Па јас сум фрапирана :nesvest:!!!
Тргавме вчера во посета на тој дел од земјата ни. Јоаким Осоговски, Паланка, Рибникот (кој не бил, задолжително да оди. Езерца, мини зоо, мини детски луна парк и фантастично ресторанче).
Следна дестинација-Кратово. На прв поглед, многу живописно. Мостовите, куќарките, чаршијата...Местенце со големи потенцијали во себе и ако некој земе серизно да го средува ќе го направи вистинска туристичка атракција. Но луѓе божји! Изгладнавме од шетање и ај ќе седнеме на ручек. Но што, што, што? Има само еден ресторан каде што немаше место оти некој правеше парастос и една пицерија каде што на менито имаше само еден вид пица и селско месо :uvo:. Нема Комерцијална банка, нема Стопанска банка, нема менувачница...а јас па уште ги прашувам локалците каде има банкомат :nesum:. Сфатив колку ние скопјаните врска немаме од реалниот свет, колку сме разгалени, шминкери, итн...Срцето ме здоболе. И да, на крај отидовме кај Камените Кукли кои изгледаа невидено моќно и толку величенствено !!! Сте биле?
Тањушка може ке те нанесе патот пак накај Кратово па малку да ти објаснам како на тебе така и на останатите кои ке "залутаат"навака. :smir:Кратово е малечко гратче па би требало да се снајдеш нема шанси да се изгубиш.На градот можеби му фалат многу работи...незнам,но еве како на пример да почнам од банките.Има македонска банка,Силекс банка и КИБ банка.Има банкомат на стопанска банка во центарот на градот има банкомат на влезот на Силекс банка во соработка со 9 други македонски банки(за комерцијална не сум баш сигурна).
Во градот има 2 ресторани и неколку помали кафанчиња,има сендвичари бурекџилници,кафичи,нокен клуб,интернет кафулиња,базент ,спортска сала,стадион,градинка, основно и средно училиште,дом на култура ,музеј , библиотека...што уште треба повеке за вакво малечко гратче како нашето?
Лошата страна е тоа што во Кратово замре стопанството .Не работи ниту една поголема фабрика АД Иднина,АД Силекс ,рудникот , кристалограверницата,килимарата ...како водечки финансиски извори на времето.Градот живее од платите на малкумината буџетари и вработените во неколкуте јавни претпријатија,вработените во малите приватни фирмички и скромните примања на работничките во конфекциите.
Затоа не ни замерувајте Вие дојдените од страна за нешто ако не можеме да Ве услужиме,и не ни се потсмевајте што кафето е 10 денари или што ќе јадете и пиете цело друштво до сабајле и притоа ќе платите некоја смешна сума која ја давате за еден " партал"од скапите и елитни бутици во Рамстор и ГТЦ.Не ни се потсмевајте и немојте да мислите дека овде живеат некултурни и необразовани луге.Овде се живее или се преживува.Таков е животот на " малите луге "во малите градови.
Но дека имате причина повеке да го посетите градот се секако историските културни споменици со кои ние Кратовчани се гордееме.Не би сакала да пишувам нешто а што не е напоменато претходно.Само навратете се малку наназад и погледајте ги постовите на Штранга- доволно кажуваат.
И бидете сигурни дека овде ќе бидете срдечно и топло пречекани. Впрочем "малите луге"од малите градови се многу погостопримливи.
Тањушка наредното доагање во Кратово те честам една голема Кратовска пастрамајлија со суво пушено месо ...ке ми биде чест и задоволство.Еве причина да не посетиш повторно и да го подобриме впечатокот од претходниот пат.:helou: