Кој е најдобриот Бетмен?

Најдобар лик кој го глумел Бетмен:

  • Michael Keaton

    Гласови: 20 26,7%
  • Val Kilmer

    Гласови: 9 12,0%
  • George Clooney

    Гласови: 2 2,7%
  • Adam West

    Гласови: 6 8,0%
  • Christian Bale

    Гласови: 38 50,7%

  • Вкупно гласачи
    75
Член од
6 септември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
7
Дефинитивно Бејл
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 20:40 ---
хаха, не знам за ова второто прв пат слушам :)
Michael Keaton е најјак немам многу дилеми.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 16:38 ---
Гледајте го ова, јак ремет му маваат:

Ремет-неремет, Бетмен е најјакиот супер херој, бидејќи неговата супермоќ е умот! Супермен лесно ќе го убијат со криптонит, додека Бетмен ќе треба да го надмудрат за да го совладат.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Дефинитивно Бејл
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 20:40 ---

Ремет-неремет, Бетмен е најјакиот супер херој, бидејќи неговата супермоќ е умот! Супермен лесно ќе го убијат со криптонит, додека Бетмен ќе треба да го надмудрат за да го совладат.
Да, ако најдат криптонит. Бетмен можат да го убијат со куршум во чело, а куршуми има колку сакаш :)

На страна тоа, Супермен е фаца бе, еднаш кога се изнервира ја исправи кривата кула во Пиза :pos:

P.S.
Во анкетава сте го заборавиле Бетмен велит.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Да да, еден од најаките е Бетмен. Ако не и најак. Супермен е гола вода за него.
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Да, ако најдат криптонит. Бетмен можат да го убијат со куршум во чело, а куршуми има колку сакаш :)

На страна тоа, Супермен е фаца бе, еднаш кога се изнервира ја исправи кривата кула во Пиза :pos:

P.S.
Во анкетава сте го заборавиле Бетмен велит.
Приватно, го преферирам Бетмен. Има повеќе причини, ама ќе наведам само три главни.

1.Многу боље се облака, има црн скафандер од кевлар, а не синтетички стреч (ваљда ликра) гаштелизон као останатите суперхерои. Супермен, на пример, носи црвени гаќи преку плави хулахопки и жут каиш. Мене ова доста пацерски ми изгледа.

2. Технолошки, неговите гаџети се секогаш катинг еџ. Од бетмобили, бетмотори, до сајли и кабли за летање, за качуење и вратоломии по згради и други обекти, итн.

3. Брус Вејн е дете од фамилија е (родителите му се образовани) плус е милијардер. Строг, али правичен. Фраер е, и праи најбољи коктел забави у Готам сити. Погледајте само какви цури му се лепат, а он е кул као Клинт Иствуд. Во споредба со него, Кларк Кент е гик со цвикери и ружна цура (Лоис Лејн е исто гик).

Е сеа, шо се однесува до сурова физичка сила и издржливост, тука Супермен е ненадјебив, не само контра Бетмен, него у апсолутна категорија. Ова шо го тврдиш за кулата во Пиза е точно. Има и јачи примери: 1. за разлика од Бетмен, Супермен е способен за космички летови (без скафандер и боци за кислород). Тоа не е мала заебанција. 2. Еднаш ја упукаа Лоис Лејн и она умре. Супермен се туфкаше минута-две, и му текна да ја пренасочи ротацијата на земјата. Излета у орбита, и` запука шамарчина на планетата земја, таа почна да ротира во спротивна насока, а со тоа се врати времето назад се` до моментот на убиството на Лоис Лејн. Во таквиот минат момент (кога куршумот требаше да ја погоди Лоис Лејн) Супермен интервенира и ја спасува. Ова става тачка на сите суперхеројски подвизи, барем за мене.

Он топик: Кристијан Бејл за сега е најавторитативен Бетмен. Мајкл Китон, Џорџ Клуни и Вал Килмер се слаби. За Адам Вест и оние гаќурските бетмени од 50те во сиви хулахопки ич не праам муабет.
 
D

dystopian

Гостин
Јас се согласувам, едино Робин како помошник т.е sidekick е голем минус на неговиот имиџ, уопште не му е потребен... само заебува и компликува работи. Ептен ми беше мило Џокер кога го утепа (на двапати и тоа, еднаш у стрип, еднаш на цртан). Се надевам дека нема да се појави онака изненадно во последниов филм на Нолан. Како што велат, или ќе умреш како херој или ќе дочекаш да снимат продолжение со Робин.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Ја би рекол дека Бетмен се облака најдобро затоа што е во тренд со модниве текови. Види го како се облакаа со Робин пред 50 години, за греота беа. Во таа смисла Супермен е уште заглавен во 80-тите. Дечкото е колоритен и барем можеш да го препознаеш на улица ако ти затреба помош. Бетмен можат да го уапсат по грешка за грабеж на банка и после Мајкл Кејн да мора да го вади од затвор. Посебно ако го користи гласот на Бејл.

Вистина, има јаки гаџети ама што фајде од бетмобилот кога Супермен може да го деконцентрира од прозор додека Флеш му ги краде брисаќите на сред брканица.

Подвизите на Супермен не запираат тука, мене врв ми беше моментот кога Лоис Лејн паѓаше во вселената а овој ја фати и ја спаси од посериозни скршеници.

Иначе кој ќе му биде противник на Бетмен во новиот филм, пак некој пингвин?
 
D

dystopian

Гостин
Иначе кој ќе му биде противник на Бетмен во новиот филм, пак некој пингвин?
Оној што му ја скрши кичмата (сериозно му ја скрши), Бејн - ќе биде главниот противник...

Иначе у тој поглед, Бетмен не е ни суперхерој, нема никакви супермоќи и најверојатно би изел ќотек од било кој друг суперхерој. Тој фактички е само богаташ кој знае да користи неколку гаџети плус нешто кунг фу.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ја би рекол дека Бетмен се облака најдобро затоа што е во тренд со модниве текови. Види го како се облакаа со Робин пред 50 години, за греота беа. Во таа смисла Супермен е уште заглавен во 80-тите. Дечкото е колоритен и барем можеш да го препознаеш на улица ако ти затреба помош. Бетмен можат да го уапсат по грешка за грабеж на банка и после Мајкл Кејн да мора да го вади од затвор. Посебно ако го користи гласот на Бејл.

Вистина, има јаки гаџети ама што фајде од бетмобилот кога Супермен може да го деконцентрира од прозор додека Флеш му ги краде брисаќите на сред брканица.

Подвизите на Супермен не запираат тука, мене врв ми беше моментот кога Лоис Лејн паѓаше во вселената а овој ја фати и ја спаси од посериозни скршеници.

Иначе кој ќе му биде противник на Бетмен во новиот филм, пак некој пингвин?
ОК, се слагам. Али па Бетмен користи мозок, а не само мускулатура. Најобразован е (има завршено електро а мислам чак и магистратура по бизнис администрација од University of Gottham). Ова не ми е скроз проверено, али сигурно има два факултета. Шо школо имаат другиве? Средно, или земјоделски факултет у најбољи случај.

@dystopian: Во право си за Робин. Sidekick му доаѓа као онаа странична приколица на моторцикл -- ептен е ќофтарска. И ја би го избацил Робин од листата на суперхерои. Он е суперхеројско другарче. Е тоа е ок. Сигурен сум дека ќе се сложиш дека секоја супер цура има бар една ружна као гроб другарка која се шлепа со неа да проектира успех преку згодната другарка. Ова се вика living vicariously. Така и овој копуков Робин. Се шлепа, јебига шо да му праиш. Другар ти е, не моеш сеа да му кажеш, „Ај крши глаа, глеј каков си жгољав, ти реков-ми рече...“
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Не знам што имаат. Флеш сигурно нема Електро пошто ептен наивно го мавна струја дури се плеткаше нешто по лабораторија. Мислам дека хемиско има завршено. Супермен е новинар. Мозокот е преценет во секој случај. И којотот имаше мозок па не можеше да излезе на крај со глупата птица...
 
D

dystopian

Гостин
ОК, се слагам. Али па Бетмен користи мозок, а не само мускулатура. Најобразован е (има завршено електро а мислам чак и магистратура по бизнис администрација од University of Gottham). Ова не ми е скроз проверено, али сигурно има два факултета. Шо школо имаат другиве? Средно, или земјоделски факултет у најбољи случај.

@dystopian: Во право си за Робин. Sidekick му доаѓа као онаа странична приколица на моторцикл -- ептен е ќофтарска. И ја би го избацил Робин од листата на суперхерои. Он е суперхеројско другарче. Е тоа е ок. Сигурен сум дека ќе се сложиш дека секоја супер цура има бар една ружна као гроб другарка која се шлепа со неа да проектира успех преку згодната другарка. Ова се вика living vicariously. Така и овој копуков Робин. Се шлепа, јебига шо да му праиш. Другар ти е, не моеш сеа да му кажеш, „Ај крши глаа, глеј каков си жгољав, ти реков-ми рече...“
Бетмен, според некои информации завршил не во универзитетот на Готам, туку во универзитетот на Јејл кој имал некаков свој 'огранок' во Готам. Освен што е херој, тој е и локалпатриот, не го напушта градот па што сака нека биде. Така вели рандом страница шо ја најдов на гугл, што значи дека мора да е точно. А тоа е боље од Универзитетот на Готам, Јејл ми се чини дека котира повисоко на ранг листата од УГ.

Али проблемот овде е што тоа е Бетмен од стриповите, ти рече дека Кристијан Бејл ти е омилен Бетмен. Ако збориме за него, он у првиот дел се запиша во Принстон ама се предомисли и избега у затвор во Кина. Или избега во Кина и го затворија, сеедно... Тоа значи дека и тој нема високо образование...

Што се однесува до Робин, се согласувам пак, другар не се откачува така лесно, што ќе праиш.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
.
Што се однесува до Робин, се согласувам пак, другар не се откачува така лесно, што ќе праиш.
Јасно. И оние двајцата во Brokeback Mountain никако не можеа да се откачат.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јасно. И оние двајцата во Brokeback Mountain никако не можеа да се откачат.
Еј, вака значи коа некој ќе почне со неозбилни муабети. Ќе и ебете мајката на златна тема...Кој не те пријави на модераторот, еве на...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom