Горан Георгиевски Мујо и Христијан Илиевски.
Како од едната така и од другата страна војната била отскочна даска за криминалците, веќе еднаш пишував за едната страна, па ова нека биде 2 дел.
Во случајот на македонската страна, војната повеќе ги споила кримосите од повеќето градови отколку што создала нови, а се тоа благодарение на Единица Лавови, "ако грешам поправете ме", сум прашувал десетици луѓе од Арм и Мвр за вистините и невистините на единицата. Освен поголеми имиња на единицата и се приклучуваат диброволно и престапници од најразличен профил, локални имиња од секој град што не се нешто битни за именување, за "чудо" некои од нив по расформирањето на единицата останале во друг сектор на Мвр и продолжиле со валкани дејствија, а некои од поранешните лавови со матно минато и се уште се во Мвр.
Звучи досадно да повторувам иста работа безброј пати ама мора зошто на темата врие од осуди, ова го пишувам аполитично и непристрасно! Се шушкаше дека Љубе Бошковски тогашен Мин. За Внатрешни, ги создал Лавовите апсолутно однапред испланирано за да има процент од грабежите што ќе се извршуваат на терен по завземањето на селата од безбедносните сили (Од сигурни извори знам за луѓе од лавовите небитни за именување кои тргуваа со бела техника) Има логика шпекулацијата зошто Командантот на Лавовите, Горан Мујо бил член на истата партија која била на власт за време на војната, ова е нешто што неговиот кумашин Игор Југ после настаните од 27 април јавно со фб статус го изјави без да го спомне името на Мујо, но се гледа од неколку слики дека биле заедно во партиска служба уште пред војната. Една од партиските работите што ги вршеле е обезбедување на политичарите на митинзи во 2003 г. после расформирањето на единицата, и како што пишува на статусот на Југ, тепање на луѓе поради политичка природа. Меѓудругото познат е муабетот дека список со припадници на лавови е даден на Ахмети со влегување на неговата партија во Влада 2002 г. па 2003 г. година пукано е во заседа на автопат во кола во движење кон Сашо Брада и Мачето, и двајцата на битни позиции во единицата, за првиот не знам ништо, вториот го уапсија во голема акција во 2008 година, се шпекулираше дека во нив пукале "одбрани полицајци".
Членови на Лавовите: Горан Ѓорѓиевски Мујо, Марјан Марковски Мачето, Бруно Зографоски, Сашо Тасески Прчето, Никола Мојсоски Кољо, Диме Ицковски Поштарот, Горан Ангелов Ќосето, Христијан Илиевски. Ако некое поголемо име сум испуштил, слободно надополнете.
Коментар од фан страницата на Мујо: "Горан Мујо и Христијан Кико човекот кој од Тигрите премина во Лавовите во кумановскиот батаљон под команда на Мујо.Исто и Кико се наоѓа на меѓународна потерница и не може да види и да се потсети,но го поздравуваме и него.Кико го има тетовирано ликот на Горан Мујо.." Покасно, 2012 г. Христијан заедно со Раде Трајковски Штекли беа дел од светски скандал за местење утакмици во Италија.
Во средина Влатко Стефановски Рамче телохранител на тогашниот премиер Љ. Ѓорѓиевски, лево Сашо Лазаревски Брада заменик командант на единицата и десно во профил Марјан Марковски Мачето.