Крводарителство

В

влијателен

Гостин
И јас исто и мене ме интересира и онака имам јака крв и не само што ќе спасам живот и за акните е добро да се дава крв па би сакал да дадам ако може од Б позитив
Сакаш да кажеш дека од јаката крв излегуваат акни ? и мене ми излеваат :D значи треба крв да дадам
Нема никаква врска помеѓу акните и „јачината“ на крвта. Тоа е мит.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 19:09 ---
Донатор сум и кога никој не моли за крв, do not worry.
И последните испитувања ми се пред околу 1 година, не знам дали треба нови, во секој случај, позната сум им. Само што приметив дека многу злоупотребуваат, односно ,,башка продаваат,, крв, и најмногу ради тоа почнав на конкретни корисници да дарувам, зошто знам дека во правилни раце идат и дека нема да им се изнудуваат додатно пари.
Не те сметаат за редовен дарител ако последното дарување ти било пред една година. За редовен дариел се смета ако имаш дарувано најмалку два пати претходната година.
Инаку и кај крвта од редовните дарители треба да се прават сите испитувања за инфекции и вируси.
Кој продава и кому? Ако навистина има вакво нешто тоа е многу опасно. Прво ризик е да примиш крв која не е помината низ Институтот за трансфузија, а ако тие продаваат крв е уште пострашно.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Нема никаква врска помеѓу акните и „јачината“ на крвта. Тоа е мит.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 19:09 ---

Не те сметаат за редовен дарител ако последното дарување ти било пред една година. За редовен дариел се смета ако имаш дарувано најмалку два пати претходната година.
Инаку и кај крвта од редовните дарители треба да се прават сите испитувања за инфекции и вируси.
Кој продава и кому? Ако навистина има вакво нешто тоа е многу опасно. Прво ризик е да примиш крв која не е помината низ Институтот за трансфузија, а ако тие продаваат крв е уште пострашно.
незнам баш,реков на една пријателка во Панче Ќараѓозов да праша некоја докторка/професорка која била дерматолог и рекла дека крвта има тенка врска меѓу акните и нивната појава,како и ејакулацијаата!(т.е редовноста на ејакулацијата)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
незнам баш,реков на една пријателка во Орце Николов да праша некоја докторка/професорка која била дерматолог и рекла дека крвта има тенка врска меѓу акните и нивната појава,како и ејакулацијаата!(т.е редовноста на ејакулацијата)
Рекла-казала, расипан телефон.
Немаат врска акните со "јака" крв, како што кажа lingur, тоа е само мит.
 
В

влијателен

Гостин
Најчесто има идиоти по сите можни државни институции, вклучително и здравство.
Од таа причина се повеќе луѓе донираат крв на конкретна личност, зборувам за луѓе кои не даруваат баш на секои 3 месеци (како мене на пр.).
Имаше повеќе случаеви, ќе даруваме за некого конкретно ама нема да го наведеме името (има едно како ливче, ако сакаш на некого конкретно да даруваш) и во болницата им викаат нема крв, а 10 души 2 дена предходно сме дарувале.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 20:54 ---
Башка болничари/сестри/доктори мислат дека даруваната крв е нивна сопственост.
Не знам дали има таква можност, да даруваш крв и баш таа крв да оди до личноста за која е препорачана. Тоа е државна банка на крв, вака би било во приватна банка. Крвта оди во складиште и оттаму во болница ја праќаат стриктно со налог за крв. Со секој налог кој го добиваат во трансфузиологија, добиваат и епрувета со крв од тој што треба да прими за да се испита дали е компатибилна.

А тоа што некои болничари, лекари, сестри можеби незаконски бараат пари за да ја проследат до пациентот е страшно кршење на правилата и треба апсолутно да се провери, а не да се игнорира. Како што пишувате тука ми се чини како тоа да е секојдневие, а се надевам дека не е така.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нема никаква врска помеѓу акните и „јачината“ на крвта. Тоа е мит.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 19:09 ---

Не те сметаат за редовен дарител ако последното дарување ти било пред една година. За редовен дариел се смета ако имаш дарувано најмалку два пати претходната година.
Инаку и кај крвта од редовните дарители треба да се прават сите испитувања за инфекции и вируси.
Кој продава и кому? Ако навистина има вакво нешто тоа е многу опасно. Прво ризик е да примиш крв која не е помината низ Институтот за трансфузија, а ако тие продаваат крв е уште пострашно.
Не ме сметаат за редовен дарител, но имаат податоци за мене. Не знам дали треба нови тестови, точно во Октомври лани дарував за едно девојче.
Инаку да, Трансфузиологија си шиткаат крв, поточно бараат мито за истата.
 
В

влијателен

Гостин
Кога ќе донираш ти даваат вода и кроасан а на луѓе им наплаќаат ако сакаат крв да земат. Мене јасно ми е дека има трошоци чувањето на крвта ама дека толкава сума е потребна, мало морген.
Не знам дали има партиципација и колку е, ама тоа не е толку страшно колку она другото кое го кажувате, изнудување.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 21:06 ---
Не ме сметаат за редовен дарител, но имаат податоци за мене. Не знам дали треба нови тестови, точно во Октомври лани дарував за едно девојче.
Инаку да, Трансфузиологија си шиткаат крв, поточно бараат мито за истата.
Мора, секоја кесичка крв ја испитуваат за вируси.
Ако е точно, тоа е многу сериозно, и ме плаши што така го кажуваш како да е нешто нормално и да е секојдневие. Се надевам дека не е.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не знам дали има таква можност, да даруваш крв и баш таа крв да оди до личноста за која е препорачана. Тоа е државна банка на крв, вака би било во приватна банка. Крвта оди во складиште и оттаму во болница ја праќаат стриктно со налог за крв. Со секој налог кој го добиваат во трансфузиологија, добиваат и епрувета со крв од тој што треба да прими за да се испита дали е компатибилна.

А тоа што некои болничари, лекари, сестри можеби незаконски бараат пари за да ја проследат до пациентот е страшно кршење на правилата и треба апсолутно да се провери, а не да се игнорира. Како што пишувате тука ми се чини како тоа да е секојдневие.
Јас ти кажувам мое искуство.
Еднаш, доста одамна беше тоа, се пријавив да дарувам не крв, туку тромбоцити за едно девојченце. Тоа е малце посложено од обично дарување крв, и поризично за мене. Односно, од поголема количина крв (повеќе од просечните 300мл) се одвојуваат тромбоцитите преку машина, а крвта ти ја враќаат назад. Проблемот е што тромбоцитите нели служат за зараснување на раните, и мораш многу да внимаваш.
Мораа да прават некои екстра тестови од стандардните (барем така ми кажаа) и јас прифатив се, не беше проблем, требаше да ми се јават за 1 недела дали сум погодна за таа трансфузија.
Секако, не ми се јавија, јас уште 2 недели ги барав, те резултатите не беа стигнати, вработениот не беше тука, на крај ме избркаа зошто сум била досадна.
Немаше никој друг пријавен да дарува, девојчето почина после 3тата недела...
И кажи ми, викаш идиоти се или не?!
 
Види, ако не ти се јавиле значи немало потреба, да имало потреба ќе те барале под дрво и под камен! Сигурно девојчето не починало затоа што немало крв или крвни продукти! Секогаш наоѓаат крв, никогаш не оставиле некој да почине од недостаток на крв!
Не дека ни чини многу здравството, но сепак вакви работи не сакам да слушам/читам.
Дарувањето на тромбоцити не е воопшто ризично за дарителот, бројот на тромбоцити на дарителот не се намалува до толку за да мора толку многу да се внимава како што напиша. Плус и тој период е 2-3 дена бидејќи толку трае процесот на обновување на тромбоцитите, така што не си во баш никаков ризик ако донираш тромбоцити. Не го пишувај тоа така трагично, може некој од форумов ќе помисли да дарува тромбоцити па ќе се уплаши кога ќе го прочита ова и ќе се откаже ;)
 
Мене така ми беше објаснето од страна на вработените на Трансфузиологија. Не сум медицинско лице, пренесувам што ми беше кажано.
Не може да немало потреба, затоа што мајката на девојчето секој ден ми се јавуваше.
Можеби не прават глупости во други случаеви или не им е навика, но јас знам што се случуваше.
Едно е некому да кажеш - нема потреба од тоа и тоа, а сосема друго да лажеш и извртуваш секакви приказни.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Дали ако даваш крв се зголемува притисокот??
 
М

Мартин`

Гостин
На секои 3 или 4 месеци можеш да даруваш крв ? Дарував пред 3 месеци за прв пат па сега сакам повторно затоа прашувам, инаку нема врска дека качуваш килажа со дарување.. и многу подобро/полесно се чуствував откако прв пат дарував ..
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751

Да, можеш.:)
 
Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Имам 63 кг. и хемоглобин 160, не сум давал крив досега ниту еднаш. Утре се организира таква арводарителска акција и сакам да давам, секако имам 18 години. Туку прашањето ми е дали после тие 100-200-300 грама колку и да се дава, организмот ќе има проблем додека се надокнади, проблеми од типот лошење, малаксаност, дури еден ми рече дека ако после 3 месеци не сум дарувал пак ќе сум се подувал? - Некој искусен околу ова?

Сакам да пробам да давам, но не сум сигурен заради вакви "оскудни" информации, додека еден мој сокласник дава крв од 1ва година?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508

Не знам за хемоглобинот кои се стандарди, но секако земаат крв од прст најпрво за да проверат дали е погодна за дарување како и ти мерат притисок. Тоа секако ќе ти кажат докторите. Што се однесува до килажата немаш проблем, и јас бев таа килажа на 180цм на твои години.

Нема никаков проблем за надокнадување, лошењето е индивидуално но сметам дека треба да се следат генерално следниве правила и нема да имаш проблем: Да си јаден најмалку саат време пред дарувањето крв, и кафе/благо. Откако ќе завршиш со дарување крв на станувај веднаш, задржи ја легната позиција најмалку 2-3 минути, а потоа во седната позиција уште 2-3 минути, не изигравај херој. По дарувањето, касни нешто до тоа што ќе ти го дадат и напиј се сок/кафе додека седиш кај што даруваш има секогаш посебни места за оние кои завршиле со дарување крв. Ако имаш некое претходно искуство со лошење од крв или при земање крв тогаш размисли убаво. И не се плаши, не е ништо страшно :)

Какво подувување, глупости се тоа :D Првите 2-3 саати ќе се чувстуваш поинаку, после ќе си бидеш како нормален, следниот ден нема ни да осеќаш дека си дарувал крв. Секако физички активности, особено со раката нема 1-2 дена.

Тоа е тоа :)
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Сакам да пробам да давам, но не сум сигурен заради вакви "оскудни" информации, додека еден мој сокласник дава крв од 1ва година?
Мислам дека ова не е можно, на мене не ми дадоа ни сега да давам, ако за пола година ќе наполнам 18.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom