B
Borg_Drone
Гостин
Не само „Стамболовштината“ од Арсов, туку и Арсени Јовков пишува за истото...
А Васил Кнчев кој бил и бугарски инспектор и картограф ги има наречено учителите кои се противеле на Бугарската Егзархија(во кој спаѓал и Петар Поп Арсов) сепаратисти, и бил најголемиот македонофоб.....
Тоа го пишува Арсов а го пишува и ова исто така..
Токму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не убијат... По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите општини ... им натрапуваат севозможни претседатели, директори, учители и други, за да ги контролирале (?!) сумите - единствениот мотив на бугарската пропаганда!... Да, бугарската пропаганда!
Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редакори итн. итн., а од егзархиска служба ги отстранува совесните Македонци против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети надвор од својата татковина...
..Нашите македонски учители, кога влегуваат во зградата на училиштата се чувствуваат како во некоја турска канцеларија, каде што треба добро да се обмислат и избројат зборовите, инаку биваат прогласувани за сепаратисти и тешко на нивната златна службичка...