Кратово

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
e ajde de narod samo zbore e abe ja te viduva u ketenovo setase so nekoga ali glupo mi bese da zastanuju nemase smisla i tekoj ajde ke se videmo u juli
 
Цоцев камен- древна опсерваторија

Во близина на градот Кратово, кај селото Шопско Рударе се нао-ѓа еден од најимпозантните локалитетети во нашата земја Цоцев камен. Овој локалитет сметсен во источниот дел на Македонија е еден од најзначајните споменици на културата, не само во земјата, туку и пошироко. Пронајдоците кои се откриени се единствени не само во регионов, туку и во европски размери. Ентузијазмот на проф. Душко Алексовски и неговото импозантно откритие ги заинтересира сите светски експерти, кои искажаа воодушевување за овој локалитет, зачаен за човековата цивилизација. Едноставно, секоја средба со овој локалитет импресионира, возбудува и изнудува воздишки. Локалитетот претставува праисториска опсерваторија во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот во карпата се изработени неколку седишта како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштето се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. На неколку стотици метри се наоѓаат мегалитите, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите, со дополнителните врежувања врз нив или врз камењата во непосредна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува опсерваторија или пак измислена приказна која мора да има краток рок на важност.

Развиените населби во непосредна близина на Цоцев камен, од времето на неолитот и бронзеното време се меѓу најсилните докази дека овој дел од комплексот наречен Цоцев камен претставува праисториска опсерваторија, во вистинска смисла на зборот. Од платото, кон најгорниот дел од карпата водат скали, а веднаш врз опишаната пештера е изработен голем базен за вода кој бил рач-но полнет. Водата се испуштала на денот определен за ритуално капење. До овој базен се стигнува со голем ризик.

Cocev kamen, Kratovo / Цоцев камен. Кратово

Од задната страна на Цоцев камен во една мала пештера за првпат на територијата на Македонија и Балканот воопшто, д-р Душко Алексовски откри сликана карпеста уметност, а меѓу сликаните елементи во самата средина на пештерата, доминира насликаниот орант, а на левата негова страна се забележува насликано дрво на животот, елемент кој има аналогија во гравираните дрва на животот врз керамичките садови од времето на неолитот. Употребена е црвената боја, која се инфилтрирала во самата карпа.

Втората пештера која е со идеална акустика, претставува идеална концертна дворана. Цоцев камен е дел од една развиена праисториска култура.

Локалитетот датира од бронзеното време. Има и остатоци кои се од железното време, како и од антиката. Во овој карпест предел издлабени се голем број дупки, кои во дамнешно време луѓето ги правеле за да си го олеснат движењето и да најдат покус пат. Локалитетот укажува колку е идеално проектиран за непречено движење по карпите без никакви ризици, нешто што не е случај денес. Првиот наод води кон една пештера, која во палеолитот и во неолитот била прилагодена според потребите на луѓето, кои живееле на овој простор.

Во непосредна близина на пештерата е откриена коскена Геа Матер, нешто што укажува дека пештерата била користена во старото камено време.

Првенствено над оваа пештера постоела помала пештера која подоцна била преуредена за извршување на ритуални церемонии. Духовните водачи на племето, пештерата ја адаптирале за ритуални цели со тоа што ги издлабиле северната и јужната страна на пештерата и така добиле рамна површина која била идеална за изведување на религиозни обреди и церемонијални активности. Дека пештерата била користена за духовни потреби упатува и фактот што во самата карпа се изработени корита со двојни простории (мал и поголем), кои се слични на коритата откриени во Пелагонија. Оттука може да се заклучи дека тие немале практична намена, туку исклучиво ритуална.

Тука несомнено бил негуван култот кон плодноста, типичен за овој временски период. На тоа укажуваат карпестите гравури од типот на долино формите и од типот на квадратните и полукружните вдлабувања, кои се изработени на самото дно на пештерата. Во локалитетот Цоцев камен се негувал и култот кон богот на виното. Негувањето на култот кон богот на виното и богот на плодноста го вршеле со тоа што дарувале керамички, стаклени, камени и коскени предмети кои ги кршеле на самото место во пештерата. Еден дел оставале во пештерата, а еден дел од даруваните предмети вра-ќале во својот дом и на тој начин тие воспоставувале врска со боговите од кои очекувале заштита. До овој факт е дојдено, бидејќи на сите дарувани предмети (корита и сл.) им недостасуваат делови. Од основата на Цоцев камен до самата пештера водат скали, кои продолжуваат до местото за жртвување. Местото за жртвување е пространо плато кое исто така е изработено во карпа со површина од околу 100 м2. На вертикалната карпа од северната страна е изработена рамка, со вдлабнувања од десната и левата страна, каде според пишувањето на професор Стеван Симиќ од 1911 година се нао-ѓал портрет скулптура на непознат бог.

Уште поимпресивен е вториот простор на локалитетот. Според описот на професор Стефан Симиќ пред влезот се протегала патека од левата и десната страна, а во средината на патеката биле поставени поголеми делумно обработени камења. Интересно е да се забележ и дека патеката била калдрмисана. На почетокот на патеката од двете страни биле поставени два големи обработувани камења. Влезот бил добро чуван од вооружени лица кои стоеле пред првата и втората порта која претставувала вистински бедем. Тоа придонесувало за мирен тек на церемониите и ритуалите од различен вид. Интересна е и изработката на самата карпа. Во неа е изделкан престол и мала платформа, која служела за лицата кои стоеле веднаш до лицето кое седело на престолот. Веднаш зад ова лице била изработена врата и мала платформа за мал број луѓе. Пред самиот престол се наоѓа платото за официјални лица кои ги следеле церемониите. Реконструкцијата на платото е направена според остатоците од старата калдрма.

Овој локалитет веќе го привлекува вниманието на експертите од областа на археологијата, палеолингвистиката, археомитологијата и археоастрономијата. Локалитето го посети и познатиот бугарски археолог праисторичар проф. д-р Стефан Чохаџиев, кој изрази воодуш евување од импознатноста на објектот во секоја смисла на зборот, како и научните работници Филип Маринвал и Катрин Команж од Франција.

За овој објект особен интерес покажа и нашиот познат и признат тенор од светски глас, Борис Трајанов кој го посети локалитетот во името на УНЕСКО.

Локалитетот Цоцев камен досега беше посетен од универзитетски професори од: Ријад-Саудиска Арабија, Рим-Италија, Лос Анџелес-САД, Сан Петерсбург-Русија, Торино-Италија, Осака-Јапонја кои изразија воодушевување од се она што го забележаа на локалитетот и неговата околина. Едноставно, тие заклучија дека Цоцев Камен е вистински извор на светската праисториска култура и писменост и дека во скора иднина ќе биде во центарот на интересирањето на светската научна јавност, што веќе и се случи. Овој локалитет доби во значење по документирањето на испишаните глинени плочки, од времето на неолитот и бронзеното време и камените и глинени скулптури со претстава на божица птица откриени во негова непосредна близина.

Значајно е да се спомене дека во Кратово егзистира Македонски центар за карпеста уметност, кој е формиран во 1991 година и е член на Светската федерација за карпеста уметност. Македонскиот центар за карпеста уметност во 2002 година го организираше Светскиот конгрес за карпеста уметност од 14-21 јули, на кој учество земаа претставници од сите континенти. Исто така, Центарот ги организира сите истражувања од областа на карпестата уметност на целата територија на Р. Македонија кои се потпомогнати од Владата на РМ, УНЕСКО како и од бизнисмени од државава и странство. Центарот, за само 15 години депонира 15.000 фотографии во своите архиви со целосна методолошка обработка. Центарот за карпеста уметност со добра организациска способност ги заврши истражувањата на целата територија на Р. Македонија.

Во Македонија се формирани и повеќе општински центри за карпеста уметност. Еден од поактивните општински центри е Кратовскиот општински центар. Со нивна иницијатива и организација во подготовка е и постојана поставка од областа на карпеста уметност за Кратовската област. Исто така Општинскиот центар има во тек и неколку проекти едниот е еден од најимпресивните кој е за ревитализација, заштита и промоција на локалитетот Цоцев камен, а финансиски е поддржан од Светската банка. Во тек е и реализација на друг проект за реконструкција на едно интересно светилиште во месноста Маркова Куќица.

p_1180697252.jpg

p_1180697523.jpg

p_1180697551.jpg

p_1180697581.jpg

p_1180697610.jpg
 
nekoi stari kuki

p_1180710945.jpg

p_1180710981.jpg

p_1180711009.jpg

p_1180711033.jpg

p_1180711072.jpg

starite borovi
p_1180711131.jpg

staro bure zacuvano :)
p_1180711153.jpg
 
vakvi podzemni tuneli postojat pod celiot grad

p_1180711277.bmp

p_1180711366.bmp

p_1180711467.bmp

p_1180711551.bmp

p_1180711609.bmp
 
Prorabote li bazeno?Kolku e karta.Sredija li go malko?Ova leto teshko deka ke go vidam KratovoMoze bi na kraj na juli eventualno!!!Pozdrav golem do Kratovchani(i Kratovchanki:smir:)
 
P.S.Onaa kukata(na raspagjanje)od slikata na Schtranaga,slikana na kaj Radin Most,slushnav deka ima dadeno golema donacija (od EU)za rekonstrukcija.Pripagja na edna poznata Kratovska familija(???),i na vremeto za nea se zborelo deka nema poubava od Belgrad do Solun.Ajde Kratovchani osvezete mi ja memorijata
 
party bracker напиша:
Prorabote li bazeno?Kolku e karta.Sredija li go malko?Ova leto teshko deka ke go vidam KratovoMoze bi na kraj na juli eventualno!!!Pozdrav golem do Kratovchani(i Kratovchanki:smir:)

Базенто још не е пуштен,ама како и да е изгледа до крај на јули додека ти да дојдеш ке га пуштет.:helou:
А иначе плочата почна да работе па надамо се и на жива музика у скоро време.:cug: :music5: :party1:
 
Базенто још не е пуштен,ама како и да е изгледа до крај на јули додека ти да дојдеш ке га пуштет.:helou:
А иначе плочата почна да работе па надамо се и на жива музика у скоро време.:cug: :music5: :party1:
e izvini a moze li da znaeme koja si, ako si od kratovo pozdrav.
 
Prorabote li bazeno?Kolku e karta.Sredija li go malko?Ova leto teshko deka ke go vidam KratovoMoze bi na kraj na juli eventualno!!!Pozdrav golem do Kratovchani(i Kratovchanki:smir:)

:costumed2 Од денеска 10 јули базентот дефинитивно проработи .Картата е 30 денари .Па ПОВЕЛЕТЕ
 
:costumed2 Од денеска 10 јули базентот дефинитивно проработи .Картата е 30 денари .Па ПОВЕЛЕТЕ


moze so boncinja da se plaka ? :) se nadevam deka malku od malku e renoviran , i deka vodata ke bide cista, se gledame kraj juli :vozbud:
 
moze so boncinja da se plaka ? :) se nadevam deka malku od malku e renoviran , i deka vodata ke bide cista, se gledame kraj juli :vozbud:

Stranga iskreno neznam dali moze da se plaka so bonovi .Inace vodata s`k za s`k e ok za posle ke pocekamo da videmo kako i kolku ke rabotet "novite" filtri. :helou:
 
najdov nekoi ponovi sliki od Kratovo , pa da gi podelam so vas :
 

Attachments

  • kolaz_-_Crkva_Kratovo_1_-_nadvoresno_(Large).jpg
    kolaz_-_Crkva_Kratovo_1_-_nadvoresno_(Large).jpg
    77,3 KB · Прегледи: 29
  • kolaz_-_novo_Kratovo_1_(Large).jpg
    kolaz_-_novo_Kratovo_1_(Large).jpg
    85,3 KB · Прегледи: 31
i eve uste sliki
 

Attachments

  • kolaz_-_pogled_od_Saat_kula_1_(Large).jpg
    kolaz_-_pogled_od_Saat_kula_1_(Large).jpg
    96,2 KB · Прегледи: 30
  • kolaz_-_pogled_od_Saat_kula_2_(Large).jpg
    kolaz_-_pogled_od_Saat_kula_2_(Large).jpg
    128,2 KB · Прегледи: 27
  • kolaz_-_prva_presija_od_kratovo_(Large).jpg
    kolaz_-_prva_presija_od_kratovo_(Large).jpg
    102,2 KB · Прегледи: 28
  • kolaz_-_Saat_kula_1_(Large).jpg
    kolaz_-_Saat_kula_1_(Large).jpg
    78,6 KB · Прегледи: 26
  • kolaz_-_stara_carsija_1_(Large).jpg
    kolaz_-_stara_carsija_1_(Large).jpg
    99,7 KB · Прегледи: 28
Abe koj se osmeluva da kaze nesto loso za Kratovo. Kratovo e najdobro mesto vo MK posle Skopje i Ohrid. Kratovo e edinstven grad kade sto 50% da pa mozebi i poveke od 50% od domakinstvata imaat internet blagodarenie na hotnet. Imeme svoj zabaven portal koj vo posledno vreme malku e slab so informacii i taze nov forum. Go rabotime jas i kolegata Extremex (samo ne gledajte source code :) zasto zaboravivme da izvadime kodot od kade e kopiran templejtot)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom