Што тогаш се јавуваш само за едните, а молчиш за другите?
.
Мигранти немаше, ама законот за двојазичност и менување на име имаше.
За законот за двојазичност сме збореле. Јас живеев во двојазична општина. Никој никому не бараше тумач. Дефакто, дотогаш двојазичност беше протната во јсп, здравство и ред слични институции, табли, патокази....
Е сега, запрашај се зошто двојазичност да постои само на дел од територија. И споменици на учк и знамиња на туѓа држава да се веат само во еден дел од Скопје, џамии у влезови од зграда... До судот битпазар нели е Македонија? Тоа ме потсеќа на себичноста на Македонецот.
И кога веќе спомена ова, дали има некои промени откако го изгласале законот? На полошо ради самиот закон? Не сум експерт и прогнозер како луѓево овде, можи ќе има, можи не.
Исто и за војна викаа ќе имало ако не поминел референдумот.
тоа е веќе за во другата тема. Од кога паметам, нам ни се закануваат со војни. Повеќе акцент треба на (без разлика на договор, референдум и слично) економските позиции на Македонија и односите со големите партнери и соседите. За пример колку сме јаки и јунаци, средина на 90тите заради притисок за знамето мислам беше, добивме буквално ембарго од двата соседи, Македонија ќе колабираше. Се надевам дека нема да дојде до такви уцени, но од кај да знам кои играчи стојат зад сево ова.
Тоа беше на секоја ТВ-станица 24/7, милион папагали го повторуваа, нема шанси да ти промакнало. И сега кој лажеше повеќе?
многу лаги имаше и има по медиуми. Проблемот е што ова непотребно го адресираш до мене. Дали јас нешто сум конструирал дека ќе има војна и упорно сум го бранел тој став?
Од друга страна, типовиве упорно ширеа вакви "информации", се пенеа, холивудски филмови, педерски опаски, да не ти се влегува во тема... за што заслужуваат да бидат постојано потсетувани.
Затоа ти викам, тие шали со мигрантите на граница и 5.000 муџахедини од Косово се со поминат рок од пред година ипол. Во меѓувреме потполно истите методи на ширење страв меѓу сопствениот народ ги користи друг премиер и партија.
пак да повторам. Едно е медиумите да прават конструкции, друго е форумџии упорно да ги шират тие дезинформации и конструкции. Вакви глупости за мигранти, муџи и мајдани, смак света е нонсенс.
Така да не знам зашто до мене адресираш вакви конструкции за воени состојби и референдуми.
И да, сеуште ги обвинувам. Ради нивните превари да не моеш да извадиш личен документ, роден овде, цел живот овде...и ти би ги мразел, нели. Многу луѓе на разни начини го јадеа.