Две реванш средби од четврт финалето во Лигата на шампионите се играат вечерва. Иако ќе се судрат четири големи тима се чини дека нема да има голема незивесност.
Челси со неочекувана предност го дочекува Ливерпул. Бранислав Ивановиќ беше херој на првиот дуел на „Енфилд“ на кој домаќинот го претрпе првиот овосезонски пораз во елитното натпреварување и по први пат по речиси 40 години загуби на првиот натпревар во нокаут фазата како домаќин во сите европски натпреварувања.
Црвените вечерва имаат тешка задача, ќе мора да постигнат најмалку три гола за да се надеваат на пласман во полуфиналето.
„Истанбул треба да биде инспирација. Знаеме дека ќе биде тешко но сеуште се надеваме. Доколку некој може да направи пресврт тоа е Ливерпул. Секако, тоа ќе биде голема мисија, но нема што да загубиме. Доколку ние одиграме фантастичен натпревар а тие имаат лош ден, тогаш имаме шанси", изјави Пепе Реина.
Баварците на првиот натпревар на „Ноу Камп“ доживеаја голем дебакл откако по само 45 минути губеа со убедливи 4:0.
„Знаеме дека нема да ја победиме Барселона со четири гола разлика, свесни сме за тоа. Но ќе играме со гордост и карактер и ќе им дадеме на нашите фанови одличен натпревар од Лигата на Шампионите“, рече Клинсман.
Ниту еден тим не успеал да се врати од четири гола дефицит во Лигата на Шампионите па Клинсман полека се насочува кон Бундеслигата, каде што се три бода зад лидерот Волфсбург.
Можни состави:
Челзи (4-3-3): Чех - Ивановиќ, Алекс, Карваљо, Е. Кол - Балак, Есиен, Лампард - Калу, Дрогба, Малуда
Ливерпул (4-2-3-1): Риена - Арбелоа, Шкртел, Карагер, Аурелио - Чаби Алонсо, Маскерано - Кајт, Џерард, Риера - Торес
Баерн (4-2-3-1): Бут - Одо, Демикелис, Лусио, Лам - Вам Бомел, Зе Роберто - Алтинтоп, Швајнштајгер, Рибери - Тони
Барселона (4-3-3): Валдес - Алвес, Пике, Пујол, Силвињо - Чави, Туре, Иниеста - Меси, Ето, Анри
ИЗВОР - http://www.a1.com.mk/vesti/fudbal/default.asp