Еве ја најточната слика за тоа како стоеше криминалниот план на Сдсм за ова владеење, скоро па копија на она што го правеше Дпмне во свое време. Иначе текстот е од 06.10.2017 речиси неполн месец дена пред да биде убиен Јанушев на 04.11.2017, и со тоа да пропадне целата пресна империја на Раде Трајковски Штекли помогната од Вице Заев. Екипата од Ѓорче што е актуелна моментално, всушност е замена за Раде Штекли и Омерта поради тоа што неговата глупост со Филип Кобра и убиството на Јанушев беше фатална грешка која не се покрива така лесно, па највеќе што можеа е што им дозволија бегство и него и на Кобра. Напишаното во текстот, дека Јетон Кривањева Жила работел со Штекли е вистина, сега како што веќе пишавме истиот тој Жила преку Мемет Кодра набавува "бело" за Алмир Мелезановиќ Мире и Филип Спасевски Шеќер која се продава по локалите кои ги обезбедуваат нивните вратари а они всушност ги обезбедуваат поголемиот дел од клубовите/дискотеките во Скопје. Од друга страна пак нарко екипата на Дуи, Шеваљ Муареми и Орхан Бајрами Оки го држеле 80% од пазарот со дрога, односно скоро се останато (бидејќи им се даде да се ослободат од секоја конкуренција), а корелацијата помеѓу Оки, Шеваљ и Мире, Шеќер најверојатно е Бариз Личина, млад лик близок и со двете екипи.
"КОЈ НЕМА ДА ПЛАТИ РЕКЕТ, ДА СИ КУПИ ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ: Припадник на единицата „Алфа“ со анонимно сведоштво за мафијата на Заеви!
October 6, 2017
За само 100-тина дена јавноста беше сведок на десетина запалени возила, куќа на кандидат за градоначалник, истепани бизнисмени и видни граѓани, тужби и апсења без очигледна причина. Сето ова, според анонимното сведоштво на припадник на единицата „Алфа“ е поради рекетот кој го врши Вице Заев во Скопје, во обид да го превземе под контрола скопското подземје, преку агенцијата за обезбедување „Омерта Секјурити“
Анонимно сведоштво на припадник на полициската единица Алфи:
Како припадник на единицата Алфи изминативе неколку месеци низ градот сме сведоци како Вице Заев го превзема Скопското подземје и го става во својата бизнис мрежа. Имено во Скопје во изминатите месец дена се случија неколку случаи на рекетарство на видни локали и бизнисмени. Се рекетира се живо и диво, а секој оној кој што ќе одбие да плати рекет се соочува со палење на автомобилот.
Ова е модус операнди на криминалната банда под директна контрола на Вице Заев, која што после палењето на автомобилите на сопствениците им упатува порака дека треба да бидат среќни што поминале само со материјалната штета.
„Мафијата за Вршење на Рекет“ почнува на оштетените да им нуди услугите на агенција за обезбедување ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, и доколку нејзините услуги бидат одбиени тогаш настанува пеколот за сопственикиот на кафулето, фирмата или објектот. Оваа агенција засега воопшто не фигурира во регистерот на лиценцирани агенции за обезбедување во Македонија, иако се рекламра на интернет страната како самостојно правно лице кое дава услуги, туку се води како подружница на Агенцијата за обезбедување Гепард Секјурити од Струмица која во минатото беше санкционирана за затајување на данок преку прикажување на лажни сметководствени податоци.
На чело оваа агенција ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, Вице Заев ги поставил Раде Трајковски викан Штекли и Никола Ристовски викан Никола Лудо и двајцата познати делинквенти и дилери од Скопје и извршители на голем број кривични и прекршочни дела.
Овие двајца се во директна корелација со Филип Андов викан Сокол и Јетон Кривањева викан Жила кои се блиски до раководството на СДС и кои од Вице се задолжени да работат на спроведување на планот за целосна контрола на подземјето но и на ноќниот живот во Скопје. Филип Андов често е во Влада како посебен советник на Заев за Градот Скопје.
Токму Сокол ја гарантира целосната заштита на операциите преку Примислав Димовски нашиот командант на единицата Алфи. Затоа за поголем дел од притисоците ниту се видело ниту се чуло, а дел од нив ги нема ниту во службените белешки на МВР.
Како резултат на ваквото рекетарско однесување досега настрадаа возилата на сопствениците на сендвичарниците Вили, кафулето Река, фирмата Макомаркет. Оваа екипа го посети и кафулето Барбакан, кај што успеаа да го убедат сопственикот за користење на нивните услуги, па така куртули неговиот автомобил. Онаму кај што не им успеа, како во случајот со Дежа Ву и Станица 21 и неколку други, притисок се врши преку УЈП и инспекциските служби.
Веќе е јавна тајна во кругот на МВР дека сегашното раководство почнува да работи во заштита и заташкувања на дејствијата на новонастанатата Мафија за Вршење Рекет. Изминатово лето беа заташкани неколку посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во Градскиот Парк каде припадници на оваа насилничка екипа нанесоа тешки телесни повреди над млади недолжни лица. Министерството за внатрешни работи засега успешно го покрива не само насилничкото однесување, туку и трговијата со кокаин и наркотици на скопските улици, а сето тоа евро по евро ќе завршува во приватен џеб."
За само 100-тина дена јавноста беше сведок на десетина запалени возила, куќа на кандидат за градоначалник, истепани бизнисмени и видни граѓани, тужби и апсења без очигледна причина. Сето ова, според анонимното сведоштво на припадник на единицата „Алфа“ е поради рекетот кој го врши Вице Заев во Скопј
infomax.mk
Харун Хаџибулиќ со честитка до Филип Андов Сокол 10.08.2017
"..konečno edno golemo osvežuvanje vo Timot na Našiot Sakan Premier Zoran Zaev!!
FILIP ANDOV-SOKOL,eden od najžestokite Borci vo urivanjeto na bivšiot Fašistički Režim od včera e Sovetnik na Našiot Premier!!
Vistinski Čovek za kojšto nema nepoznanici vo našiot glaven grad,pokraj nego nema da može nitu eden kamufliran vmrovec da pomine i da se infiltrira vo nitu edna naša Državna Institucija!!
So Srekja Bratu Naš,golema Čest i Zadovolstvo što izborot za ovaa pozicija padna na Tebe!!"
Раде Трајковски Штекли и Никола Ристовски Лудо