За мене, актер кој најдобро го одиграл Бетмен е Мајкл Китон. Тим Бартон направи филм (два) полн со мрачна атмосфера и со солидно сценарио, а Китон одлично се снајде во целата прикаска. И изборот за Џокер воопшто не беше лош, Ким Бесинџер се` уште беше млада и убава и така...
Се согласувам дека Бартон не направи некој подлабок психолошки профил за главниот јунак. Е сега, можеби е тоа пропуст, а можеби и не е. Ваков тип на филмови, со американски супер херои (посебно со нив
) дозволува таква слобода, дури кога се работи за посложени ликови, како Човекот-лилјак, па не му земам зе грев на Бартон. Од друга страна 3 и 4 дел ми беа толку одвратни, што мислам дека не вреди многу да се пишува за нив, иако Килмер заслужи подобар режисер и сценарио.
За Бејл, искрено, мене некако ми помина меракот за серијалов и за Бетмен воопшто, и можеби затоа не сум толку восхитен, како многумина други, од новата варијанта. Мене најголем впечаток ми направија филмовите од 1989 и од 1992. Ги гледав на соодветна возраст, во години кога интересот за вакви филмови кај мене беше најголем. Истото важи и за Супермен и за Кристофер Рив.