Питувањето е троа погрешно, оти ако мериш со световно-човечки мерила, ќе го добиеш апсурдот на постоењето на антички Египет ѓоамити пред Постанокот, а ако мериш по Светото Писмо, сите нешта си го наоѓаат своето точно и вистинско место.
Пред некој ден напишав дека за Црквата, прифатливи се дел од научните вистини. Така на пример, и Црквата, преку Светото Писмо и световната историја, поткрепена од археологијата, се согласни дека првата човекова цивилизација е асиро-вавилонската, со сите нејзини периоди, народи и владетели. Патем, Едемската градина била лоцирана во Меѓуречјето, во денеш Ирак па следствено, првата цивилизација се јави токму на таа „географија„.