Кој е Исус Христос?

W

Werther

Гостин
Да не читаше ти некој пост што го имам ставено овде пред некој месец?
Добар си,твои постови ќе читам,теорија нема.

Ова последново ми упадна во очи,во кое го спомуваш Рим,а истото и Ривера го кажува во неговите списи.

Затоа те прашав.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе се тоа убаво, ама ова недава одговор како ти ќе знаеш дека библијата не е дело на лукавиот, бидејќи "аргументот" дека луѓето имале "вграден систем" да распознаваат лага и вистина ти го побиваат илјадниците религии, деноминации и филозофии. .
Напротоив: велиш дека иладници религии, деноминации и философии го побивале вградениот механизам, а токму религиите па и философиите, се сами по себе доказ за вродната човекова потреба од религиозност, и за вродента потреба човекова за стремење кон вистинтата и кон Бога.

Или како што би рекол Тертулијан: секоја човкова душа е христијан(с)ка...
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 00:23 ---
Абе се тоа убаво, ама ова недава одговор како ти ќе знаеш дека библијата не е дело на лукавиот,
Библијата не е дел од лукавиот, затоа што лукавиот има друга метода за „поучување„ на луѓето, како и неговата вечна и неменлива омраза кон човекот, наспроти Христовото човекољубие.

Плус, Библијата е преполна со мисли, совети и чуда, кои ги надминуваат ограничувањата од овој Свет и кои имаат своја смил аи цел, наспроти чудата од лукавито, со кои дотичниот сака да импресионира, но не и да помогне.
 
W

Werther

Гостин
Библијата не е дел од лукавиот, затоа што лукавиот има друга метода за „поучување„ на луѓето, како и неговата вечна и неменлива омраза кон човекот, наспроти Христовото човекољубие.
Не е библијата дело на лукавиот,но затоа лукавиот е божја творбина.

Зошто бог кој е толку милозлив и кој толку ги љуби луѓето го создал лукавот,кој бескрајно ги мрази луѓето ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Уште поголем проблем е постоењето на злото, создадено од семоќен бог кој е љубов....но за тоа има цела тема, на која освен "аргументов" дека само твојата вистина е точна, затоа што е твоја, нема ништо друго.
Објасни ги поимите „образ„ и „подобие„ и многу работи ќе станат појасни.

Плус, обиди се да докажеш дек навденив нешта не постојат:

- разумот,
- слободната волја
- способноста за разликување добро и зло
- вродената идеја за Бога
- вродената потреба од религиозност (која ја нема кај другите битија)
- вродената потреба од трагање по вистината и правдината
- барањето смисла и цел на овоземнто битисување
- желбата и стремежот кон вечен живот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напротоив: велиш дека иладници религии, деноминации и философии го побивале вградениот механизам, а токму религиите па и философиите, се сами по себе доказ за вродната човекова потреба од религиозност, и за вродента потреба човекова за стремење кон вистинтата и кон Бога.

Или како што би рекол Тертулијан: секоја човкова душа е христијан(с)ка...
Тогаш зошто ти неможеш да се согласиш што е вистината со никој што не е православен? Нели тој механизам е вроден кај сите луѓе? Или можеби тие што не се православни не се луѓе?

Вистината нема врска со верување и догми, туку напротив - со преиспитувањето и самокритиката.
Потреба за религиозност е стремеж кон вистината, колку што потребата за пари е богатство!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто бог кој е толку милозлив и кој толку ги љуби луѓето го создал лукавот,кој бескрајно ги мрази луѓето ?
Бог не е нешто многу милослов кон лукавиот, посебно по неговото отпаѓање, но Он го створи и лукавиот не како лукав и отпаднат демон, туку како херувим, еден од врвните ангели Божји.

Трпението Божјо кон злото во Светов не е неограничено, па штом „...ќе се исоплнат времињата..„, ќе дојде време и за отплатата Божја и кон лукавиот, како и кон сите кои чинат беззаконие по Светов.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 00:31 ---
Тогаш зошто ти неможеш да се согласиш што е вистината со никој што не е православен? !
Од проста причина: Христос Е самата вистина, а се‘ што е надвор и поинакво од Христа, тоа е лага...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Објасни ги поимите „образ„ и „подобие„ и многу работи ќе станат појасни.

Плус, обиди се да докажеш дек навденив нешта не постојат:

- разумот,
- слободната волја
- способноста за разликување добро и зло
- вродената идеја за Бога
- вродената потреба од религиозност (која ја нема кај другите битија)
- вродената потреба од трагање по вистината и правдината
- барањето смисла и цел на овоземнто битисување
- желбата и стремежот кон вечен живот.
Мики, непостоење не се докажува, туку обратно. Дрво досега ќе сватеше, милион пати посочено.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нели тој механизам е вроден кај сите луѓе?!
Да, вреден е, дури и кај паганите, но е насочен кон погрешен бог. Затоа паганите „компензиараат„ не со тоа што Го бараат Бога, туку творат свои богови-идоли.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Од проста причина: Христос Е самата вистина, а се‘ што е надвор и поинакво од Христа, тоа е лага...
Да де, реков јас - Твојот Христос е вистината, затоа што ти така си решил, затоа што е твој....мислам има ли поголем аргумент и доказ од тоа!?
 
W

Werther

Гостин
Бог не е нешто многу милослов кон лукавиот, посебно по неговото отпаѓање, но Он го створи и лукавиот не како лукав и отпаднат демон, туку како херувим, еден од врвните ангели Божји.

Трпението Божјо кон злото во Светов не е неограничено, па штом „...ќе се исоплнат времињата..„, ќе дојде време и за отплатата Божја и кон лукавиот, како и кон сите кои чинат беззаконие по Светов.
А зошто го трпел пред да го избрка ?

Нели Бог е нетемпорален,знаел што точно ќе се случи ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Вистината нема врска со верување и догми, туку напротив - со преиспитувањето и самокритиката.
Тоа е сциентистички а не религиозен пристап кон вистината.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, вреден е, дури и кај паганите, но е насочен кон погрешен бог. Затоа паганите „компензиараат„ не со тоа што Го бараат Бога, туку творат свои богови-идоли.
Па и паганите истово ќе го кажат за тебе, дека твојот бог е погрешен. И? Аргумент кој се брани како вистинит затоа што е твој.....логика на деца од градинка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom