Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Биологијата не прави разлика помеѓу животни и човек.

Само религијата прави. Те лаже дека си посебен и дека целиот овој универзум е создаден само за тебе. Идиотски.

Еве ти пак, мала илустрација за ФАНТАСТИЧНАТА ЕГОИСТИЧНОСТ ШТО ЈА ПРОДАВА ХРИСТИЈАНСТВОТО:
Наспроти твоите сликички кои секој може субјективно да ги разбира како што сака, прочитај што вели науката:

Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на други планети. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се потсетиме колкави уникатни и строги услови треба да исполнува една планета, за да поддржува и одржува материјален живот (тука се оградуваме од духовните и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на друга планета.

Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселенатаима само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган, пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна, таа ѕвезда не би смеела да биде ни со премногу мала маса, што во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.

Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на планети Џорџ Ведерил (George Wetherill) од Институтот Карнеги во Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати почесто погодувана од комети и кометски материјал.

Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата. А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат, водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).

Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно, разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи. Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од неколку илјади километри на час!

Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните, а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.

Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите би биле премногу високи за живот.

Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.

Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.

Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата еидеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана. Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е најодговорна за еfектот на стаклена градина кој е од суштинско значење за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници за да истата може да подржува живот. Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70 Целзиусови степени, би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило. Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите островии полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок. А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата. Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена градина; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна. Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон синиот спектар.

Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината орбита игра голема улога во климатските промени на Земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друг природен сателит во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на Земјата.

Водата... без боја, без мирис и вкус, а сепак ниту едно живо суштество не може да преживее без неа. Растенијата, животните и човечките суштества се состојат пред сè од вода (две третини од човечкото тело е вода). Сега ќе видиме зошто карактеристиките на водата се толку уникатно подобни за одржување на животот:
Има невообичаено висока точка на вриење и замрзнување. Водата ни овозможува да живееме во средина со флуктуирачки температурни промени, одржувајќи ја температурата на нашите тела на постојани 37 степени.
Водата е универзален растворувач. Оваа карактеристика на водата значи дека илјадници хемикалии, минерали и хранливи материи можат да бидат пренесени низ нашите тела до најмалите крвни садови.
Исто така, водата е хемиски неактивна (инертна) супстанца и не се врзува со другите материи. Без да влијае на содржината на материите што ги пренесува, водата овозможува храната, минералите и лековите да бидат апсорбирани и искористени од нашите тела.
Водата има уште една уникатна карактеристика на спроводливост, која и овозможува да се движи нагоре во стеблата на растенијата и највисоките дрвја, наспроти гравитационата тежа.
Водата замрзнува од порвшината па надолу и така замрзнатиот дел плута над водата, за рибите да можат да ја преживеат зимата.
Деведесет и седум проценти од сета вода на земјата се наоѓа во океаните. На нашата земја има еден посебно дизајниран систем кој ја отстранува солта од водата која потоа се дистрибуира по светот. Водата испарува од океаните, оставајќи ја притоа солта, формира облаци кои ветрот лесно ги движи над копното и се истура во вид на дожд, обезбедувајќи свежа вода за сиот жив свет. Тоа е систем на прочистување и снабдување кој го одржува животот на оваа планета; тоа е систем на рециклирање на водата.

Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени, ќе ги споменеме уште:

- проѕирноста на атмосферата
- атмосферскоит притисок
- минерализација на почвата
- сеизмичките активности
- температурниот градиент на атмосферата
- соодносот меѓу океаните и континентите
- локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
-густината на планетата,
и многу други параметри.

Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена, строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме колкава е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме субјективни ако кажеме дека таа веројатност е екстремно мала, се разбира доколку некој Интелигентен Дизајнер не ги умешал своите присти некаде.

Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Потребна е погодна галаксија
Потребна е посебна ѕвезда (сонце)

Потребни се погодни планети-придружнички

Погодна Месечина
Погодна ротација на планетата

Гравитацијата на Земјата

Растојанието на Земјата од Сонцето

Магнетното поле на Земјата
Дебелината на кората на Земјата
Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата еидеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

Озонската обвивка

Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена градина; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето
Наклонетоста на Земјината оска

Водата... без боја, без мирис и вкус, а сепак ниту едно живо суштество не може да преживее без неа. Растенијата, животните и човечките суштества се состојат пред сè од вода (две третини од човечкото тело е вода). Сега ќе видиме зошто карактеристиките на водата се толку уникатно подобни за одржување на животот:
Има невообичаено висока точка на вриење и замрзнување. Водата ни овозможува да живееме во средина со флуктуирачки температурни промени, одржувајќи ја температурата на нашите тела на постојани 37 степени.
Водата е универзален растворувач. Оваа карактеристика на водата значи дека илјадници хемикалии, минерали и хранливи материи можат да бидат пренесени низ нашите тела до најмалите крвни садови.
Исто така, водата е хемиски неактивна (инертна) супстанца и не се врзува со другите материи. Без да влијае на содржината на материите што ги пренесува, водата овозможува храната, минералите и лековите да бидат апсорбирани и искористени од нашите тела.
Водата има уште една уникатна карактеристика на спроводливост, која и овозможува да се движи нагоре во стеблата на растенијата и највисоките дрвја, наспроти гравитационата тежа.
Водата замрзнува од порвшината па надолу и така замрзнатиот дел плута над водата, за рибите да можат да ја преживеат зимата.
Деведесет и седум проценти од сета вода на земјата се наоѓа во океаните. На нашата земја има еден посебно дизајниран систем кој ја отстранува солта од водата која потоа се дистрибуира по светот. Водата испарува од океаните, оставајќи ја притоа солта, формира облаци кои ветрот лесно ги движи над копното и се истура во вид на дожд, обезбедувајќи свежа вода за сиот жив свет. Тоа е систем на прочистување и снабдување кој го одржува животот на оваа планета; тоа е систем на рециклирање на водата.

Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени, ќе ги споменеме уште:

- проѕирноста на атмосферата
- атмосферскоит притисок
- минерализација на почвата
- сеизмичките активности
- температурниот градиент на атмосферата
- соодносот меѓу океаните и континентите
- локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
-густината на планетата,
и многу други параметри.

Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена, строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме колкава е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме субјективни ако кажеме дека таа веројатност е екстремно мала, се разбира доколку некој Интелигентен Дизајнер не ги умешал своите присти некаде.

Тие услови се потребни за животот кој се појавил и адаптирал на оваа планета, но науката никогаш не тврдела дека само и единствено овие услови се можни за појава на живот на некоја друга планета! Токму одкритието во Калифорнија минатата година на бактерија чија днк наместо јаглерод и фосвор содржи арсен кој е силен отров, докажува дека животот може да се појави и адаптира било каде и во речиси било кој услови. Истиот случај е и со екстремофилите кој се адаптираат на најсуровите места од планетава како што се вулкански отвори, нуклеарни реактори и слично, докажувајќи дека животот се прилагодува секаде!
На научниците одамна им е познато дека јаглеродот не е единствениот елемент кој е погоден за градење на органски молекули, исти резултати можат да се постигнат и со силициумот.
Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
Нашата планета и галаксија не се ништо посебни од останатите, животот се појавил и се адаптирал на условите кој владеат на оваа планета, но науката никогаш не тврдела дека не е можно условите на останатите места во универзумот да бидат идеални за некоја форма на живот која би се појавила таму.
На пример на планети кој се премногу оддалечени од матичната ѕвезда, азотот може да биде замена за водата на земјата, бидејќи на екстремно ниски температури е течност.

--- надополнето ---

http://topdocumentaryfilms.com/into-the-universe-with-stephen-hawking/
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тие услови се потребни за животот кој се појавил и адаптирал на оваа планета, но науката никогаш не тврдела дека само и единствено овие услови се можни за појава на живот на некоја друга планета!
И јас истото го кажав погоре, и во воведот и во заклучокот. Сепак зборував за екстремно малата веројатност за наоѓање на живот на друга планета која не подржува релаен живот т.е. живот каков што ние го познаваме. Дури ни бактериите што содржат Арсен не можат да преживеат без вода, без кислород, без Земјините граници на температурата, без Јаглерод итн.
Кога научниците бараат вонземски живот на другите планети тие всушност прво нешто што бараат е водата, знаејќи дека без водата не може ни да се претпостави можен живот, не може ни компјутерски да се симулираат метаболичките процеси во клетката и сл. Науката се занимава со реалниот свет, она што може да го набљудува, испита, измери, провери, досегне со мерните инструменти. Се што е повеќе од ова е научна фантастика.

Токму одкритието во Калифорнија минатата година на бактерија чија днк наместо јаглерод и фосвор содржи арсен кој е силен отров, докажува дека животот може да се појави и адаптира било каде и во речиси било кој услови.
Откритието воопшто не го докажува тоа што ти го велиш. Откритието само докажува дека постојат бактерии кои имаат и Арсен во својата ДНК И РНК. Само толку. Тоа е научноит дел. Се што е повеќе од ова се нарекува филозофирање, маштање, научна фантастика.

Истиот случај е и со екстремофилите кој се адаптираат на најсуровите места од планетава како што се вулкански отвори, нуклеарни реактори и слично, докажувајќи дека животот се прилагодува секаде!
На изладени вулкански отвори може и човек да си живее заедно со својата фамилијa. Температурата која дозволува живот е елиминирана од својствата на водата и границите се движат од -20 до +113 Целзиусови степени. Ова е релативно многу тесен спектар на дозволена температура, имајќи ги предвид температурните варијации што постојат на другите планети.

Нашата планета и галаксија не се ништо посебни од останатите, животот се појавил и се адаптирал на условите кој владеат на оваа планета, но науката никогаш не тврдела дека не е можно условите на останатите места во универзумот да бидат идеални за некоја форма на живот која би се појавила таму.
Сепак, кога збориме за наука, збориме за релна наука каква што ја познаваме. Другата "наука" се нарекува имагинација, научна фантастика. Точно е дека науката не е можно да се појави живот на друга планета, но науката исто така тврди дека животот каков што го познаваме не е возможен без вода и Јаглерод. Хемиските својства на овие елементи не може да ги замени ниту едно друго реално соединение и елемент, ни од природните, ни од вештачки добиените. Значи пак ќе повторам, збориме за наука, а не за научна фантастика. Овие пак подржуваат живот само во горниот температурен спектар што уште повеќе го стеснува кругот на можностите. Итн. Значи сеуште зборувам за веројатноста за подржување на животот. Ако ја ставиме во равенката и веројатноста за самонастанување на животот (Абиогенезата), тогаш веројатноста е апсолутна нула.

На пример на планети кој се премногу оддалечени од матичната ѕвезда, азотот може да биде замена за водата на земјата, бидејќи на екстремно ниски температури е течност.
И челикот е течен на екстремно високи температури, но сепак ниту течениот челик, ниту течениот азот не можат да бидат замена за водата. Прочитај ги погоре уникатните својства на водата и ќе дознаеш зашто.

http://johnlennox.org/index.php/en/resource/stephen_hawking_and_god/
http://www.focus.org.uk/?page_id=1100
http://www.dailymail.co.uk/debate/article-1308599/Stephen-Hawking-wrong-You-explain-universe-God.html
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?

Имаш тема прашања до Атеистите, можеше таму прашањево да оди, но нејсе, може и тука.
Прашањето е нејасно и контрадикторно.
Колку и да е веројатноста мала, сепак е веројатност. Во огромниот простор е можно и според овие услови кои ги напиша, не на една туку на милиони планети да има сличен живот на нашиов.
Имено има најмалку 170 милјарди (1.7х10|11) Галаксии, 5% се над 8,5 милјарди спирални галаксии.
Секоја галаксија има најмалку десетина милиони (10|7) до илјадници Трилјони (10|14) Ѕвезди. Околу секоја ѕвезда орбитираат од неколку до илјадници планети и околу нив сателити. И сите тие услови да ги земеме, пак ке останат милјарди планети кои имаат слични услови, а барем стотина кои се реплика, копија (потполно исти) на земјата. Еве ти како добар физичар и математичар направи ја математиката......
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
Земено бројот на галаксии во набљудуваната вселена, веројатноста е близу 1. Значи, речиси апсолутно веројатно. Провери си статистика.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Наспроти твоите сликички кои секој може субјективно да ги разбира како што сака, прочитај што вели науката:

Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на други планети. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се потсетиме колкави уникатни и строги услови треба да исполнува една планета, за да поддржува и одржува материјален живот (тука се оградуваме од духовните и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на друга планета.

Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселенатаима само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган, пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна, таа ѕвезда не би смеела да биде ни со премногу мала маса, што во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.

Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на планети Џорџ Ведерил (George Wetherill) од Институтот Карнеги во Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати почесто погодувана од комети и кометски материјал.

Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата. А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат, водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).

Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно, разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи. Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од неколку илјади километри на час!

Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните, а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.

Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите би биле премногу високи за живот.

Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.

Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.

Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата еидеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана. Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е најодговорна за еfектот на стаклена градина кој е од суштинско значење за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници за да истата може да подржува живот. Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70 Целзиусови степени, би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило. Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите островии полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок. А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата. Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена градина; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна. Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон синиот спектар.

Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината орбита игра голема улога во климатските промени на Земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друг природен сателит во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на Земјата.

Водата... без боја, без мирис и вкус, а сепак ниту едно живо суштество не може да преживее без неа. Растенијата, животните и човечките суштества се состојат пред сè од вода (две третини од човечкото тело е вода). Сега ќе видиме зошто карактеристиките на водата се толку уникатно подобни за одржување на животот:
Има невообичаено висока точка на вриење и замрзнување. Водата ни овозможува да живееме во средина со флуктуирачки температурни промени, одржувајќи ја температурата на нашите тела на постојани 37 степени.
Водата е универзален растворувач. Оваа карактеристика на водата значи дека илјадници хемикалии, минерали и хранливи материи можат да бидат пренесени низ нашите тела до најмалите крвни садови.
Исто така, водата е хемиски неактивна (инертна) супстанца и не се врзува со другите материи. Без да влијае на содржината на материите што ги пренесува, водата овозможува храната, минералите и лековите да бидат апсорбирани и искористени од нашите тела.
Водата има уште една уникатна карактеристика на спроводливост, која и овозможува да се движи нагоре во стеблата на растенијата и највисоките дрвја, наспроти гравитационата тежа.
Водата замрзнува од порвшината па надолу и така замрзнатиот дел плута над водата, за рибите да можат да ја преживеат зимата.
Деведесет и седум проценти од сета вода на земјата се наоѓа во океаните. На нашата земја има еден посебно дизајниран систем кој ја отстранува солта од водата која потоа се дистрибуира по светот. Водата испарува од океаните, оставајќи ја притоа солта, формира облаци кои ветрот лесно ги движи над копното и се истура во вид на дожд, обезбедувајќи свежа вода за сиот жив свет. Тоа е систем на прочистување и снабдување кој го одржува животот на оваа планета; тоа е систем на рециклирање на водата.

Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени, ќе ги споменеме уште:

- проѕирноста на атмосферата
- атмосферскоит притисок
- минерализација на почвата
- сеизмичките активности
- температурниот градиент на атмосферата
- соодносот меѓу океаните и континентите
- локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
-густината на планетата,
и многу други параметри.

Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена, строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме колкава е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме субјективни ако кажеме дека таа веројатност е екстремно мала, се разбира доколку некој Интелигентен Дизајнер не ги умешал своите присти некаде.

Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
Ова погоре докажува дека животот се приспособил на условите на планетата, а не планетата на животот.

Но, тоа погоре не значи дека човекот не може да преживее и во други услови.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Прашање до атеистите:
Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
Ако некој не верува во креационизмот, тогаш е атеист ?

--- надополнето ---

Имаш тема прашања до Атеистите, можеше таму прашањево да оди, но нејсе, може и тука.
Прашањето е нејасно и контрадикторно.
Колку и да е веројатноста мала, сепак е веројатност. Во огромниот простор е можно и според овие услови кои ги напиша, не на една туку на милиони планети да има сличен живот на нашиов.
Имено има најмалку 170 милјарди (1.7х10|11) Галаксии, 5% се над 8,5 милјарди спирални галаксии.
Секоја галаксија има најмалку десетина милиони (10|7) до илјадници Трилјони (10|14) Ѕвезди. Околу секоја ѕвезда орбитираат од неколку до илјадници планети и околу нив сателити. И сите тие услови да ги земеме, пак ке останат милјарди планети кои имаат слични услови, а барем стотина кои се реплика, копија (потполно исти) на земјата. Еве ти како добар физичар и математичар направи ја математиката......

Добро е што ти се обидуваш на рационален начин да објасниш одредени научни работи, ама треба да имаш предвид со какви луѓе се соочуваш од другата страна, а и другите како тебе кои го подржуваат научниот метод. Конкретен пример е Бил О’Рајли и неговите прекрасни мисли: Бил О’Рајли против науката.

Да ја објасниш еволуцијата на таков човек е како да му ја објасниш плимата и осеката на Бил О’Рајли, што е потешко отколку на 6-годишно дете да му објасниш интегрална математика.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не може човек истовремено да ја подржува еволуцијата и научниот метод бидејќи едното со другото нема допирни точки.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И јас истото го кажав погоре, и во воведот и во заклучокот. Сепак зборував за екстремно малата веројатност за наоѓање на живот на друга планета која не подржува релаен живот т.е. живот каков што ние го познаваме. Дури ни бактериите што содржат Арсен не можат да преживеат без вода, без кислород, без Земјините граници на температурата, без Јаглерод итн.
Кога научниците бараат вонземски живот на другите планети тие всушност прво нешто што бараат е водата, знаејќи дека без водата не може ни да се претпостави можен живот, не може ни компјутерски да се симулираат метаболичките процеси во клетката и сл. Науката се занимава со реалниот свет, она што може да го набљудува, испита, измери, провери, досегне со мерните инструменти. Се што е повеќе од ова е научна фантастика.
Кога научниците бараат вода на останатите планети, значи дека бараат живот кој е сличен или идентичен на животот на земјава, а дека ваквиот живот е единствено можен не е ни блиску до вистината, како што кажав, сосема е можно животот да се адаптира на тотално различни услови од ове на нашата планета!
Откритието воопшто не го докажува тоа што ти го велиш. Откритието само докажува дека постојат бактерии кои имаат и Арсен во својата ДНК И РНК. Само толку. Тоа е научноит дел. Се што е повеќе од ова се нарекува филозофирање, маштање, научна фантастика.
Апсолутно погрешно тврдење! Да беше така немаше да има месец дена најави за презентирање на револуционерно одкритие, прес конференции итн! Арсенот е моќен отров, и ниеден досегашен познат организам во структурата на својата днк неможеше ни да се замисли дека може да има друг елемент освен азот, јаглерод и фосвор!
На изладени вулкански отвори може и човек да си живее заедно со својата фамилијa. Температурата која дозволува живот е елиминирана од својствата на водата и границите се движат од -20 до +113 Целзиусови степени. Ова е релативно многу тесен спектар на дозволена температура, имајќи ги предвид температурните варијации што постојат на другите планети.
Кој рече дека зборам за изладени вулкански отвори? Екстремофилите живеат на активни вулкански отвори најчесто на дното на океаните на температури и до 400 степени целзиусови и притисоци кој можат да свиткаат челик! Пота имаш екстремофили кој живеат во внатрешноста на нуклеарните реактори што значи издржуваат незамисливо количество на радијација! Па екстремофили кој живеат на екстремно ниски температури на арктикот...итн, итн!
Сепак, кога збориме за наука, збориме за релна наука каква што ја познаваме. Другата "наука" се нарекува имагинација, научна фантастика. Точно е дека науката не е можно да се појави живот на друга планета, но науката исто така тврди дека животот каков што го познаваме не е возможен без вода и Јаглерод. Хемиските својства на овие елементи не може да ги замени ниту едно друго реално соединение и елемент, ни од природните, ни од вештачки добиените. Значи пак ќе повторам, збориме за наука, а не за научна фантастика.
И ова го напоменав! Науката не ја исклучува можноста за живот без вода и јаглерод. Како што напишав и предходно, на планети кој се премногу далеку од матичната ѕвезда азотот е во течна состојба, и не само азотот туку и многу гасови на база на јагрерод како што е пример со сателитот Титан, на кој има океани од метан!
Исто така јаглеродот не е единствениот елемент кој може да послужи за создавање на органски молекули, за таа цел подеднакво може да послужи и силициумот, а како што одкривме и на нашава планета дури и отрови како арсенот можат да послужат за креирање на днк молекули!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Арсенот е моќен отров, и ниеден досегашен познат организам во структурата на својата днк неможеше ни да се замисли дека може да има друг елемент освен азот, јаглерод и фосвор!
Зборот „отров“ е човечка измислица. Она што за тебе е отровно, за друго животно може да биде секојдневна храна. Арсеновите бактерии се уникатни само по тоа што атомите на Арсенот се стабилни во нејзината ДНК молекула и затоа тој не е отровен за неа. Арсенот и Фосфорот имаа многу заедничи својства, со таа разлика што Арсенот е нестабилен во другите ДНК молекули, со исклучок на овие бактерии. Тоа е единствената витална разлика меѓу оваа и другите бактерии. Тоа што медиумите од ова правам голема фама и го прогласуваат како "нов вид на живот", па уште и „вонземски живот на Земјата“ е претерано и напишано само со цел да се добие БУМ вести.
Но ова е многу поразлично со водата и Јаглеродот. До сега не се најдени елементи или соединенија што можат да ги заменат нивните својства.

Кој рече дека зборам за изладени вулкански отвори? Екстремофилите живеат на активни вулкански отвори најчесто на дното на океаните на температури и до 400 степени целзиусови и притисоци кој можат да свиткаат челик!
Ipsissimus, на 400 Целзиусови степени може да „живее“ само пепелот - се разбира доколку твојата „наука“ го третира како живо суштество :)

Науката не ја исклучува можноста за живот без вода и јаглерод.
Сега за сега само научната фантастика може да филозофира за живот без вода и јаглерод.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселенатаима само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

Тешка глупост дека на другите галаксии било неможно да се појави живот, т.е. да се најде планета со услови слични на нашата. Во сите видови галаксии постои она што е потребно за создавање планета со услови за живот - ѕвезда.

Чорбаџијо, нели ти не си "фраер пред монитор"?
Зошто тогаш ми копираш текстови од религиски сајтови? Немаш ли сопствено мислење, знаење?

Текстот ти е копиран од овде:
http://www.veronauka.com.mk/sources/bog1.html

Не си се ни погрижил да ставиш линк, тоа мислам дека е прекршување на авторските права.

Ех, Чорбаџи, Чорбаџи...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не може човек истовремено да ја подржува еволуцијата и научниот метод бидејќи едното со другото нема допирни точки.
Ти. Чорбаџи, нема да знаеш што е научен метод дури и да ти искочи со мегафон у WC додека сереш да почне да ти вика на цел глас „Ја сум научен метооооод!!!“ Пак ќе го утнеш...

И друг пут, промени по некој збор у тоа copy/paste-то за да не можат толку лесно да те провалат... или извор стаи, да му е*ем матер...

и, вака, пошто не сме се пишале одамна, да те прашам...абе, како пропагандата нова и контингентот „научна литература“? Се угоде ли? Има ли пуно сликички? Нови наоди, нешто? Откриле ли вашите научници нешто ново во науката своја; пишале ли некој нов труд?

--- надополнето ---

на 400 Целзиусови степени може да „живее“ само пепелот - се разбира доколку твојата „наука“ го третира како живо суштество :)
The temperature of the water coming out of the vents has been measured at the source and it varies from just 68 degrees to as much as 600 degrees Fahrenheit. (A.K.A 315 Целзиуси)

У право ни е Ипсимусче. Ти, ко и обично, се потпираш на некои чудни извори на информации.

Или сега ќе ја оспориш целзиусовата или фаренхајтовата скала?!?

...или од кај да знам, може ќе прегризеш јазик еднаш и ќе признаеш дека си истресол зелена, а?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.201
Поени од реакции
23.735
И? Сметаш ептен сме блиски? само 1,6% различни? Кај се научните достигнувања на шимпанзата, нивните градби, згради, фудбалски натпревари, пишани книги... Оти ги нема овде на форумов да си поразговараме кога толку сме слични?
можеби касно се вклучив во дискусијата гледам сте начукале 100 и кусур страници па ми беше мака да ги читам сите глупости, ама ај да ја префрлиме топката кај креационистите малце како милуваат да се наречат.
ако први биле адам и ева направени според ликот божји таму од ребра(клон по ново), и таа родила два сина чинам и после шо се случи. кај има жени да се множат ( нејкам ни да помислам дека со мајкаму нешто правеле )!!! и она што мене ме интерсира, ако вака почнува се тогаш значи сите сме ние плод на инцес а сите знаеме па дури и селскиот поп дека роднини не смеат да стапуваат во брак или да имаат деца( поточно до 4 колено) за да не испаднат децата како шо не треба. ако ја ставам на вага таа теорија коренот на се по креационистите тогаш да ви кажам право се радувам дека имам толку голема генетска сличност со шимпанзото. поарно и тоа отколку да сум плод на инцес.
а и друго живо ме интересираше сега за кој бог збораме да не дојди до недоразбирање. за оној главнот ,за син му исиус за алах за зевс за хари кришна за буда за хинду за ра? да не ги набројувам сите пошто многу ги има.
е ај ако има некој просветлен креационист нека ми објасни ама како на мало дете за да можам да го сватам а не да ми чита пасуси од библијата и од куранот и тората и како ли се викаја сега
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
можеби касно се вклучив во дискусијата гледам сте начукале 100 и кусур страници па ми беше мака да ги читам сите глупости, ама ај да ја префрлиме топката кај креационистите малце како милуваат да се наречат....
Здраво Владе и добро ни дојде на темата. Тука е ногу интересно!

За жал, на ова тема имаме само еден креационист. Чорбаџи се вика. Го немаше едно време (можи беше на специјализација во Америка), ама еве, ни се врати, па верувам дека нема да те остај без одговор :)

Инаку, да си знајш, креационизмот е вистина наука :)D), а Бог постои само еден, а тоа е Јахве. Други богој нема ни за лек ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom