Крвав петок во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Значи и ние имаме натовска-демократија овде?


Ние не сме во НАТО и се соочуваме со диктатура,а камоли да влеземе во НАТО,тек тогаш сите ќе не уапсат доколку протестираме за нешто, зборот ми е дека нема демократија во НАТО.. А тоа се виде во Грција во Турција,во Шпанија кога лугето беа претепани и прегазени од страна на полицијата..
 
Ние не сме во НАТО и се соочуваме со диктатура,а камоли да влеземе во НАТО,тек тогаш сите ќе не уапсат доколку протестираме за нешто, зборот ми е дека нема демократија во НАТО..
А во Русија има ли демократија?
Да не ја развлекувам дискусијава, проблем има и во либералните средини и еве во конзервативните средини. Ни тој ни тој систем не одговара, чаре?
 
А во Русија има ли демократија?
Да не ја развлекувам дискусијава, проблем има и во либералните средини и еве во конзервативните средини. Ни тој ни тој систем не одговара, чаре?


Чаре? Да си заминеме на друга планета..:icon_lol:
 
Фаворизирање на власти поддржани од религиски лидери, враќање на состојби кои разум ги оправил пред еден век - само скриена агенда што треба да најави нешто што ќе се случува во иднина.
Очигледно е дека постои некоја идеја да се загрози безбедноста на поширока територија на Европа и блискиот исток и уште поочигледно е дека Америка е и врвот и коренот на проблемот.....
Од првичната информација што ја добив, се работи за протест за изградба на трговски центар на место на парк, но позадината е многу посуштинска и подлабока. Последна работа што на сите ни треба е една таква воена сила да биде водена од куп религиозно забегани радикали, а факт е дека од ден во ден тоа станува реалност. Во Сирија ситуацијата е обратна, ама очигледно е дека се преќутува интензивното организирање на исламот во секоја земја во која го има па макар и како малцинство. Јас лично немам некои преголеми симпатии кон турскиот народ, ама луѓево повеќе стварно ги разбирам и ги поддржувам - чуди кое е тоа мнозинство што го држи Ердоган на власт кога до толку му излезе ситуацијата од контрола......инаку, паралелата со нашава ситуација е повеќе од очигледна - стигаат разноразни попови без два дена школо да делат памет за политички прашања кои и без тоа се во ќорсокак, а репресиите на власта, контролата на целиот медиумски простор се прича за себе - Ердоган може да иде на часови кај Паторот наш almighty.....
 
Полицијата се повлече од Таксим, Ердоган се заканува, нередите во Истанбул продолжуваат

Турската полиција се повлече од Таксим а масата од десетици илјади демонстранти го преплави централниот плоштад во Истанбул. Во дводневните жестоки пресметки повредени се над илјада луѓе, а полицијата уапси неколку стотици демонстранти. Турскиот премиер Абдула Ѓул апелираше да преовлада здравиот разум

01.06.2013 19:20:58
Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services 1
Турската полиција се повлече од Таксим а масата од десетици илјади демонстранти го преплави централниот плоштад во Истанбул. Во дводневните жестоки пресметки повредени се над илјада луѓе, а полицијата уапси неколку стотици демонстранти. Турскиот премиер Абдула Ѓул апелираше да преовлада здравиот разум бидејќи ситуацијата достигнала загрижувачки опасен степен. Неговиот апел доаѓа откако стана јасно дека она што започна како протест поради намерата на властите да ги исечат дрвјата во паркот крај Таксим и таму да изградат трговски центар, полека се трансформираше во мини револуција против автиоритарната власт на премиерот Ердоган.
Турскиот премиер изјави дека демонстрациите треба веднаш да запрат бидејќи владата нема да попушти во своите намери, истовремено предупредувајќи ја опозцијата да не ја злоупотребува состојбата за да ги оствари своите амбиции. Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот повќе од една деценија владеат со Турција. За тоа време земјата доживеа невиден економски раст но истовремено започна процес на реисламизација, со укинување на бројни слободи кои во секуларна Турција се подразбираа децении наназад. Турските медиуми подолго време предупредуват дека наметнувањето на авторитарна власт неминовно ќе предизвика народен бунт кој може да ескалира со несогледливи последици.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=57466#.Uaoxl9iyGzk
Толку од диктатурата и конзервативна Турција. Овој ќе лета како куфер.
 
Она што турските власти и медиуми не го објавија, е дека еден маж на кого му бил насочен во глава водениот топ, починал од силен удар од водениот притисок .Една жена починала откако била погодена во главата со димна бомба.
Има и слики од луѓево али не се за ставање..
 
А се започна како борба за зачувување на паркот
 
Без оф топици - модераторот

Секоја чест за Турциве, за неполни 24 сати се кренаа и не се даваат. Мислам дека воопшто немаат Интернет пристап, баш и пишав на една другарка ама гледам не ми вратила,последно постирала на профилот рано сабајлето. Не знам дали видеово ќе биде видливо за сите со оглед на тоа дека е е закачено на Фејсбук, ама вреди да се види.

<iframe src="https://www.facebook.com/video/embed?video_id=539213689470409" width="400" height="300" frameborder="0"></iframe>
 
Кај нас има протест и контра протест. И дежурни гомнојадачи на кој барем еден човек кој што е присутен на протестот не му се допаѓа или една точка од барањата или сонцето дали силно свети или дува.
Истово го викаат и Хрватите денес по социјални мрежи, значи ние, Хрватите и Босанците сме најнеорганизираниот народ и треба орден да ни дадат.
 
Ова во Турција,многу потсеќа на случувањата во Египет,особено откако го изгледав трејлоров за филмов "The Square".И таму медиумите беа под контрола на Маубарак,па неколку млади луѓе откако сфатија дека никој не известува за случувањата таму,со снимки од камери и мобилни и преку Фејсбук и Твитер,ја покренаа цела револуција.
Ќе видиме како ќе заврши ова во Турција,али како и да е,секоја чест за Турците,за 24 часа се крена цела земја на нозе.Имаме ние уште многу да учиме во овој поглед...
 
Споете ги темите, во две теми се пишува за истото.
 
Турските националисти се заканија дека ќе се приклучат и тие на протестите,доколку се приклучат и тие,мислам дека Ердоган ќе се соочи со катастрофални последици..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom