Кој ја создаваше „бугарштината“ во ВМРО

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
КАКО СТАВРЕ И ГРОЗДЕ СЕ БОРЕА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ

Многу интересна беше улогата на одредени луѓе кои ја понудија својата помош и поддршка на мене, како и на луѓето од интелектуалното крило во нашите напори да му помогнеме на Георгиевски да се справи со криминалците во своите редови. Овдека само на кратко ќе ви ја кажам епизодата за двајца од нив: Ставре Џиков (назначен од ВМРО ДПМНЕ за Јавен Обвинител на РМ) и Гроздан Цветковски (еден од некогашните "оссумина" во РСВР, а во последниве години функционер во Агенцијата за разузнавање).
Нивното појавување во Куманово коинцидираше со кулминацијата на спорот меѓу кланот Даравелски и интелектуалното крило, вклучувајќи го и пратеникот Ненад Ристовски. Џиков и Цветковски неколку пати доаѓаа во Куманово. Од тие собирања, посебно би сакал да ја истакнам средбата во куќата на Драган Јаневски – Џамбаз, на кој присустував јас, заедно со д-р Јордан Наумов, д-р Ненад Ристовски, внукот на Драги Богдановски - Драган Петковски и Драган Јаневски. Се договоривме, кривичната пријава против Драган Даравелски од НБ на Македонија да ја доставиме како анонимно писмо до Ставре Џиков, така што кога Ставре Џиков ќе биде назначен за Републички Јавен Обвинител, би реагирал веднаш. Џиков беше назначен за Републички Јавен Обвинител, но, од договорот што падна во куќата на Драган Јаневски немаше ништо. (Јас и Гроздан Цветковски имавме повеќе состаноци на кои, јас, како на човек на кој му верував дека е дел од луѓето што сакаат да се борат против криминалот, му дадов материјали (дискета и примероци на цигари) од Тутунски Комбинат-Куманово, кои што јасно го покажуваа шверцерскиот синџир. Најиндикативен пример е информацијата за трите камиони, а тоа се: камион со рег. таб. СК 082 ФН, возач Трајковски Миле, наполнет со 10.000 кг. “Партнер”, а во испратницата беше напишано дека има цигари “МТ”; камион со рег. таб. ЈА 10-66, ЦА 592-47, возач Чакаревиќ Благоја, наполнет со 10.330 кг. “Партнер”, а на испратниците пишуваше дека има “МТ”; и камион со рег.таб. СК 966 ХЕ, возач од ”Македонија Табак”, наполнет со 2.300 кг. цигари од марката “Регал”, а во испратницата исто така стоеше дека се вози “МТ”. Информацијата требаше да и биде предадена на МВР која требаше да направи контрола и да ги фати шверцерите на дело!
Додека камионите сеуште беа во кругот на фабриката, и покрај упорните инсистирања на некои од вработените кон Љубе Бошковски и Пане Велев да ги отворат камионите, тие и двајцата изјавуваа дека испратниците се добри, и не ги отворијат камионите.

Тодор, за текстовите да ти испаднат на кирилица, за да може полесно да се чита, ќе го конвертираш тука
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Последниве постови некако како да ми забегаа од темата,или и оваа ќе се сведе на шверц со цигари каде Бранко е главен актер?:toe:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Последниве постови некако како да ми забегаа од темата
Не се забегани од темата, АБЦ, но мислам дека најголем дел од учесниците на форумот се премногу млади за да ги памтат овие настани - ако воопшто имале прилика да слушнат за нив.

Не е зборот за шверцот на тутунот сам по себе, туку на еден специфичен субмодалитет на оваа криминална активност. Слично како и УЧК со дрогите, СДСМ-афијата во деведесттите години ги користи фондовите од профитот при криумчарење и за строго наменски политчки цели. Една од тие цели е дискредитирањето на ДПМНЕ преку дејствување “одвнатре“.

Ванчев Тодор спомна три личности кои активно работеле на таа цел. Сите тројца имаат за кусо време направено голем капитал, сите тие го имаат инвестирано капиталот во финасирање на ДПМНЕ, - но и сите тројца исто така профитот го правеле со покритие на СДСМ. Резултат од нивниот “придонес“ кон ДПМНЕ се денешните неприкосновени позиции на Доста, Љубче, Србиновски итн.

Првите двајца ги нема, но за третиот, Борис Стојменов, луѓето кои се денес блиски до раководството на ДПМНЕ би можеле да пружат некаква информација. Зошто, на кој начин му успева, да биде поденакво “недопирлив“ било да е на страната на ДПМНЕ било на страната на СДСМ - и во едниот и во другиот случај да му биде подеднакво исплатливо да “помага“. Најблаго речено, неговиот однос кон “патриотизмот“ е контроверзен.

П.С. Сепак најмногу виновни сте вие од Прилеп. Да го искорневте на времето тутунот и да почневте во знак на протест да садите само краставици, олигархијата во Македонија денес не ќе беше ни половина од тоа што е ...
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Да го искорневте на времето тутунот и да почневте во знак на протест да садите само краставици, олигархијата во Македонија денес не ќе беше ни половина од тоа што е ...
Во такви случаи, опозицијата би била прва што би потегнала таков вид на протест кај народот, ама пустата и таа си мљацкаше кеш од шверцот на тутунот...А на Стојменов ќе му се фатат и едните и другите...сите „фрлања на пари по бунари“, се неговото школо(пари по бунари, мислам на изнесувањата на енормно голема сума пари од Македонија во странство од осамостојување досега). Сетоа тоа убаво замаскирано позади нечија „бугарштина“, или нечија „стара слава“...
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Последниве постови некако како да ми забегаа од темата,или и оваа ќе се сведе на шверц со цигари каде Бранко е главен актер?:toe:
Takva mu e zadacata na Vancev- popara. Zosto administratorite toleriraat dupli nikovi ?
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Сетоа тоа убаво замаскирано позади нечија „бугарштина“, или нечија „стара слава“...
сума сумарум..следи ги парите..додека се филозофира тука пари се прават некаде...ФАКТОТ останува

дека во Вмро има струи / постари и помлади , со пробугарска орентација..фактот останува дека во СдС почнувајки од спикерите и нивните прзимиња има и ке има луге тесно поврзани со брача срби нивно подземје и разно разни служби...

и ФАКТОТ останува дека кога се работи за пари и криминал овие горе први ке си подадат рака и ке работат братски и со љубов..зошто како и нивната бугаросрпштина така и се друго е мотивирани и движено од пари....

прашањето е...ШТО МОЖАМ ДА СМЕНАМ???
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
http://macedonia.freewebspace.com/ljubcho.html

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македониjа, Љубчо Георгиевски одговара и полемизира на темата за национално помирување

.......Завршна анализа од реперската политика на господинот Катарџиев
Ќе се обидам да ги применам реперите на господинот Катарџиев за национално помирување на најголемиот и без сомнение најдокажаниот син на македонската револуционерна ослободителна борба Гоце Делчев. Како прво, политичката програма за самостојна Македонија, Гоце Делчев нe ja исполнува од едноставна причина што крајниот негов политички дострел бил автономија на Македонија. Идејата за самостојнa македонска држава и нејзината прокламација во рамките на историското BMPO, ce jaвyва дури со Тодор Александров, а се зацврстува со Ванчо Михајлов. Но, да одиме со другите репери: македонски jaзик, македонско писмо, македонска нација и македонска црква. Само спомнувајки факти од неговата биографија: целото свое школување родителите на Гоце го доверуваат на бугарската егзархија. Откако го завршува основното училиште татко му го праќа во бугарска солунска машка гимназија, а потоа заминува за Бугарија за да стане бугарс-ки воен старешина. Школувањето го прекинува и се врака во Македонија како бугарски егзархиски учител каде мегу другото на децата им предавал како мајчин /бугарски/ јазик. Се зачленува во 1893 или 1984 година во едиа оргазација којa се вика Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети и за кратко време станува еден од нејзините врвни раководители. Избран е за задграничен претставник во Софија каде што редовно кога е таму, замислете - присуствувал на седниците на врховниот комитет и активно учествувал во донесувааето на многу одлуки, а мора да се каже дека имал и големи пријатели во Врховниот комитет како што е на пример, Борис Сарафов на кого заедно со Ѓорче Петров му организирале да стане претседател на Врховниот комитет.

Значи сите репери се прекршувваат на најолемиот син на македонскиот народ Гоце Делчев и нajвepojaтно со вакви биографски карактеристики да беше жив 1945 година, кога србокомунистите го направија државниот удар за останување на Македонија во Југославија. Делчев ќе беше еден од првите кои ќе завршеше во познатото Идризово.

Ova mu bese vo kontekst na slednovo ama ne mozam da go najdam originalniot link.
http://macedonia.freewebspace.com/goce.html
НAJ-СТРАШНОТО ЗА НАШИОТ НАРОД

се разцепувањата, кои ги ослабуваат силите и помагаат на непријателите. Еве што пишува за обидите за разцепување Апостолот на Македонија Гоце Делчев на 5 јануари1899 година во писмо до Никола Малешевски:

„...Отцепувањата и разцепувањата никако да не те плашат. Дејтвително жално е, но што да правиме, кога сме си Бугари и сите страдаме од една општа болест! Ако таа болест не соштествуваше во нашите прадедовци, од кои е наследена и во нас, немаше да паднеме под грознииот скиптер на турските султани..."

Goce se izjanuva kako Bugarin a Todor i Vanco ne ? Izvrtuvanje na istorijta koja ja sledi i negoviot licen Vanco Mihajlov ako se zeme deka toj e ponoviot Todor.
I uste nesto, Todor go eliminira Gorce isto kako Dosta i Milosovski sto gi eliminiraa na pomoderen nacin, Filip Petrovski & comp.(se misli na makdeonskoto krilo vo dpmne)

E sega, idemo dalje :
ИНTEPBЈУ НА ИВАН /ВАНЧО/ MИXAJЛOB ВОДАЧОТ НА ВМРО ПОСЛЕ 1924 Г.
РАЗГОВОРОТ Е ПРОВЕДЕН СО КОРЕСПОНДЕНТ НА В. „ХРВАТСКА" ВО 1970 г.
ПРАШАЊЕ: Во што се состои, поточно во што може да се види некаква разлика измеѓу кралскиот и комунистичкиот режим во Македонија?
ОДГОВОР: Кралскиот режим започна веднаш со посрбувањето. А сегашниот режим ја усвои препораката на српскиот политичар Стојан Новаковиќ, која тoj кон кpaj на минатиот век ja даваше на белградските одговорни фактори. Против Бугарштината, кoja ја признаваше Новаковиќ дека има длабок корен во Македонија, мастерски треба да се противопостави „македонството", т.е. треба да се използува географското име на земјата.(vakvi stavovi vekje cuvme od Ljubce)
Титовци(eve od kade e nasledena omrazata kon rezimot na Tito kaj dpmne) започнаа со физички напади врз бугарската интелигенција и сите влијателни Бугари.(odlicno kazano kolku da se znae koj , kako , sto) Истовремено започнаа и систематска пропаганда, дека Македонците се оделна народност, а не Бугари. Оваа демагoгија со географското име достигна огромни размери.(do den denes)
Верно е, дека ние покрај нашето бугарско име сме се нарекували и македонци, но само во онаа смисла како далматинците Хрвати се нарекуваат себе си далматинци, или херцеговците Хрвати - се нарекуваат и херцеговци. Во Македонија Турците, Грците и Ароманите исто се означуваат и како Македонци.
Секој малку пописмен човек знае, дека во скоро сите европски земји има области со различ-ни географски имиња, а суштествуваат и племенски имиња. При Бугарите имаме географски имиња: Добруџа, Тракија и Македонија, но и денес се среќаваат уште племенски имиња: рупци, торлаци, брсјаци, мијаци, шопи.
Ако новите скопски жупани, поради омраза против Бугарштината, сакаат под маската на гео-графското име да прогласуват „Македонска народност", логично е да ги запрашаме: зошто не ги прогласуваат во својата жупанија како оделна народност Брсјаците, така како населението околу градовите Кичево и Крушево е позното под истото име?
Во Италија и Германија би следувало, врз основа на географски и стари племенски имиња, да бидат прогласени барем десетина нови „народности". Но никој не тргнува по таков погрешен пат, освен зеслепените шовинисти од категоријата на Новаковиќ, или оформилите се во негов дух рене-гати, какви се денешните комунисти во Македонија под југословенска власт.
Кажав, дека имињата Македонија и Далмација се стари, како е старо името Галија (денешна Франција). Но не суштествуваат народности македонска, далматинска или галска".

Иван (Ванчо) Михајлов 1970
I ? Kako bese naslovot na temata Vancev ? Sto mi tupis so tie cigari vekje 10 god. po forumive. Mora da si bil i ti vo shema stom tolku mnogu si informisan za dete Dalaversko :toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Не се забегани од темата, АБЦ, но мислам дека најголем дел од учесниците на форумот се премногу млади за да ги памтат овие настани - ако воопшто имале прилика да слушнат за нив.

Не е зборот за шверцот на тутунот сам по себе, туку на еден специфичен субмодалитет на оваа криминална активност. Слично како и УЧК со дрогите, СДСМ-афијата во деведесттите години ги користи фондовите од профитот при криумчарење и за строго наменски политчки цели. Една од тие цели е дискредитирањето на ДПМНЕ преку дејствување “одвнатре“.
Novinarskiot tekst e ushte edno otvoreno pole vo "krienkata" :

Како и кога сето тоа почна? Сега не е ни веќе важно, иако тие што сакаат сами да истражуваат, нека повелат во архивите да „прокопаат“ за настани од пред дваесетина години. Почетна точка - случајот „Осумтемина“ во МВР. Нека не ги забораваат и операциите од тоа време на моќните тајни служби на Србија. Операциите како „Опера“, на пример. Референтни лица - повеќе. Дел од нив сега се „бавтаат“ нешто со бизнис со Грци и се прават дека не се од тука, пензионерски тргувајќи со по некоја информација, колку за дополнување на скромната пензија од Службата. Дел се' уште се во политиката и ги оправаат сите можни „патишта“, од првиот до третиот. Дел се во Русија или во Швајцарија. И тие се занимаваат со „бизниси“. Нешто цигари, нешто нафта и метали, нешто прашок и слично. Дел, „ледено“ глумат лудило во хашки Шевенинген. Добар дел од „креациите“ на гореспоменатите лица се под земја. Или „одмораат“ во Централниот затвор во Белград или во Идризово. Кој за атентати, кој за поликолор... Само оние поситните и посреќните го доживеале феноменот „Алија Шакиќ“ и добиле заслужена пензија директно од Институцијата. Значи, да заклучиме. Не треба да се леат крокодилски солзи и да се лажат граѓаните за нешто што е вештачка, лабораториска креација и производ на еден систем, мошне добро познат на овие со солзите. Во тој систем и тој политичко-полициски монструм спаѓаат и те од Факторот, чии гласачи одвреме-навреме крваво се користат за некои поглобални (2001 г.), а не само изборни калкулации. Се разбира, некогаш нешто од таа креатура ќе излезе од контрола. Некогаш, некое дете (од Правен или од Економски факултет, на пример) ќе стане преамбициозно и ќе почне да се доживува како реформатор. Па ќе направи, троа беља по партиско-полициско-мафијашки интереси и бизниси. Понекогаш и нашите стратегиски пријатели од Запад ќе изненадат со по некоја реформа истуркана со нивни мускули и нивна сила, додека овде планот бил да се држат статус кво работите уште, сал, еден мандат...
Значи, структурите што се' уште ги влечат конците се тревожат од непредвидени ситуации, како што впрочем им се случија со последните два премиера. Но, крајно безобразно е да се кука за „страховладата“ на Груевски, а истовремено се охрабрува да направи нова широка коалиција со ДУИ и ДПА (без СДСМ, демек, за да се зачувал „хименот“), а притоа уште да се храбри да го промени името на државата, но да се одбранел идентитетот. Згора на тоа, со некрофилско сладострастие јавно да се изразува радост за тешките денови што ги чекале „преродбенициве“. Овие, де, што ако „не сме се ослободиле од нив, демек, тие ќе не' ослободеле од државата“!? Лицемерно е и патолошки, без оглед кој се' од странство го поддржувал овој нов „креативен изблик“ на СКМ-СДБ (СГ). Наместо таков безобразлак, треба чесно да се одговори на едно просто прашање: Зошто со толку големата посветеност кон демократијата и пазарната економија на сите досегашни гарнитури во земјава, а под печатот на СКМ - СДБ (all generations), по две децении сме доведени до апсурдни и очајни ситуации? Како на пример оваа, Косово да има држава, а Македонија да мора и името да го менува? Зашто сите работеле за Белград можеби (и за себе, се разбира)!? Со исплата преку Лимасол, а понекогаш и од Атина и Солун директно! Што за тутун во транзит, што за нафтоводни цевки, што за пролеана крв на избори...

Теофил Блажевски (Авторот е новинар)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0A6240A23E3115449F25A54E352F066C

ps.Pavel ti veke jasno go gledash likot.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Sudirot Dimovska-Zmejkovski ili "bugarofili"-"makedonisti".Mal uvod
Fokus br. 216 od 06. avgust 1999g.

" Има една ситуација кој многу кажува за антивмровското работење на Димовска. Веднаш по првиот изборен круг во 1994 г. таа го убеди Љубчо Георгиевски од потреба да одат во Бугарија. Следеше еден силен медиумски удар од страна на СДСМ со основна теза: ВМРО – ДПМНЕ оди во Бугарија по консултации. Тоа резултираше со намалена посета на митингот кој се организираше со ДП на Петар Гошев. Знам сигурно дека Љубиша Георгиевски беше против одење во Бугарија, претпоставувајќи ги негативните последици од таа посета. По тој настан се заладија односите меѓу Љубиша и Доста. Александар Диневски, наговорен од страна на Змејковски дека Љубиша Георгиевски работи против ВМРО – ДПМНЕ, ја прифаќа сугестијата на Змејковски да оди со прислуешн апарат кај Љубиша да го провоцира, и така обезбедува “доказен” материал. Крајната цел на тоа е оддалечување на Љубиша Георгиевски од Љубчо Георгиевски, што тогаш и им успеа."

Na kongresot vo Kichevo se sluchi ushte eden nastan koj gledan po 13 godini i onaa shto se sluchi od tgash do deneska, frla ushte malku svetlo...

"Ha конгресот во Кичево во 1995 г. Томислав Стојановски го изготвува статутот на партијата со која предлага можност за лесна смена на претседателот на партијата. Обидот не успеа, но намерата беше искажана".

Nabrgu po kongresot pochnuva smena na koordinatorite na opshtinskite komitete.Smenite se pod direktno rakovodstvo na Zmejkovski-Sokolov ili KSIO.
 
Томислав Стојановски беше председател на суд уште од 70тите,а председател на суд во тоа време можеше да биде само докажан и потврден комуњар,член на ЦК на КПЈ кој пикнал во затвор барем неколку судени за Македонија.Токму такви како него беа Бугарско-Српската врска во ДПМНЕ која провејува до ден денес.:toe:
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Алоооо, има овде некој кој ве познава двајцата и не туку ми се прајте на Тошо. Одете лажете мали деца ама б'лгарчета.

Ванчев, знајме дека Виктор ти е пријателче. Без гајле биди.

Христо е Виктор Канзуров
Е, Инсомнику, да работиш какао детектив или анлитичар ке трпиш за леб. Јеби га.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom