот близок и долгогодишен пријател Орце Коруновски, кој ми се заколна дека нема ништо со неговата смрт. Од мое искуство ќе ви кажам дека тој е ликвидиран од професионалци, какви во тоа време имаше на претек на овие простори и за тоа им е платено. Убиството е порака и одмазда во исто време, поради тоа е јавно. Убеден сум и дека полицијата знаела бидејќи таков тип на човек секогаш е под присмотра.
Кои се другите тројца српски државјани?
Милан Илиќ беше со мене во 2001 година кога престојував во Македонија, а тој и Милорад Ковачевиќ заедно со мене преживеавме атентат две години подоцна во центарот на Скопје. За четвртиот Вук Вуковиќ, можам да ви кажам дека во тоа време беше во Скопје, работно, обезбедуваше еден мој близок пријател и сигурен сум дека не го ликвидирал Тушевски. Едноставно, дечкото не е таков тип. Најверојатно некому нешто треба да му се намести за да се израмнат сметките. Немале што, па нашите досиеја како и минатото им се поклопиле и се идеални за приказната, па така станавме ние осомничени. Не е прв пат ова да ми се случува, бидејќи и во Србија неколку пати бев на тапет благодарение на нашето МВР, а ми беа нудени и пари да сведочам против Војислав Шешељ во Хаг, што не би го сторил ни во лудило!
Која е позадината на, според вас, конструкцијата на македонската полиција?
Во овој случај јас сум класично жртвено јагне. Јас во Македонија прв пат влегов во 2001 година, ме повика Коруновски. Бев со моја екипа додека траеше воениот конфликт и земав активно учество. Имавме некои идеи кои му ги предложивме на Бошкоски преку посредници но не беа прифатени, а битно и брзо ќе го изменеа текот и траењето на настаните. Видете јас знам многу за се што се случуваше во тоа време, и повеќето од тие информации и ден-денес може да предизвикаат вистинска бура. На ова мора да се додаде дека според моите сознанија, вашата полиција е вмешана во обидот за мојата ликвидација во 2003 година и сега сакаат да ја исперат вината од себе а најлесно им е ако мене ме тргнат од играта. Како мислат да ми судат во Скопје кога нема екстрадиција?
Од каде вашата желба и интерес да дојдете во Македонија? Дали ви беше платено?
Јас се борев за православието. Пари не земав никогаш. Во деведесеттите години бев командант на една и под моја команда имав неколку момци од Македонија. Сите беа страшни момци, храбри и паметни. Најдобриот од нив, Трајановски од Куманово загина во ’92 година во Братунац и до ден-денес жалам за тоа. Тука е и дел од причината која смеам да ви ја кажам околу мотивот за мојот престој во Македонија.
Дали ќе се појавите во Македонија на судење?
Дали си нормален? Да им дадам можност да ја завршат работата. Па јас нема да го дочекам ниту читањето на обвинителниот акт. Доколку побараат од српската полиција да дадам изјава околу случајот ќе го сторам тоа и ќе барам полиграфско тестирање. А веќе ангажирав адвокат кој ќе покрене тужба против вашата држава за обидот за мојата ликвидација и за ова што ми се става на терет. Делото не застарува нели, исто како и ликвидацијата на Тушевски што јас сум ја направил, нели. Мислев да молчам, но пресудно беше кога мојот осумгодишен син прочита во весник за убиството на Тушевски и ме праша дали е вистина.
Целосното интервју на следниот линк –
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BF54288B22F17745A05788CE2A8BD153
Во српско Каравуково на границата со Хрватска, новинарот на Вечер Огнен Чанчаревиќ го пронашол првоосомничениот за убиството на Марјан Тушевски, Предраг Чубрило Пеки. Во интервјутo говори за убиството на Тушевски, ликвiдацијата на Орце Коруновски, но и информации поврзани со конфликтот од...
mkd-news.com