Еве ја всушност целата приказна за Енко.
Решетањето на Хаџибулиќ е сторено од криминални мотиви
Дневник / 20.07.2002
полициски информации за пресметкаta во скопЈе Посочените охриѓани не се извршители на убиството на Хаџибулиќ, а случајот нема политички туку криминогени мотиви, велат во МВР Спиро Топаловски, кој беше посочен од семејството Хаџибулиќ дека стои зад убиството и ранувањето на двајца нивни членови, бил приведен од охридската полиција веднаш по убиството, но истрагата утврдила дека тој нема никаква вмешаност во случајот, велат во МВР. Државниот секретар во МВР, Венко Калачовски, смета дека случајот "Хаџибулиќ" нема политички туку само криминални мотиви, а семејството на убиениот се уште стои на тврдењето дека охриѓанецот Топаловски е виновен за убиството. Истрагата се уште нема осомничени. Како што веќе информиравме, Енис Хаџибулиќ-Енко (30) беше убиен, а неговиот братучед Алмедин Хаџибулиќ (18) беше тешко ранет со три куршуми, додека двајцата завчеравечер седеле на тераса во куќата на Енис, на улицата Благоја Паровиќ во Скопје. Нападот со автоматско оружје го извршиле засега непознати лица стрелајќи кон жртвите со автоматско оружје од автомобил во движење од марката "БМВ". Харун Хаџибулиќ, чичко на жртвите, го обвини Спиро Топаловски од Охрид, дека стои зад убиството и ранувањето на неговите внуци и оти тој бил ослободен од притвор по налог на државниот секретар Калачевски, по инцидентот во кафулето "Фејс", кога во расправија со девојка го ранил со пиштол Алмедин. Таткото на Топаловски, Димитрие, негира каква било поврзаност на неговиот син со завчерашниот напад во Скопје. Според неговите кажувања, Спиро дента кога се случило убиството бил во Охрид, што може да се потврди и со сведоци. Тој не сака неговиот син да го поврзуваат со убиството на Енис и вели дека не ги познава членовите на семејството Хаџибулиќ. - Некој ги манипулира чувствата на семејството Хаџибулиќ. И сака да ја поведе истрагата на погрешна насока. Уште вчера по онаа првична изјава кога се посочија можните сторители, охридската полиција ги приведе Топаловски и сите други што беа посочени како можни извршители. Истрагата утврди дека тие не го сториле тоа. Полицијата работи на случајот кој нема никакви политички мотиви освен криминогени - вели Калачовски. Семејството Хаџибулиќ по нападот порача дека ако полицијата не ги уапси напаѓачите, самото ќе ја преземе правдата во свои раце. Лекарите во Градската болница велат дека Алмедин Хаџибулиќ е во критична состојба. Тој е приклучен на апарати и се бори за животот. (И.Л.)