И по само 25 дена одкако го претепа татко ми (речиси до смрт), Спиро Чорогунов повторно почнал да се шета во нашиот кварт како нормален граѓанин кој не сторил никакво кривично дело. Без тронка каење или срам се појавува повторно пред нашите очи на неколку метри од местото каде го сторил делото. Можеби мисли дека се поздаборави. Кога ќе помислам како го удира, срцето ми се кине а сега кога помислувам дека ќе го сретнам мислам дека и ќе ми застане. Ова е татко ми 2-3 минути по ударите (на другата фотографија е напаѓачот). Татко ми на оваа фотографија се уште не отечен, но фрактурата на горниот дел од носот е видлива. На лекарското уверение официјално утврдени се 5 фрактури. Една за малку ќе беше смртоносна. Инспекторот кој го води настанов е многу коректен и вети дека до крајот на оваа недела ќе биде се завршено од негова страна. Татко ми нема да биде работоспособен 6 до 8 месеци. Ве молам споделете му го суратот. Мора сите да дознаат дека вакви "шерифи" шетаат низ град. И дека само поради финансиската моќ си дозволуваат да одземаат нечие здравје (мислејќи дека нема да одговараат за тоа). Да не му се случи на друг!! Ова никогаш да не се повтори!!
Прегледај го приврзокот 210649 Прегледај го приврзокот 210650
(Статус на Стефан Петровски)