Жалосно, но за ова мора да им се признае на Британците дека самите си се криви за ова што им го прават.
Тој моронот пакистански што два пати го имаат изгласано за крадоначалник на Лондон, од почетокот на септември 2023 ја прошири таканаречената Зона на ултра ниско загадување, односно ULEZ - Ultra low emission zone, низ целата територија која ја покрива метрополата, односно ја прошири и до приградските населби.
Со масовно набљудување и снимање со камери на буквално секој ќош, секое возило кое учествува во сообраќајот се снима и директно се внесуваат податоците од регистрацијата во систем за евиденција на возила, така што доколку возилото не исполнува еколошки стандарди кои ги бара градот - а над 80% од возилата во сообраќајот не ги исполнуваат, експресно се наплаќа дневна сообраќајна такса од 12.5 британски фунти дневно.
Но тоа не е се, дури и возилата кои ги исполнуваат еколошките стандарди кои ги бара градот - на пример електричните возила - доколку се движат низ најстрогиот центар на градот, сепак мораат да плаќаат такса за загадување на околината, бидејќи сепак кочниците и гумите од тркалата исфрлуваат честички при триење и кочење.
Парите ќе оделе во здравствени институции и фондови за чиста и здрава околина, пакистанскиот морон се фали дека од кога почнал со ULEZ шемата за масовно ограбување од 2019 година па наваму, квалитетот на воздухот во Лондон се подобрил за 50%.
Има некаков мал организиран отпор од страна на групи во приградските населби кои присилно ги отстрануваат камерите, но да бидеме искрени, тоа е само симболичен отпор, вистински отпор може да се нарече само масовна и тотална блокада како на главниот град, така и на сите поголеми урбани центри низ државата, особено со оглед на фактот дека шемата за масовно ограбување на населението веќе се разгледува како опција и низ други градови во Велика Британија, почнувајќи од вториот најголем град во државата Бирмингем, кој прогласи банкрот токму оваа недела, а случајно или не, за крадоначалник и мнозинство советници во градскиот совет имаат луѓе токму од редовите на Социјалистичко-фашистичката - пардон, Лабуристичката Партија на Велика Британија.
Лабуристите ветуваат продолжување и проширување на ваквите политики низ други британски градови доколку победат на наредните редовни локални и парламентарни избори кои треба да се одржат во 2024 година, а Конзервативците си ќутат бидејќи нивниот плав херој Борис Џонсон ја поддржа и ја одобри ULEZ шемата за масовно ограбување на населението додека сеуште беше градоначалник на Лондон.
Постоечките закони и дозволуваат на британската влада да ги замрзне, а ако е потребно и да ги укине одредени мерки за наплаќање на даноци и казни на градоначалникот на Лондон, но Конзервативците не се осмелуваат да ги искористат таквите права и овластувања од позиција на власт - или подобро кажано, воопшто не ни планираат да ги искористат таквите права и овластувања.
Ама затоа па еве ги со новата законска регулатива за енергетика која ја подготвуваат, а која предвидува парични и затворски казни за сопствениците на домови кои и понатаму ќе продолжат да одбиваат да им бидат наместени таканаречени "паметни мерачи" кои ќе мерат колку ефикасно и ефективно потрошувачите ја трошат електричната енергија.
Е за ова не може на Британците да им бидат криви ЕУ, Русија, Кина или било која друга надворешна страна, ова е дело на нивните ѓубриња од луѓе наречени политичари и ако сакаат било што да променат, ќе мораат да започнат од себеси.