Крводарителство

Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Повторно ме одбија, е значи стварно не е фер. Се напукав солено сношти, јадена и пиена како што треба сабајлево, притисокот испадна така/така 105/70, не беше толку проблем, ама хемоглобинот 115, а за да дарувам требало да биде минимум 125. Ај што сум лута, туку почнувам и да се фрустрирам. Никогаш досега немам дарувано, а толку пати сум направила обид и секогаш е безуспешно. Лошото е што сега ме фаќа инает, ќе дарувам па што сака нека биде, ќе појачам исхрана следниов месец и пак ќе се обидам.
Пробај: Нескафе со кока кола или ред бул само внимавај срцето има да ти лупа ко лудо можное да се качи повеќе од дозволеното. А за јакнење на крвта половина тегла цвекло и киселината секако немора многу време да помини 3 саати се доволни.
Јас така успеав за 3 саати да го кренам хемоглобинот од 102 на 149. Првиот пат кога појдов ме одбија, вториот пат не ме ни забележаа дека ме одбијаја и си дадов крв :D
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Пробај: Нескафе со кока кола или ред бул само внимавај срцето има да ти лупа ко лудо можное да се качи повеќе од дозволеното. А за јакнење на крвта половина тегла цвекло и киселината секако немора многу време да помини 3 саати се доволни.
Јас така успеав за 3 саати да го кренам хемоглобинот од 102 на 149. Првиот пат кога појдов ме одбија, вториот пат не ме ни забележаа дека ме одбијаја и си дадов крв :D
Не се разбирам многу, многу, ама муабетот не е да ги "прелажам" само за моментот, колку да поминам под стапот. Целата идеја е крвта да биде доволно квалитетна, за да може да се искористи. По мое видување ќе треба (и за моја корист) малку подолгорочно да поработам на хемоглобинот. Мада не е ништо ново за мене, скоро секогаш сум на долна граница за анемична. Мислам дека најмногу ме кикснува тоа што слабо јадам месо, не сум голем љубител и само инцидентно го ставам на менито.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Пробај: Нескафе со кока кола или ред бул само внимавај срцето има да ти лупа ко лудо можное да се качи повеќе од дозволеното. А за јакнење на крвта половина тегла цвекло и киселината секако немора многу време да помини 3 саати се доволни.
Јас така успеав за 3 саати да го кренам хемоглобинот од 102 на 149. Првиот пат кога појдов ме одбија, вториот пат не ме ни забележаа дека ме одбијаја и си дадов крв :D
За 3 саата да кренеш хемоглобин од 102 на 149? :cautious: За подигање на хемоглобинот хематолозите велат дека треба минимум 3 месеца исхрана комбинирана со лекови кои поттикнуваат создавање на еритроцити и подигање на нивото на хгб поради циклусот на создавање на еритроцитите, а ти успеа за 3 саата само со сок од цвекло? Не би рекла. Ако ти искочиле толку различни мерења во рок од 3 саата некоја од машините е сериозно расипана.
budaletinka_r кроасанот може евентуално да ти го качи шеќерот, не хемоглобинот.
pearl ако сакаш да го покачиш хемоглобинот со храна, избери си нешто од следново мени: мед со ореви, лешници, ленено семе; аронија (слатко, сок или свежа ако можеш да најдеш); спанаќ (иако треба да изедеш truckload, ама нема штета); боранија, грав, грашак; медот со семе од коприва на CafeDelMar , сокови од боровница (црвено овошје), цвекло ; црвено месо (јунешко е најдобро). Во принцип треба храна која е богата со витамин б12, фолна киселина и железо.
Јас не би ја силувала работата, може само беља да си направиш. Поработи на исхраната, можеш да земеш и фолна киселина и б12 таблетки (јест да не ти е неопходно).
И да, треба време, хемоглобинот е најтежок за средување. Особено ако се потпреш само на исхраната, треба минимум 3 месеца, а може и повеќе.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Голема благодарност до AlternativeF што ме спаси од куцање. Јас примав и витамински инекции за хемоглобинот, па скоро 6 месеци ми требаше до 130 да го доведам и секако не е трајно решение, треба постојано да се внимава на храната зошто лесно пак може да се врати на 100.
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
За 3 саата да кренеш хемоглобин од 102 на 149? :cautious: За подигање на хемоглобинот хематолозите велат дека треба минимум 3 месеца исхрана комбинирана со лекови кои поттикнуваат создавање на еритроцити и подигање на нивото на хгб поради циклусот на создавање на еритроцитите, а ти успеа за 3 саата само со сок од цвекло? Не би рекла. Ако ти искочиле толку различни мерења во рок од 3 саата некоја од машините е сериозно расипана.
Проверено со сигурност точно и згора на тоа искусено. Апаратчето за мерење хемоглобин беше се во ред на почетокот од акцијата, па до крајот. Значи “квалитетот“ за мерење хемоглобин на апаратчето беше ист и за мене и за други 100 луѓе отприлика.
И мене ме зачуди, колку брзо може цвеклото да се апсорбира во крвта, не го очекував. Но тоа не значи дека си поминав без последици. Ако не ми веруваш пробај, мери го хемоглобинот изеди цвекло и мери го пак за три саати.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Проверено со сигурност точно и згора на тоа искусено. Апаратчето за мерење хемоглобин беше се во ред на почетокот од акцијата, па до крајот. Значи “квалитетот“ за мерење хемоглобин на апаратчето беше ист и за мене и за други 100 луѓе отприлика.
И мене ме зачуди, колку брзо може цвеклото да се апсорбира во крвта, не го очекував. Но тоа не значи дека си поминав без последици. Ако не ми веруваш пробај, мери го хемоглобинот изеди цвекло и мери го пак за три саати.
Е за ваква метода прв пат читам. Или има некоја фатална грешка, или некој те излажал или одма да му јавам на хематологов во Берлин да почне да применува нова метода за лечење анемија.
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Мила, јас си ја знаам процедурата како оди дека за мерење на хемоглобин се зема крв од прст, се става на атакленце и стакленцето во апаратчето, го чекаш едно 5 мин и се појавува бројка. Првиот пат бројката беше 102, Вториот пат (по три саати) бројката беше 149. Единствено нешто што превзедов за покачување беше цвекло. Забуна нема!
Ја покачува, ама за жал само моментално. После тоа изгледа ми падна притисокот и се онесвестив. Инаку си имам стара анемија и знам дека треба да пијаш апчиња најмалку 3 месеци за да не си ја повратиш анемијата. Инаку разраничи јас ти зборувам за хемоглобин, не за еритроцити. Едните се создаваат од коските, а хемоглобин тие хемиско соединение кое зависност од факторите во кое се наоѓа може да се соедини или да се разложи и сл.
А искрено фала шо ми потенцира дека хематологов е од БЕРЛИН. Ако е познат градот немора да значи дека му разбира и главата. Од каде и да е, се знае дека уште многу можеби милиони процеси во човековото тело се чекаат да бидат откриени. ;)
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Проверено со сигурност точно и згора на тоа искусено. Апаратчето за мерење хемоглобин беше се во ред на почетокот од акцијата, па до крајот. Значи “квалитетот“ за мерење хемоглобин на апаратчето беше ист и за мене и за други 100 луѓе отприлика.
И мене ме зачуди, колку брзо може цвеклото да се апсорбира во крвта, не го очекував. Но тоа не значи дека си поминав без последици. Ако не ми веруваш пробај, мери го хемоглобинот изеди цвекло и мери го пак за три саати.
Мајкино, нема биохемиско објаснување како си го качила хемоглобинот, јасно ти е? :)
Јас онака пошо малу појќе ги знам апаратчињата како и класичните методи за одредување на хемоглобинот, алудирам на систематска грешка што се провлекува.

Друго, цвеклото е полно со антоцијани, флавоноиди (нели интензивна боја), но е лош избор за качување на железо, иако во народот нели кружи „јади цвекло добро е за крвтта“ секако дека е добро, но не дава такви фасцинантни резултати како производите што ти ги напиша АлтернативФ погоре, е со диета со тие производи ќе направиш бум кај хемоглобинот.
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Јас секогаш сум имал добар хемоглобин, без посебни диети, од пред 3-4 месеци сум на „диета“, некако сам одбегавам маснотии, ништо друго посебно и намалив 10кг, јасно и синчето проодува па на ова додавам физичка активност (и малку сон).

Отидов да давам крв во Јули и сестрата кога проверуваше хемоглобин ме праша: „абе ти се разболуваш ли некогаш, си бил ли болен“, дека ми бил 186 г/л. Ме праша и дали понекогаш почува да ми тече крв од носот без причина, одговорив дека одамна не ми се случило. Одвај чекам пак да дадам во Октомври, па не би сакал да ме вратат... Инаку алкохол многу ретко пијам (2 пива и 1 ракија месечно...) и не сум пушач.

Е сега дали 185 г/л е многу или таман си е (малку повеќе од нормално)?
 
Член од
5 декември 2013
Мислења
32
Поени од реакции
8
А дали крводарителството може да наштети на плодноста на еден пар? Посебно ако сопругот е редовен крводарител- 4пати годишно а сопругата до 2 пати годишно дарува крв?
Една пријателка ми се пожали дека гинекологот и рекол дека се обидуваат да добијат бебе, можеби не треба да даруваат крв, посебно не сопругот толку пати?????
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469

Нема врска тоа како би наштетил.Тој гинекологот да се прегледа кај оторинголаринголог многу јади говна.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема врска тоа како би наштетил.Тој гинекологот да се прегледа кај оторинголаринголог многу јади говна.
може дал некој совет за слабост да не јави организмот па расипан телефон :D
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
може дал некој совет за слабост да не јави организмот па расипан телефон :D
Јас имам дадено крв после тоа 1 литар коњак испив и ништо не ми беше, дарувањето крв и не е којзнае која филозофија дај боже да помогне некому ама дека тебе ќе ти наштети тоа се филмови.
 
Член од
5 декември 2013
Мислења
32
Поени од реакции
8
Знам дека не е некоја тешка филозофија но ете... кога ќе се појави екој проблем се плашиме од причините па се фаќаме и за најмали ситници можеби :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom