Ова е тема Креационизам vs Еволуција. Претпоставувам, по сарказмот во постот, дека си на страната на првите.
ЗАТОА, едно прашање до тебе:
Што дрога праел Јахве, кога го КРЕИРАЛ platypus-ot?
Зошто животинчево постои само во Австралија и Тасманија? Зошто кога лови не ги користи ниту очите, ниту ушите ниту носот.
Зошто Јахве му ги направил овие три КОГА НЕ ГИ КОРИСТИ?!?
Каков е тој НЕИНТЕЛИГЕНТЕН дизајн?!?
И за крај, друже саркастичен, една сликичка и за тебе, пошто некако на „твоиве“ на темава не им се виѓава, па може ТИ ќе ја видиш:
Ова е КИТ. Тоа што е заокружено десно е ПЕРКА. Во перката има ПРСТИ.
Што к*р бараат ПРСТИ у ПЕРКА?
Што бара ЦИЦАЧ во ВОДА?
Што бара онаа заокружена коска ЛЕВО?
Почитуван “најпаметен“ на свет обиди се да се спуштиш на земја и да дискутираш ко човек, без навреди и етикетирања.
Темата е креационизам VS еволуционизам а јас со мојот “сарказам“ можеби не припаѓам ни на едните ни на другите него на “третите“. На кои припаѓам тебе ич нека не стега опинокот. ОК.
Постојат многу чудни форми на живот на планетава и мене како најчуден ми е посочениот, по нашки Клунар.
Еволуцијата како процес ги објаснува наследните физички промени кои настануваат со текот на генерации и генаерации за што подобро адаптирање на одреден вид кон условите на живот. Многу е логично зошто артичките мечки се бели, зошто ајкулите одозгора се сиви а одоздола бели. Многу е логично зошто една иста врста на мајмуни од едната страна на реката се вегетаријанци а од другата страна се месојадци. Јас апсолутно немам никаков проблем со прифаќање на тој дел од еволуцијата односно АДАПТАЦИЈАТА на ВИДОВИТЕ. Еволуцијата има проблем со докажување на ПРЕОДОТ од еден во друг вид. Погоре посочениот вид на животно треба да претставува ПРЕОДЕН вид од влекачи во ЦИЦАЧИ. Има карактеристики и на едните и на другите а наликува богами и на третите (птиците). Животново има претци стари 110 милиони години а од тогаш до денес се разликува САМО со губење на заби кои што ги имало демек тогаш и се разликува и по големина. За цели 110 милиони години животново не успеало да го “дозаврши“ еволутивниот процес и да прејде целосно во цицачи. За тие 110 милони години условите за живот на планетава се промениле милон пати и ова животно како и сите други кои опстанале до ден денес само прилагодило на околина не ПРЕМИНАЛО во друг вид. Со мутација како што милувата да кажаете дека се настанати некои видови на животни мене логички не ми држи бидејки така евентуално би настанале да речеме НИНЏА ЖЕЛКИ или некој СПАЈДЕРМЕН. Кои што никако не би можеле да опстанат на подолг рок па од нив да се изведат и успешни потомци. Верувам дека имало такви “грешки“ на природата (животот) но тоа биле инциденти како што се јавуваат разно разни деформитети кај сите живи суштества и ден денес.Еден фосил не е доказ за постоење на некој вид. Да не навлегуваме со детали околу појавата на мутации настанати од радијација и слично.
Клунарот е исклочителен пример на вид на животно, кое што на мене ми наликува како да природата во еден момент го “глумела“ др. Моро и од два три вида на различни животни “склопила“ едно.
Јас не викам дека дешните живи суштества се вакви како денес од век и веков. Способноста за адаптација на животот никој не ја оспорува. Постојат цицачи во вода, постојат цицачи во воздух односно што летаат, постојат птици што не летаат и се и на копно и во вода итн. итн. Животот ги исполнил сите животни средини со најразлични видови ништо спорно тука.
ЕДНОСТАВОСТА со која еволуцијата го објаснува “ПРЕОДОТ“ од еден вид во друг мене ми шкрипи во логиката.
Ако треба да верувам како некои јужно американски племиња околу амазон, дека делфините се всушност луѓе кои се “вратиле“ да живеат во вода и до ден денес повремено излегуваат во стариот облик на копно и заведуваат млади моми, ОК ќе верувам ама дај ми здраворазумен доказ предходно.
Ајкулите со својата совршеност како вид со истиот облик се веќе стотици милони години. Најдобро адаптирано животно во секој поглед. Белата ајкула изгледа исто како од времето на диносаорусите едино може малку се разликува во големината. Порано можеби растеле поголеми.
Ние луѓето како еден од најнесовршените облици на живот, постоиме некои бедни стотина иљади години, сме со постојана адаптација и промена на изгледот, векот на живеење итн. итн.
Како тоа природата “згрешила“ и ни дозволила да се развиеме во свесни зоополитикус суштества неможам да објаснам. Еволуцијата пак уште помалку ми нуди одговори. Прамајмун па хомоеректус па хомосапиенс дрн дрн јариња. Јок нема логика.
Тој што “згрешил“ јахве природата или како сакаш кажи си го, ако не се оправиме и малку подобриме мислам дека многу брзо ќе си ја исправи грешката и ќе не снема од планетава. Ние сме ти како да кажам... како... турбо фолк. Предходно си има хармонија и мелодија во природата, класиката “владее“ милони години и ние инстант се појавуваме пред некои мочани 100-на иљади години и го окупираме пазарот. Кога ќе го пренадуваме балонот кога ќе станеме неподносливи за природата мислам дека едноставно ќе не збрише. Идејата дека сме совршени и дека ние сме врвот односно ти и таквите како тебе што мислат дека се БОГОВИ е погубна за човештвото.
Кога ќе ја прифатиш несовршеноста на човекот и кога ќе прифатиш дека неможеш се да си објасниш односно дека има нешто што е нематеријално и немерливо ни со сетилата ни со инструменти ќе можеш да се наречеш ЧОВЕК. (знам дека ништо незнам) До тогаш слободно живеј си во заблуда дека си БОГ.
Совршеноста е во несовршеноста а хаосот е врвот во редот и поредокот.