Во ред, го „симнав„ материјалот и ќе го пролистам.
--- надополнето: Jun 23, 2011 3:36 PM ---
Ај, да не се мачиш: првите луѓе користеле исклучиво растителна храна, но истите тие луѓе ги имале истите физиолошки потреби како и нашите. Светиите велат дека првиот пар луѓе, навистина вршел физиолошки потреби, но не на начин на кој на сите ни е познат (настрана „последиците„...), туку „....онака како што Бог благоволил...„. Така, битисувајќи во совршена Едемска атмосфера, која не познавала распад, така треба да ја прифатиме и „физиологијата„ од првите луѓе, без притоа да користиме било какви (погрешни) споредби со нешата од нашиов распадлив Свет.
За споредба, Светиите велат дека, на пример, падот на еден овошен плод на Едемската земја, не значел и гниење на истиот (со сите придружни последици..), туку значел претворање на плодот во пријатен мирис...