- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Наспроти твоите сликички кои секој може субјективно да ги разбира како што сака, прочитај што вели науката:Биологијата не прави разлика помеѓу животни и човек.
Само религијата прави. Те лаже дека си посебен и дека целиот овој универзум е создаден само за тебе. Идиотски.
Еве ти пак, мала илустрација за ФАНТАСТИЧНАТА ЕГОИСТИЧНОСТ ШТО ЈА ПРОДАВА ХРИСТИЈАНСТВОТО:
Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на други планети. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се потсетиме колкави уникатни и строги услови треба да исполнува една планета, за да поддржува и одржува материјален живот (тука се оградуваме од духовните и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на друга планета.
Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселенатаима само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.
Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган, пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна, таа ѕвезда не би смеела да биде ни со премногу мала маса, што во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.
Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на планети Џорџ Ведерил (George Wetherill) од Институтот Карнеги во Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати почесто погодувана од комети и кометски материјал.
Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата. А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат, водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).
Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно, разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи. Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од неколку илјади километри на час!
Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните, а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.
Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите би биле премногу високи за живот.
Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.
Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.
Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата еидеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.
Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана. Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е најодговорна за еfектот на стаклена градина кој е од суштинско значење за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници за да истата може да подржува живот. Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70 Целзиусови степени, би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило. Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите островии полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок. А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата. Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.
Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена градина; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.
Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна. Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон синиот спектар.
Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината орбита игра голема улога во климатските промени на Земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друг природен сателит во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на Земјата.
Водата... без боја, без мирис и вкус, а сепак ниту едно живо суштество не може да преживее без неа. Растенијата, животните и човечките суштества се состојат пред сè од вода (две третини од човечкото тело е вода). Сега ќе видиме зошто карактеристиките на водата се толку уникатно подобни за одржување на животот:
Има невообичаено висока точка на вриење и замрзнување. Водата ни овозможува да живееме во средина со флуктуирачки температурни промени, одржувајќи ја температурата на нашите тела на постојани 37 степени.
Водата е универзален растворувач. Оваа карактеристика на водата значи дека илјадници хемикалии, минерали и хранливи материи можат да бидат пренесени низ нашите тела до најмалите крвни садови.
Исто така, водата е хемиски неактивна (инертна) супстанца и не се врзува со другите материи. Без да влијае на содржината на материите што ги пренесува, водата овозможува храната, минералите и лековите да бидат апсорбирани и искористени од нашите тела.
Водата има уште една уникатна карактеристика на спроводливост, која и овозможува да се движи нагоре во стеблата на растенијата и највисоките дрвја, наспроти гравитационата тежа.
Водата замрзнува од порвшината па надолу и така замрзнатиот дел плута над водата, за рибите да можат да ја преживеат зимата.
Деведесет и седум проценти од сета вода на земјата се наоѓа во океаните. На нашата земја има еден посебно дизајниран систем кој ја отстранува солта од водата која потоа се дистрибуира по светот. Водата испарува од океаните, оставајќи ја притоа солта, формира облаци кои ветрот лесно ги движи над копното и се истура во вид на дожд, обезбедувајќи свежа вода за сиот жив свет. Тоа е систем на прочистување и снабдување кој го одржува животот на оваа планета; тоа е систем на рециклирање на водата.
Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени, ќе ги споменеме уште:
- проѕирноста на атмосферата
- атмосферскоит притисок
- минерализација на почвата
- сеизмичките активности
- температурниот градиент на атмосферата
- соодносот меѓу океаните и континентите
- локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
-густината на планетата,
и многу други параметри.
Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена, строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме колкава е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме субјективни ако кажеме дека таа веројатност е екстремно мала, се разбира доколку некој Интелигентен Дизајнер не ги умешал своите присти некаде.
Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?