Креационизам наспроти еволуционизам

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сите факти кои досега црквата ги приложила се застарени и се базираат на знаењето на луѓето во времето кога се пишувани. Па така, мислењето на црквата е се освен релевантно денес.
Мислењето до Црквата е и тоа како битно за самата Црква. Тоа што луѓето, кои се надвор од Црквата, не ги есапат ставовите од Црквата, тоа за самата Црква е апсолутно небитно.

Патем кажано, во Црквата се‘уште делуваат апологетите, кои следат што „ново„ се случува низ Светот и реагираат кон тие новости, согласно црковното учење.
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 15:16 ---
Еден начин е теоријата на пунктуален еквилибриум. Доколку мала група се оддели од стадото и наиде на голема разлика од претходните животни услови, кај истата доаѓа до брза еволуција.
http://en.wikipedia.org/wiki/Punctuated_equilibrium
Еве малку евиденција на оваа тема:
http://news.harvard.edu/gazette/1997/01.09/SnailsCaughtinA.html
.
Ако еволуцијата корсити изрази од типот „пунктураел еквилибруим„; сметаш дека со таквија изрази се‘ е докажливо?

А што мислиш за овој израз: диносаурусот несе јајце, а од јајцето излетува птица! Дали овој настан е „доказ„ за т.н. скоковита еволуција? :sneaky:
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 15:17 ---
Изглеа појма немаш што те прашувам.
.
Го поправив одговорот.
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 15:19 ---
Непотребни мускули во ушите, остатоци од времето кога нашите претци ги "начулувале" ушите за да чујат подобро.
http://en.wikipedia.org/wiki/Subclavius_muscle Овој мускул е потребен доколку одиме на сите четири, како нашите претци.
Влакна на прстите, во носот, на половите органи. Денес немаат никаква примена, сепак постојат.
http://en.wikipedia.org/wiki/Coccyx повторно никаква примена, остаток при формирање на фетусот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Noncoding_DNA
http://scienceblogs.com/grrlscientist/2010/06/22/the-laryngeal-nerve-of-the-gir/ Овој нерв кај сите цицачи минува пат од мозокот до срцето па назад до гркланот. Нелогичен пат кој би можел да биде минат директно. Сепак, кај нашите водни претци патот мозок-срце-грклан навистина бил најкраток.

И уште многу, многу други остатоци.
Да, има многу...Верувам.

Исто како што верувам дека медицината е далеку од поседување комплетна слика за човековата природа па сето она кое денес се толкува еволционистички, како „остаток„ од некои наши предци, со тек од време, ќе си ја најде својата улога кај човекот.

Ама мене се‘уште ме мучи прашањето кое Ти го поставив: зашто уште постојат еднокелиски оргнаизми? Зашто истите тие, не се еволутивно надминати и заменети со посложени? Зашто паралелно постојат и едноставни и сложени битија а не само сложени, како последни преставници од своите еволуирани видови?

Ќе ми одговориш?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
А што мислиш за овој израз: диносаурусот несе јајце, а од јајцето излетува птица! Дали овој настан е „доказ„ за т.н. скоковита еволуција? :sneaky:
Кај си го чул ова? Ова не е еволуција. Треба многу, незамисливо многу генерации, незамисливо многу мутации и генетски рекомбинации. Не постои нешто као... the missing link. Тој термин го измислија истите луѓе што прашуваат зошто денес мајмуните не стануваат луѓе.

Ќе ми одговориш?[/quote]

Затоа што еволуцијата се случува по потреба.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кај си го чул ова? Ова не е еволуција. Треба многу, незамисливо многу генерации, незамисливо многу мутации и генетски рекомбинации. Не постои нешто као... the missing link. Тој термин го измислија истите луѓе што прашуваат зошто денес мајмуните не стануваат луѓе.
.
Не сум го чул, туку го имам прочитано, како мајтап, од извесен критичар на ТЕ, кој на тој начин го изразил својот сомнеж за можноста од еволуирање на еден вид во друг, а во непостоење на т.н. преодни форми, на кои се темели ТЕ а кои (преодни форми) никој не ги забележал...Така, што друго може да се случи, освен т.н. еволутивен скок од едно во друго битие, кога веќе недостасуваат преодните форми?

А одамна ми е јасно дека на еволуцијата и‘ се потребни квантитативно огромни нешта, на пример, огромни временски интервали (што подолги-дотолку подобро за самата еволуција, нели...), огромен број генерации за да може да се увиди еволутивната разлика меѓу нив и т.н.

Кога учев биологија/анатомија, во мое „осмо„, еден ученик ја праша наставничката: зашто денешните мајмуни не преоѓаат во луѓе? Наставничката, нормално, даде „мудар„ одговор: затоа што денешните мајмуни немале услови (!!!) за да станат луѓе!....:icon_lol:
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 15:42 ---
Затоа што еволуцијата се случува по потреба.
А чија е таа потреба? Кој ја одредува потребата? Каква е таа потреба и од кај се јавува? А што ако таа потреба рече дека нема потреба од еволуција: дали тогаш еволуцијата запира?...

И тн...

Гледаш и самиот какви прашања генерира одредено учење, кое сака да прерасне од теорија во наука?...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мене ме "мачи" шо ќе праиме ако се покаже дека еволуцијата е нечив промашен проект:cautious:

И откај знаеме дека токму еволуцијата не е дел од Божјиот план:D
Како би се докажало тоа?
Затоа што еволуцијата се случува по потреба.
Таа потреба поради која се случува еволуцијата , е дел од божјиот план:pipi:
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Таа потреба поради која се случува еволуцијата , е дел од божјиот план:pipi:
Ондак Бог е тапа планер.
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 16:27 ---
Не сум го чул, туку го имам прочитано, како мајтап, од извесен критичар на ТЕ, кој на тој начин го изразил својот сомнеж за можноста од еволуирање на еден вид во друг, а во непостоење на т.н. преодни форми, на кои се темели ТЕ а кои (преодни форми) никој не ги забележал...Така, што друго може да се случи, освен т.н. еволутивен скок од едно во друго битие, кога веќе недостасуваат преодните форми?

А одамна ми е јасно дека на еволуцијата и‘ се потребни квантитативно огромни нешта, на пример, огромни временски интервали (што подолги-дотолку подобро за самата еволуција, нели...), огромен број генерации за да може да се увиди еволутивната разлика меѓу нив и т.н.

Кога учев биологија/анатомија, во мое „осмо„, еден ученик ја праша наставничката: зашто денешните мајмуни не преоѓаат во луѓе? Наставничката, нормално, даде „мудар„ одговор: затоа што денешните мајмуни немале услови (!!!) за да станат луѓе!....:icon_lol:
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 15:42 ---

А чија е таа потреба? Кој ја одредува потребата? Каква е таа потреба и од кај се јавува? А што ако таа потреба рече дека нема потреба од еволуција: дали тогаш еволуцијата запира?...

И тн...

Гледаш и самиот какви прашања генерира одредено учење, кое сака да прерасне од теорија во наука?...
Затоа што нема потреба да станат луѓе...
Потреба да се адаптираат на условите.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа што нема потреба да станат луѓе...
Потреба да се адаптираат на условите.
Бидејќи Светов го гледаме како набљудувачи, како субјекти, како да знам дали има или нема потреба од претворба на мајмуните во луѓе?

Кој вели и кој одредува дека мајмуните треба или не треба да се прилагодат на условите?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Бидејќи Светов го гледаме како набљудувачи, како субјекти, како да знам дали има или нема потреба од претворба на мајмуните во луѓе?

Кој вели и кој одредува дека мајмуните треба или не треба да се прилагодат на условите?
Постои евиденција дека мајмуните денес како и нашите претци полезуваат од прости рачни алатки. Постои евиденција дека формираат примитивни заедници како племиња и договараат напади на други племиња.
Не капираш. Тоа што не го капираш е дека мајмуните нема да станат луѓе. Еволутивно ќе настане нов вид, различен од луѓето поради разликата во условите од тогаш и сега.

Мајмуните го велат тоа. Или барем нивниот организам, in order to survive.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мајмуните го велат тоа. .
Алал да им е на мајмуните: сега стана битно што рекле и мајмуните а не само што рекол Докинс...

Мајмунска работа, мислим...
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
А што мислиш за овој израз: диносаурусот несе јајце, а од јајцето излетува птица! Дали овој настан е „доказ„ за т.н. скоковита еволуција? :sneaky:
Тоа се разбира не може да се случи. За да постои еволуција доволни се три услови.

1. Двајца родители од ист вид да имаат потомство .
2. Потомството ќе биде слично со родителите, односно ќе биде од истиот вид како и родителите.
3. Потомството нема да биде исто со родителите, нема да биде клон или близнак на ниеден родител.

Од ова се исклучени хибридите кога родителите се од различен вид (коњ, магаре, маска). Но, поради тоа што хибридите се често стерилни, тие не влегуваат во еволуцијата.

Кој од горните три услови не е исполнет?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа се разбира не може да се случи.
Па секако дена не може и нема да се случи...Летот на птицата од диносаурусовото јајце е мајтап.
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 11:12 ---
За да постои еволуција доволни се три услови.

1. Двајца родители од ист вид да имаат потомство .
2. Потомството ќе биде слично со родителите, односно ќе биде од истиот вид како и родителите.
3. Потомството нема да биде исто со родителите, нема да биде клон или близнак на ниеден родител.

Од ова се исклучени хибридите кога родителите се од различен вид (коњ, магаре, маска). Но, поради тоа што хибридите се често стерилни, тие не влегуваат во еволуцијата.

Кој од горните три услови не е исполнет?
Велиш, за да постои еволуција, биле потребни наведениве услови? И сега, што е еволутивно во наведениве услови? :confused:

Па нормално и природно е, ако потомството настане од родители од ист род, што е тука ново?
Исто така, нормално и природно е ако потомството личи на своите родители, но тоа потомство и фенотипски и генотипски ги запазува квалитетите од своите родители и потомството не внесува ништо ново во својот род!

Хибридите ги исклучувам од разгледување, оти тие се исклучок, не и правило.

Кај ја глеаш овде еволуцијата?
 
Тоа е еволуција.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тоа се разбира не може да се случи. За да постои еволуција доволни се три услови.

1. Двајца родители од ист вид да имаат потомство .
2. Потомството ќе биде слично со родителите, односно ќе биде од истиот вид како и родителите.
3. Потомството нема да биде исто со родителите, нема да биде клон или близнак на ниеден родител.

Од ова се исклучени хибридите кога родителите се од различен вид (коњ, магаре, маска). Но, поради тоа што хибридите се често стерилни, тие не влегуваат во еволуцијата.

Кој од горните три услови не е исполнет?
Како од точка 2 и точка 3 според тебе се раздвоиле човекот и мајмунот во посебни видови?

Според точка 2 нашиот заеднички предок секогаш при парење дава единка од истиот вид.

Според точка 3 новата единка не е клон на родителите, ама е од ист вид.

Како според тебе се случило да се поремети точка 2 во еден момент, и да се најдат еден куп единки кои не може да се парат со тие од кои потекнуватт, а можат меѓу себе.

Чисто еве попластично на конкретниов пример како би го доловил тоа ти, за да ги оправдаш така напишаните точки 2 и 3?

Или ќе се корегираат тие две точки?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е еволуција.
Чек, полека, ова е некоја Твоја тазе дефиниција за еволуцијата? Па нели до пред 10 мин. под еволуција се подразбираа неколку паралелни процеси, како: прилагодување кон средината, прежививање на посилниот, мутации, и сл.?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom