Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.394
- Поени од реакции
- 5.021
Пишуваш глупости, од незнаење.Во реалноста облаците се многу позаслужни за одржување на топлината на планетата Земја, повеќе од СО2 како гас со ефект на стаклена градина. Погледај колкава површина од планетата е покриена со облаци, а потоа провери колкав процент е 0.04% (колку што отприлика има СО2 во атмосферата). И како што ти порачав, тргни од сопствените искуства, зошто зиме е потопло кога има облаци а поладно кога е ведро? Зошто во Сахара на Екватор навечер температурата паѓа за хх степени целзиусови oд +50 до минусни температури, иако неколку стотици километри во близина температурата нема толкави скокови?
Па СО2 има еднакво и над Сахара и над Конго. Тогаш што е тоа што го нема над Сахара а го има над Конго... СО2?
Толку ти е проблем да размислиш со своја глава? Ама па и јас што очекувам од Чоекот кој по обичај игнорира аргументи и се спрдачи како лош кловн.
Тоа е во ред, не можеме се да знаеме.
Проблем е што и тука и секаде пробуваш да протнеш некои твои ретардирани тези кои немаат врска со реалноста и се предизвикани од незнаење.
Ај едно кратко објаснување, иако е пишано претходно повеќе пати.
Точно е дека водената пареа, метанот и други гасови се далеку поголеми задржувачи на топлината од СО2.
Меѓутоа истите не остануваат во атмосферата долго и не се конзистентни.
Водена пареа може да биде 30%, може да биде 80%. Метанот е лесен во споредба со другите гасови, оди во вселената после одреден период.
СО2 е регулаторот. Не оди никаде, т.е. е (бил) во баланс од живиот свет (колку емитиран толку апсорбиран) се до неговата ненормална екстракција од под земјата.
Оттука произлегува и фактот што количината на водена пареа и до некој степен метанот се директна последица на нивото на СО2 во атмосферата.
Од друга страна, водената пареа игра друга улога. Го зголемува албедото на планетата (колку од светлината, а со тоа и топлината е рефлектирана назад во вселената), а со тоа го намалува ефектот на затоплување.
Со други зборови, ако го извадиме целиот СО2 од атмосферата, нема да има ни водена пареа, ни метан во атмосферата, бидејќи се ќе се претвори во цврста агрегатна состојба.