Краставици или домати?

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Домати домати доматииииии!!!
дефинитивно повеќе домати иако скоро секој зеленчук ми се допаѓа.
 

Master!

Доктор Глобил
Член од
5 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
6
Краставица си е краставица според мене јас би го избрал тоа, мислам дека повеќе освежува, а Домат не обожавам многу :toe:
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
домати со свеж босилек и залиени со маслиново масло, убивствена комбинација, преубаво!
 
U

UniqueGirl

Гостин
Краставица

Краставиците се зеленчук со малку хранлива вредност и големо количество вода - околу 96 отсто. Сто грама краставици даваат само околу 10 калории, па е мошне важен зеленчук во сите диети. Содржат значителни количества на витамините А и од групата Б. Од минералите најмногу има магнезиум и железо, а нешто помалку калциум и фосфор, што е важно за развојот на забите кај децата.
За јадење треба да се избираат плодови кои не се зрели. Младите плодови може да се користат без лупење, т.е да се сечат со кората, бидејќи тогаш имаат значително повеќе витамин Ц.
Краставиците се мошне здрави и корисни во борбата против целулитот. Добро е да се јадат краставици поради разните егземи и нервоза, како и превентивно против создавањето на камен во бубрезите, посебно во салати со магдонос и лук, умерено посолени.
Таквата салата може да се зачини со маслиново масло ( зашто покрај магдоносот е добро и за бубрезите ), со кисело млеко или со јогурт. И едната и другата варијанта е добра поради елиминацијата на вишокот течности и на штетните отпадни материи од организмот.


Домати

Зрелите плодови на доматите содржат многу шеќер ( околу 4 отсто ), околу 1 отсто белковини и билни влакна во умерени количества . Еден средно голем домат содржи половина од дневното количество на витаминот Ц и околу една петтина од дневните потреби за витаминот А. Од минералите најмногу има калиум, потоа калциум, магнезиум и железо.
Лековитите својства на доматите се во подобрувањето на варењето и во регулирањето на столицата, ги смирува хемороитите ја намалува можноста од воспаление на слепото црево. Ги намалува ревматичните болки, ја подобрува крвната слика и го намалува ризикот од настанување на рак. Доматот содржи и каротин липокен, што е дополнителен момент во намалувањето на ризикот од рак. Уште доматот се користи за закрепнување и издржливост, па нутриционистите им го препорачуваат на трудниците, децата, на старите и болни лица.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Краставица или домат??

Мене ми е сеедно...... за салата ми се.
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Патлиџан не јадам така да крастајца.:smir:
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
+
Нема смисла да се бира...
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Патлиџан...крастајци не јадам многу:):)
 

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Повеќе сакам домати, ама и девете во комбинација у Шопска салата се одлични
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
Ја би Шопска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom