Крвав петок во Турција

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кога не можам на својот народ да се восхитувам, ќе се восхитувал на храброста на Турците. Се надевам дека ќе излезат победници од ова.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ова во Турција,многу потсеќа на случувањата во Египет,особено откако го изгледав трејлоров за филмов "The Square".И таму медиумите беа под контрола на Маубарак,па неколку млади луѓе откако сфатија дека никој не известува за случувањата таму,со снимки од камери и мобилни и преку Фејсбук и Твитер,ја покренаа цела револуција.
Ќе видиме како ќе заврши ова во Турција,али како и да е,секоја чест за Турците,за 24 часа се крена цела земја на нозе.Имаме ние уште многу да учиме во овој поглед...
Напротив!
Таму беше обратно откога ексалираа работите. CNN, BBC и другите шитови пренесуваа ГЛУПОСТИ!
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Ме плаши малку тоа дека и во Египет слично почнаа протестите. Мафтаа наоколу со либерална агенда и пропагираа демократизација на земјата. Видовме таму што се случи.
Ако овие не ја испуштат топката од рака и не дозволат радикални структури да се провнат до врвот преку нив, тогаш Ердоган, непоразениот султан, големиот везир, ќе загуби од Ататурк. Пред да загуби, ќе престане да се меша во Сирија, па и таму Асад ќе има повеќе простор да ги реши племињата.
Неверојатно е ова што се случува. Предобро дури за да биде вистинито.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.441
Поени од реакции
58.518
Турскиот народ на нозе, демонстрантите бараат оставка од Премиерот

01/06/2013 // Пред 29 минути // ШТО МИСЛИ СВЕТОТ // Коментирај

Мирниот протест поради сечењето на 600 дрвја од парк во Истанбул, се претвори во вистински народен бунт против актуелната влада во Турција. По големите немири турската полиција се повлече од Таксим за десетици илјади демонстранти да го преплават главниот плоштад во Истанбул. Над илјада протестанти, главно млади луѓе се повредени, а полицијата уапси неколку стотици од демонстранти.
Претседателот Абдула Ѓул побара да надвладее разумот бидејќи ситуацијата е загрижувачка. Премиерот Реџеп Таип Ердоган пак најави дека владата нема да попушти во своите намери и ја предупреди опозцијата да не ја злоупотребува состојбата. Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот владее со државата повеќе од една деценија. Државата доживеа голем економски раст, но голем број жители беа загрижени од реисламизацијата и укинувањето на бројните слободи кои беа присутно претходно во Турција.
Турската полиција вчера и денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, кои се обидуваа да стигнат до главниот истанбулски плоштад Таксим. Демонстрациите излегоа од контрола по интервенцијата на полицијата и прераснаа во антивладини протести и се проширија во неколку градови, меѓу кои и во Анкара.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Туку демонстрантите вечерва го повикаа Ердоган на оставка, во сите поголеми градови во Турција е иста сликата, сите се на улица. Имаше некои вести кои проструија дека палеле продавници, но тоа гарант се снн и ббс. Од она што го споделува Турскиот народ штета кон сопствениот народ нема туку цел ден им помагаат со вода и сокови. Се бројат лицата кои побарале помош, прочитав некаде 5 души го изгубиле видот, стотици се јавиле за гушење.
Дали ќе има оставка или ќе успеат да се договорат? Јас лично после оваа наредба за напад врз сопствениот народ не верувам дека некој ќе преговара. Плус и армијата им помагаше на демонстрантите. Она што е интересно барем за мене е позицјата која Ердоган ја створи од економски аспект. Таква економска преродба не паметат Турците. Но сепак слободата била најбитна по ова што го гледаме.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Tурците излегуваат на протест поради едно паркче, во негова одбрана да не се уништува, а на нас Македонците и на глава да ни се посерат ќе си ќутиме и ќе си свиркаме !
Цените се дуплираа на се и сешто за краток временски период па никој не протестираше, оние протести на АМАН беа повеќе од смешни ... кај нас дури е и срамота да излезеш на улица и да протестираш, ќе те сметаат или за хулиган или за тежок пропалица и лузер !
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 21:54 ---
И кај нас се кренаа за парк, се сеќаваш... па во 3 и пол сабајле сечеа дрва уфилманите :нинџ:
Да ама нашите што се ’’кренаа‘‘ беа воглавном старци и старици на кои главно оружје им се свирчиња ... наспроти кордон полиција(специјалци) и багери ... :cenzura:
 
A

AnFem

Гостин
Ме плаши малку тоа дека и во Египет слично почнаа протестите. Мафтаа наоколу со либерална агенда и пропагираа демократизација на земјата. Видовме таму што се случи.
Ако овие не ја испуштат топката од рака и не дозволат радикални структури да се провнат до врвот преку нив, тогаш Ердоган, непоразениот султан, големиот везир, ќе загуби од Ататурк. Пред да загуби, ќе престане да се меша во Сирија, па и таму Асад ќе има повеќе простор да ги реши племињата.
Неверојатно е ова што се случува. Предобро дури за да биде вистинито.
Во Египет смрдеше на потплатен народ. Толку многу беше фејк... Ова не ми изгледа така. Се надевам дека не е.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
33
Odgovorot na Erdogan za komunistickite protestanti...ako jas pravam kontra demostraci ke se soocite so miljoni protestanti zatoa povlecete se za da ne bide kasno
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Половина милион Турци излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и на Измир. Полицијата приведе стотина, кои од вчера се противат на изградбата на парк во центарот на Истанбул. Судот донесе одлука да запре изградбата на трговскиот центар, со што се намали бројот на демонстрантите во центарот на Истанбул. Во текот на денот и синоќа, солзавец и водени топови не само на Таксим, туку и во Анкара и во Измир.

Се започна пред неколку дена со мал мирен собир во Гези Парк, за заштита на една од малкуте оази на Таксим, во срцето на Истанбул, каде наскоро треба да изникне трговски центар. За неколку часа, тоа прерасна во бојно поле, какви што секојдневно се гледаат во Египет или Сирија.

Полицијата со водени топови и солзавец се обиде да ги спречи илјадниците демонстранти, кои се спротивставуваа фрлајќи цигли и бетонски плочки. Три ден во Истанбул се водеше вистинска војна, со десетици повредени и на едната и на другата страна, и најмалку 60 приведени, а граѓанскиот протест преку ноќ се претвори во антивладин, со пароли „Обединети против фашизмот“, со повици за оставка на Владата и се прошири и на улиците на Анкара и Измир.

- Ова е само почетокот на отпорот, Владата мора ова да го сфати сериозно, милиони луѓе се зад нас – рече еден од демонстрантите.

Ваквата експлозија на незадоволство кај младите, многумина ја поврзуваат со се поголемата исламизација што чекор по чекор ја воведува владејачката партија во, со векови секуларната држава.

- Дрвјата се само симболи. Протестот е за сите наши слободи. Знаеме дека Владата ќе продолжи со своите планови, но ние ќе продолжиме со отпорот – објасни учесник во протестот.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган прв ги исполитизира едни од најголемите граѓански протести во историјата на Турција, нарекувајќи ги идеолошки, а не еколошки, зад кои стои опозицијата. Но дека политиката има замешано прсти во овој економски проект, е и податокот што зад изградбата на трговскиот центар стои син на министер од владата на Ердоган.

- Не се натпреварувајте со нас. Ако вие можете да соберете 200 илјади луѓе, јас можам да соберам еден милион. Барам од демонстрантите веднаш да престанат со протестите - изјави Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.

Единствено што призна Ердоган е дека полицијата применила прекумерна сила врз демонстрантите, за што веќе е отворена истрага. Но и покрај ветувањето дека нема да отстапи од планираната изградба, полицијата од попладнево ги отстранува барикадите, но под притисокот на како што ги нарече Ердоган разулавените екстремисти, туку на одлуката на судот за запирање на изградбата.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали знаеш дека на сите протести кои досега се организираа пуштаат свои лица да создадат нереди? Дали знаеш дека како доказен материја користат постови од форумов? Дали знаеш дека знаат апсолутно се? Дали видовте на што личеа последните протести, дека се добива слика на збирштина на хулигани, а во суштина не е така?
Додека вака како Турците рака под рака илјадници и илјадници не поминеме низ Скопје ништо нема да има ефект. А за рака под рака сега за сега може да сонуваме, бидејќи на 70% од населението му е убаво, ќути и има полошо.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Владата на Турција се понашува како Нацистичка Германија...:facepalm:
 
W

Werther

Гостин
Владата на Турција се понашува како Нацистичка Германија...:facepalm:
A тие „Златните“ твои ко што се понашаат бе мајмун еден ?Малтретираат недолжен народ по граници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom