Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Во реалноста облаците се многу позаслужни за одржување на топлината на планетата Земја, повеќе од СО2 како гас со ефект на стаклена градина. Погледај колкава површина од планетата е покриена со облаци, а потоа провери колкав процент е 0.04% (колку што отприлика има СО2 во атмосферата). И како што ти порачав, тргни од сопствените искуства, зошто зиме е потопло кога има облаци а поладно кога е ведро? Зошто во Сахара на Екватор навечер температурата паѓа за хх степени целзиусови oд +50 до минусни температури, иако неколку стотици километри во близина температурата нема толкави скокови?

Па СО2 има еднакво и над Сахара и над Конго. Тогаш што е тоа што го нема над Сахара а го има над Конго... СО2? :LOL:
Толку ти е проблем да размислиш со своја глава? Ама па и јас што очекувам од Чоекот кој по обичај игнорира аргументи и се спрдачи како лош кловн.
Пишуваш глупости, од незнаење.
Тоа е во ред, не можеме се да знаеме.
Проблем е што и тука и секаде пробуваш да протнеш некои твои ретардирани тези кои немаат врска со реалноста и се предизвикани од незнаење.

Ај едно кратко објаснување, иако е пишано претходно повеќе пати.

Точно е дека водената пареа, метанот и други гасови се далеку поголеми задржувачи на топлината од СО2.
Меѓутоа истите не остануваат во атмосферата долго и не се конзистентни.
Водена пареа може да биде 30%, може да биде 80%. Метанот е лесен во споредба со другите гасови, оди во вселената после одреден период.
СО2 е регулаторот. Не оди никаде, т.е. е (бил) во баланс од живиот свет (колку емитиран толку апсорбиран) се до неговата ненормална екстракција од под земјата.

Оттука произлегува и фактот што количината на водена пареа и до некој степен метанот се директна последица на нивото на СО2 во атмосферата.
Од друга страна, водената пареа игра друга улога. Го зголемува албедото на планетата (колку од светлината, а со тоа и топлината е рефлектирана назад во вселената), а со тоа го намалува ефектот на затоплување.

Со други зборови, ако го извадиме целиот СО2 од атмосферата, нема да има ни водена пареа, ни метан во атмосферата, бидејќи се ќе се претвори во цврста агрегатна состојба.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Тезата воопшто не е дека СО2 нема улога во голдилок исходот.
Тезата е дека моментално нема издржани и уверливи, и доволно детални истражувања прво за тоа колку точно варира нивото на СО2, и второ колку тие варијации влијаат на климата. Ниту има доволно добри и објективни мерења на моменталната концентрација во атмосферата. Се додека тоа го бутка само една геополитичка страна (со интереси), нивните мерења никој нема да ги земе за озбилни научни податоци. Сакал ти со тоа да се соочиш или не, тоа е реалноста.


Точно е дека водената пареа, метанот и други гасови се далеку поголеми задржувачи на топлината од СО2.
Меѓутоа истите не остануваат во атмосферата долго и не се конзистентни.
Што сакаш да кажеш?
Дека облаците не можеш да ги земаш како фактор во пресметките за климата на планетата... Затоа што не се задржуваат во атмосферата константно??

Кој „научен“ пристап е тоа?? :LOL:

Прилично безбедно можам да претпоставам дека постојат пресметки за претпоставена средна вредност за годишно времетрање и покривање со облаци. И прилично безбедно можам да претпоставам дека тоа „неконстантно“ покривање со облаци влијае многукратно повеќе врз климата отколку политички актуелниот СО2 баук.
Самиот факт што ти се обидуваш да го дискредитираш влијанието на облаците/водената пара во атмосферата, многу кажува за твојата објективност. Дури повеќе и од обвинувањето на соговорниците за „пишување глупости“ додека ги игнорираш аргументите.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Pointless.

Му кажуваш дека мерењата секој може да ги прави, вика фабрикувани.
Му кажуваш дека и Русија и Кина се со ист став, вика една страна.
Му кажуваш дека водената пареа е привремен феномен зависен од други фактори, вика зошто е ладно во пустина.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Облаците се дел од реалноста во атмосферата и дел од голдилок еквилибриумот на планетава, нивното влијание е реално и неспорно иако не е константно. Да го игнорираш тоа е да бидеш бот у глаата... И да! Во пустина дури и на екваторот навечер е ладно затоа што нема облаци. Не затоа што нема СО2... Бот. :)

Одамна ти кажав дека модус операнди ти е спинување додека игнорираш аргументи. Буквално во повеќето случаи не размислуваш, само безумно повторуваш туѓа пропаганда... Мала и нејасна е границата е меѓу тебе и на пример Шекислав... Едино што лгбт култизам не браниш, инаку со игнорирањето аргументи и отпорност на реалноста - тука сте некаде.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Прво сеуште очигледно е дека инфантилно ја игнорираш реалноста дека за задржување на топлината во планатата Земја, од СО2 поголемо влијание имаат облаците (или водената пареа ако така повеќе љубиш). Така е на планатата Земја каде имаш голдилокс и во атмосферата, не само составот на атмосферата туку и заради куп други фактори како што се облаците. Арно ама ти (и изворот на твојата пропаганда) упорно ги игнорирате сите други фактори и со тунелска визија се фокусирате на една работа која се злоупотребува со даночење и продавање мyдa за бyбрези и геополитички притисоци: СО2 страшилото.
Автоматски споено мислење:

Второ, слободно прави се кловн ама барем најди нешто смешно. Веќе еднаш ти објаснував дека терминот голдилокс има и општо значење, кое значење го имал и со векови пред да го употребат за положбата географската зона во сончевиот систем. Зарем уште еднаш треба да се повторувам, па после @парва да ми се лути за повторувањето?
Сепак морам да ризикувам. :unsure:

Гледаш ли Парва какви маки имам јас, а ти мене ми се лутиш наместо на ученициве што не им влегува во главата? Но повторувањето е мајка на знаењето па идеме пак за голдилокс:

adjective
  1. (usually initial capital letter) not being extreme or not varying drastically between extremes, especially between hot and cold: Goldilocks zone.
    a Goldilocks economy that is neither overheated nor too cold to cause a recession;
Оrigin of goldilocks1
1540–50; obsolete goldy golden + lock 2 + -s 3; from the fairy tale Goldilocks and the Three Bears , in which the golden-haired Goldilocks rejects uncomfortable extremes, as porridge that is too hot or too cold


Example Sentences
Guided by intuition and rough calculations, the team tested a range of hydrogen compounds searching for the goldilocks ratio of hydrogen.
From Quanta Magazine

She is not too hot or too cold, but just right, the Goldilocks of Fed chairs.
From The Daily Beast

This sort of calculation—not too hot, not too cold—is better left to Goldilocks.
From The Daily Beast

It afforded the president the Goldilocks alternative in his next debate, where he can cast his attacks in just the right tone.
From The Daily Beast

The Atlantic, 3,000 miles across, became a kind of Goldilocks Ocean, not too big and not too small.
From The Daily Beast

This year, the theme was "Just Right," inspired loosely on the story of Goldilocks.
From The Daily Beast

Goldilocks wasn't there yet but the porridge was on the table in a big, a medium, and a tiny bowl.
From Project Gutenberg
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Прво сеуште очигледно е дека инфантилно ја игнорираш реалноста дека за задржување на топлината во планатата Земја, од СО2 поголемо влијание имаат облаците
Не знам што е проблемот да се сфати.
Имаат, да, никој не го оспорува тоа.

Меѓутоа облаците ги имаш денеска, ги немаш во наредните 5 дена. Облаците (влажноста) зависат од други фактори и не се постојани. Да нема друг задржувач на топлина, облаци нема да постојат, бидејќи за брзо би се ќе кондензираат и ќе се вратат во почвата/океаните, понатаму намалувајќи ја температурата.

Мора да има некој регулатор за истите да опстојат. Тоа е јаглерод диоксидот.

Голдилокс, значи, за темава што зборуваме, секое тело да прима онолку енергија за да поддржува вода во сите агрегатни состојби на површината. Или барем течна. Тоа зависи и од други фактори (атмосферски притисок, гравитација итн), но тие променливи се пресметани, затоа регионот има одредена должина зависно од ѕвездата.

Венера е во голдилок зоната, има страшно голем атмосферски притисок. И атмосфера каде преовладува СО2. Проследено со температури преку 400 степени како директна последица на јаглерод диоксидот.
Ни вода, ни облаци не просперираат таму, бидејќи ништо не го регулира СО2 во атмосферата на Венера.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
5. Conclusions
The presented material shows that despite the fact that the majority of publications attempt to depict a catastrophic future for our planet due to the anthropogenic increase in CO2 and its impact on Earth's climate, the shown facts raise serious doubts about this influence. Without delving into the accuracy of the utilized models, we should closely examine the possibilities of gathering reliable input data for these models. These data are directly related to the distribution of temperature on Earth's surface and in the atmosphere, the distribution of water vapor concentration in the atmosphere, the distribution of wind speed and direction, and the distribution of aerosols and particles in the atmosphere (clouds, aerosols above fluctuating oceans). It is obvious that simultaneous measurements of these variables across the entire globe are not feasible, and averaging them in situations where strong nonlinear dependencies exist can lead to significant errors. Moreover, the atmosphere exhibits high dynamics, which further complicates such measurements.
Ова СО2 иако е 0,04% многу моќна работа, врз се и сешто влијае:



Народ ако сака наредни генерации убав живот да имаат, нека се надева дека фолијашите се во грешка и дека нема да започне глобално заладување. Заладување + намерното уништување на целиот синџир на прехрана од животинско потекло = болести и краток животен век.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
нека се надева дека фолијашите се во грешка и дека нема да започне глобално заладување
Пред 6 години:

Сега е започнат процес на Глобално Заладување, сончевата активност е намалена и тоа доста невообичаено.
Пред 7 години:
Истите тие аналитичари кажуваат дека ни следи глобално заладување а ние уште трубиме за затоплување
Оттогаш ги имаш најтоплите години досега.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Оттогаш ги имаш најтоплите години досега
Ги има во медиумите и вашите глави.
Тоа што признале дека менувале бројки, за тебе тоа е небитно, сигурно имале добра причина, нема што ти да се сомневаш, како кажат, така.
Тоа што наместо да мерат температура на воздухот, они сега мерат на површина на земјата и нормално дека поголеми бројки ќе добиваат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Ова е само почеток на глобалното затоплување. Допрва уште поголемо затоплување не чека и тоа во блиска иднина.

Бундите, јакните, чизмите, санките, скиите, шпоретите на дрва, греалките веќе постепено ќе заминуваат во историјата.

И доста од снегот ќе биде стопен на Хималаите и Алпите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom