Кој е Исус Христос?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Za bozhestvenata priroda na Isus pishuvaat samo zavisni izvori na koi od toa I'm zavisi mokjta I platata.
Ајде да видиме дали е тоа така. За божественоста на Исус во првиот век пишувале Неговите апостоли и ученици. Но која е моќта и платата што ја добиле овие повеќето сиромашни рибари? Откако нивниот Водач (Исус) бил егзекутиран, тие имале избор, да си се вратат на стариот живот и старата професија или да бидат и тие убиени или прогонети. И токму тоа се случило, повеќето од нив (особено водачите на првите цркви) биле убивани, обезглавени, распнати, запалени на клада, фрлани во арени со лавови. Можеш да читаш на пример во аналите од римскиот историчар Тацит (понезависен извор здравје) за императорот Нерон (54-68 A.D.) кој просто ужувал да ги убива Христовите ученици. Најзабавен дел му било кога ќе ги облечел во јагнешка кожа и потоа ќе ги фрли во арена каде што биле дочекувани од гладни волци, мечки, лавови или тигри. Додека овие диви животни ги раскинувале христијаните, императорот Нерон заедно со неговата придружба просто уживале во овие спектакли. Исто така Тацит пишува и за тоа како Нерон ги палел христијаните на клади и од нив правел светилници во ноќта Слична ваква демонска опседнатост имале и другите римски императори како што се на пример Диоклецијан(284-311), Домицијан (81-96), Марко Аврелиј(161-180), Трајан(98-117), Валериј(253-260), Аврелиј(270-275).
Ете од тоа „зависеле“ овие како што ти ги нарекуваш „зависни извори“. Тоа била „моќта“ и „платата“ што ја добиле христијаните во првите 3 века.

А тука е добро да се спомне и еден од најголемите проповедник на христијанството во 1от век: апостол Павле. Тој пред да стане христијанин бил угледен римски граѓанин, ученик на Гамалиел. Тој пред да стане христијанин си имал моќ во Римската империја и дури и ја користел таа моќ за да ги годни христијаните (според неговите тогашни сваќања - еретици). Но што се случило откако Павле станал христијанин? Од прогонител, станал самиот прогонет од неговите бивши колеги, го изгубил достоинството во Римската империја и на крајот дури и му ја отсекле главата затоа што одбил да престане да проповеда за воскреснатиот Христос. Ете таква „моќ“ и „плата“ добил Павле - според тебе „зависен извор“.

Vo prvite 100 godini po negovoto ragjanje, nitu eden nezavisen nepristrasen izvor ne go spomenuva nitu negovoto ime, a ushte pomalku negovata bozhestvena priroda.
Да погодам, бидејќи не ги признаваш пишаните документи на Матеј, Марко, Лука, Јован, Петар, Павле, Јуда итн, тогаш според тебе независен извор претставува некој што не верувал во Исус, а најмалку пак во Неговата божествена природа? Па ако е така, тогаш што очекуваш ти некој нехристијанин да пише книга за Христовото воскресение? Па добро бе мајќе му стара, стај прст на глава и размисли, може ли некој да биде сведок на Христовото воскресение, да пишува за него и да остане нехристијанин??? Според тебе изгледа може, зашто ако станел христијанин, тогаш веднаш станува нели „зависен извор“ и оп неговото сведоштво според тебе не важи :)

Chovek kako nego, kakov shto biblijata go opishuva, bi ostanal dlabojo vrezhan vo sekjavanjeto na sovremenicite. Nitu eden od tie sovremenici ne nashol za vazhno da go ovekovechi.
Па и останал длабоко врежан во современиците, затоа и ги напишале евангелијата и писмата, затоа и Неговите современици кои поверувале во Него останале докрај верни на Него што многумина од нив и животот го дале. По длабоко врежување од тоа амин.
Зарем Христос не е овековечен до сега? Погледни како дури и ти се изразуваш:

Velleius Paterculus (c.19 B.C.-c.A.D. 30)
Дали знаеш што значат кратенките B.C. и A.D.? Првата значи Before Christ (пред Христос), a втората Anno Domini (Година Господова) Исус е централна личност во човековата историја, Тој ја подели историјата на пред Него и по Него, Личност што извршила најголемо светско влијание, а ти велиш дека не бил овековечен од Неговите современици? :eek:

Mirakulozno, po vselenskite sobori vo 4 vek, Isus stanuva bog. Dobri 300 I kusur godini po svojata smrt.
Исус бил сметан за Бог уште пред првиот вселенски собор. Еве ти докази за тоа (наспроти твоето неаргументирано тврдење т.е. дофрлување, набацање)

Околу еден век пред првиот вселенски собор, Ориген за Исус рекол: "Иако (Христос) беше Бог, Тој зема тело, се направи човек, но остана она што беше: Бог." (Ориген, Фундаментални Доктрини 1:0:4)

Неколку години пред него, во 210 година, Тертулијан за Исус рекол: "Самиот Бог е без грев. Единствениот Човек кој е без грев е Христос, затоа што Христос е исто така Бог." (Тертулијан, Душата 41:3)

Уште порано, во 190г. Климент од Александрија за Исус рекол:
"Тој (Христос) Самиот е Бог и Човек, и извор на сите наши добра." (Убедувањето на грците 1:7:1)
"навистина, најизразеното Божество, Тој е еднаков на Господ, бидејќи е Негов Син" (Убедувањето на паганите)

10 години пред тоа, во 180г. Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели:
"Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал" (Против ересите)

20 години пред тоа, во 170г. Татиан Сиријанецот за Исус рекол:
"Не си играме лудории, вие грци, ниту пак збориме бесмислени работи кога изјавуваме дека Бог се роди во форма на Човек." (Адресирано до грците 21)

Уште порано Јустин за Христос пишува:
"Тој е првосоздаденото Слово Божјо, еднаков е на Бог", "И Бог и Господ над војските" (Јустин, Прва Апологија)

И уште порано, во почетокот на 2-от век, во 110г. Игнатиј Антиохиски за Исус рекол:
"Бидејќи нашиот Бог, Исус Христос, беше..." (Писмо до Ефешаните 4:2)

И уште уште порано, апостол Павле во околу 60тите години на првиот век, напишал:
"чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! "
(Апостол Павле во писмото до Римјаните 9:5)

"(Христос) Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога"
(Апостол Павле, Филипјаните 2:6)

Доволно е?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Никогаш неможеле, неможат и не ќе можат антихристите, кривоверниците, неверниците и мудрите надувенковци да дознаат Кој навистина Исус е’!

Никогаш!
.

Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на Небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев.Матеј 11:25-27)

.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
* * *
Доволно е?
Доволно ќе беше, после два дена, да залепиш еден извор каде убаво му го пишува името. Ама џабе... слабо некако. Попови, евангелисти, навивачи... од секаде цитат, ама од тие што треба - слабо. Или, попрецизно, Ич.

И десет страници да испишеш, нема да го измениш фактот дека ниту еден единствен римски или грчки историчар, писател, поет или политичар не го споменува името на твојот бог Исус во првите 100 години од оваа ера.

Сите твои посредни зависници, родени со децении по смртта на Исус, кои пишувале во вториот и третиот век од новата ера нема никогаш да го надоместат отсуството на името Исус од првите 100 години.

Цитатот си е арен. Ти пенавиш веќе два дена. Исус сеуште не се споменува во првиот век. Нула.

Ако напишеш уште две-три страни може името миракулозно ќе му се појави во некој извор. Од кај знаеш.

* * *

Иначе, за пошироко информирање, тоа што Тацит го напишал (за настан кој се случил кога имал седум годинки), пошто гледам некако случајно избра да не ја споделиш оваа интересна информација и покрај силната пасија за цитирање на извори со соодветна интерпункција, го напишал пред самиот крај на својот живот, и тоа види молим те, во 116 г.н.е... Ја ко што знам, ова е втори век. Не е прв. 'Бем ли га! Што е прав овој твојов евангелист - прав е!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пак се вртиш во круг, иако се убаво ти е објаснето. Вртоглавица ќе добиеш од многу вртење. Изгледа следно што треба да направам е да ти цртам. Се прашувам и дали воопшто ме разбираш што ти пишувам погоре или треба да ептен да го спуштам речникот на улично ниво, со улични примери да ти објаснувам, мож ќе сфатиш нешто од нешто.

Доволно ќе беше, после два дена, да залепиш еден извор каде убаво му го пишува името.
Па неколку пати ти пишав дека има десетина писатели кои преку 500тина пати го спомнале Исус во првиот век, но еве штом сакаш цитат каде што убаво му го пишува името, бујрум:

„Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар.“ (Евангелие по Јован 18:31, I век)

„зашто Бог не нè определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос“ (1 писмо на апостол Павле до христијаните во Солун 5:9, I век)

„ Зашто, ви го предадов најнапред она, што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа.“ (1 писмо на апостол Павле до христијаните во Коринт 15:3-6, I век)

Поздрав!
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 23:09 ---
Иначе, за пошироко информирање, тоа што Тацит го напишал (за настан кој се случил кога имал седум годинки),
И шо ако имал седум години? Деца на таа возраст одат во второ одделение, деца на таа возраст веќе се Intermediate Level на англиски курс и добро памтат работи што тогаш се случувале. И тоа збориме за денес кога има информативно бомбардирање од сите страни, еден куп светски вести, црни хроники, напумпано и обемно образование, филмови, музика, интернет, фејсбук, твитер, форуми итн итн. Денес децата се бомбардирани со информации и сепак добро би запомниле доколку некој од владетелите кај нас или во соседниве држави би решил живи да запали одреден број на верници.

А кога Тацит имал 7 години, немало дневни весници, немало интернет, немало фејсбук, форуми, твитер, немало телевизија, радио, медиуми, немало телефони, немало напорно и долго образование и мислиш дека во таа информативни празнотија (гледано од денешен аспект) тој не можел да запомни дека Нерон се изживувал врз христијаните, дека ги фрлал во арени со лавови, дека живи ги запалувал да служат како светилници во ноќта? Па што друго би запомнил ако не тоа? За одлуките и делата на Нерон сигурно збореле и неговите родители, роднини, комшии.

А патем и Тацит аналите не ги пишувал само од своја сопствена меморија, туку човекот бил ИСТОРИЧАР, истражувал, документирал, споредувал, не тресел информации од ракав.

http://www.history.com/topics/tacitus

Погледни само со кои зборови авторот на овој текст го започнува својот вовед околу историчарот Тацит:

Roman orator and public official, probably the greatest historian and one of the greatest prose stylists who wrote in the Latin language.
До сега не сум сретнал негативни критики за веродостојноста на делата на Тацит, ниту на негативни критики за неговиот кредибилитет како историчар. Но не е важно светското мислење, штом тој историчар го спомнува Исус и христијаните, тогаш тој не е веродостоен за „објективниот и непристрасен - неговото височество DBack“

Абе и најмаргиналниот тралалајко да пишал нешто против Исус, за тебе ќе биде „врвен објективен и независен историчар“. А вакви великани од историчари како Тацит, бидејќи напишале нешто што тебе не ти пасира, одма наоѓаш мани.
Дискусијата ми стана неинтересна и здодевна. Поздрав!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

Taцит, во својата Историја (книга 4) ни опишува како римскиот пагански цар Веспазијан, исто како и Исус, со допир излекувал луѓе за кои и докторите рекле дека се неизлчиви.
Еден од нив - слеп, го излекувал со допир , а во името на богот Серапис, a друг куц (или сакат)
Има ли место за сомнеж во описот на овие дела ?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Пак се вртиш во круг, иако се убаво ти е објаснето. Вртоглавица ќе добиеш од многу вртење. Изгледа следно што треба да направам е да ти цртам. Се прашувам и дали воопшто ме разбираш што ти пишувам погоре или треба да ептен да го спуштам речникот на улично ниво, со улични примери да ти објаснувам, мож ќе сфатиш нешто од нешто.

Па неколку пати ти пишав дека има десетина писатели кои преку 500тина пати го спомнале Исус во првиот век, но еве штом сакаш цитат каде што убаво му го пишува името, бујрум:

„Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар.“ (Евангелие по Јован 18:31, I век)

„зашто Бог не нè определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос“ (1 писмо на апостол Павле до христијаните во Солун 5:9, I век)

„ Зашто, ви го предадов најнапред она, што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа.“ (1 писмо на апостол Павле до христијаните во Коринт 15:3-6, I век)

Поздрав!
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 23:09 ---

И шо ако имал седум години? Деца на таа возраст одат во второ одделение, деца на таа возраст веќе се Intermediate Level на англиски курс и добро памтат работи што тогаш се случувале. И тоа збориме за денес кога има информативно бомбардирање од сите страни, еден куп светски вести, црни хроники, напумпано и обемно образование, филмови, музика, интернет, фејсбук, твитер, форуми итн итн. Денес децата се бомбардирани со информации и сепак добро би запомниле доколку некој од владетелите кај нас или во соседниве држави би решил живи да запали одреден број на верници.

А кога Тацит имал 7 години, немало дневни весници, немало интернет, немало фејсбук, форуми, твитер, немало телевизија, радио, медиуми, немало телефони, немало напорно и долго образование и мислиш дека во таа информативни празнотија (гледано од денешен аспект) тој не можел да запомни дека Нерон се изживувал врз христијаните, дека ги фрлал во арени со лавови, дека живи ги запалувал да служат како светилници во ноќта? Па што друго би запомнил ако не тоа? За одлуките и делата на Нерон сигурно збореле и неговите родители, роднини, комшии.

А патем и Тацит аналите не ги пишувал само од своја сопствена меморија, туку човекот бил ИСТОРИЧАР, истражувал, документирал, споредувал, не тресел информации од ракав.

http://www.history.com/topics/tacitus

Погледни само со кои зборови авторот на овој текст го започнува својот вовед околу историчарот Тацит:

До сега не сум сретнал негативни критики за веродостојноста на делата на Тацит, ниту на негативни критики за неговиот кредибилитет како историчар. Но не е важно светското мислење, штом тој историчар го спомнува Исус и христијаните, тогаш тој не е веродостоен за „објективниот и непристрасен - неговото височество DBack“

Абе и најмаргиналниот тралалајко да пишал нешто против Исус, за тебе ќе биде „врвен објективен и независен историчар“. А вакви великани од историчари како Тацит, бидејќи напишале нешто што тебе не ти пасира, одма наоѓаш мани.
Дискусијата ми стана неинтересна и здодевна. Поздрав!
I pak nema citat kade se spomnuva imeto na Isus od grcki ili rimski izvor vo prvite 100 godini.

Znaci ic ne ti e sram. Trat den vekje se koprcash. Izgleda stvarno mislish deka kje se pojavi ako drndash bez prestan. Teshko, Chorba, teshko...

Citirash evangelija. Penavish za tacit iako citatot ti e od 116-ta a prepisot od 11 vek.

Epten zabavno za nabljuduvanje. Isus seushte nikade vo I vek...
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
.

Никогаш неможеле, неможат и не ќе можат антихристите, кривоверниците, неверниците и мудрите надувенковци да дознаат Кој навистина Исус е’!

Никогаш!
.
.
А ти лично го знаеш Исус бе? Да не ти доаѓа на сон?:facepalm:
Пред Исус, по Исус у време на Исус, имало уште илјадници „проповедници“ што си проповедале за свој бог. Неможе некој да наречеш кривоверник само зашто ти си заљубен у Исус, зошто неможеш да бидеш сигурен дека Христијанството е „вистинската“ религија. А ако се реинкарнирам после смртта - пак сум кривоверник? А ако ништо не се деси - пак ли ќе бидам кривоверник? Што се однесува до мене вие сте кривоверници, верувате во лагите на човек кој постоел пред 2000 години (којзнае и дали постоел), што е најлошо не верувате ни во неговите лаги, туку верувате во лагите на некои си негови таканаречени следбеници, што на крајот на денот се луѓе а не богови. Еднаш Ниче ќе каже „Господ е мртов, ние го убивме. Кои сме ние за да убиеме Бог? Ние мора да сме Бог!“
 
Пријателче, најголемото изненадување во твојот живот допрва ти престои!

.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
172
Поени од реакции
26
Евреите зборуваат: “Узеир е син на Аллах”, а христијаните зборуваат: “Месих е син на Аллах”......
Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах, а и Исус, синот на Мерјем.
Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го здружуваат, (Теуба, 30-31)
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Ла илахе Илалах фи Јахшуах хаМешиах!!! .(y)

Не, немало, нема и никогаш нема да има друг БОГ освен Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што својата првородена Мудрост (Тоа е Неговото Првородено Чедо) за спасение на сите - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - Го отелотвори во Исус Христос!

ХалелуЈАХ + Елхамулилах + Слава и Фала БОГУ Единогу! .:)

п.с. Однапред е јасно дека љубоморните и крвави кураишки книжници (и нивните следбеници) - како и сите останати несвестни чеда на најголемиот душман БОЖЈИ - ако не се обрнат и не го напуштат нивниот духовен отец, никогаш нема да Ја дознаат надприродата на најљубеното и првородено Чедо БОЖЈЕ!

יהוה‎ БОГ ме имаше во почеток на Својот пат,
пред Своите творби, постојам уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, кога יהוה‎ БОГ уште небеше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите, кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната, кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, - јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време, веселејќи се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.

И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!
Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа.
Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајќи бодар секој ден при портите мои и стоејќи на стража при вратата моја!
Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие Благодат (Милост) од יהוה‎ БОГА; а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта."

(Мудр. изреки 8:22)

Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам!”

(Ев. Јован 8:58)

.
.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Спирос... брат.. гледам зајде ти побајаги..

Ти нема рамен на подфорумов религија..

Чорбаџијата, Бодич, и ред други ко нив, можат уште каша да сркаат, покрај вакви еклектични и ексцентрични написи ко твоиве..

Аферим!
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
.

Ла илахе Илалах фи Јахшуах хаМешиах!!! .(y)

Не, немало, нема и никогаш нема да има друг БОГ освен Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што својата првородена Мудрост (Тоа е Неговото Првородено Чедо) за спасение на сите - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - Го отелотвори во Исус Христос!

ХалелуЈАХ + Елхамулилах + Слава и Фала БОГУ Единогу! .:)

п.с. Однапред е јасно дека љубоморните и крвави кураишки книжници (и нивните следбеници) - како и сите останати несвестни чеда на најголемиот душман БОЖЈИ - ако не се обрнат и не го напуштат нивниот духовен отец, никогаш нема да Ја дознаат надприродата на најљубеното и првородено Чедо БОЖЈЕ!

יהוה‎ БОГ ме имаше во почеток на Својот пат,
пред Своите творби, постојам уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, кога יהוה‎ БОГ уште небеше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите, кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната, кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, - јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време, веселејќи се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.

И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!
Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа.
Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајќи бодар секој ден при портите мои и стоејќи на стража при вратата моја!
Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие Благодат (Милост) од יהוה‎ БОГА; а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта."

(Мудр. изреки 8:22)

Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам!”

(Ев. Јован 8:58)

.
.

СПИРОСЕ, да те прашам само нешто. Жити Аллах дали знаеш што значи ЛА ИЛАХЕ ИЛ АЛЛАХ?!

Не иде никако со тоа Неговото Првородено Чедо.

Нема друг бог освен Бога.....

Те поздравува еден од следбениците на КРВАВИТЕ КУРАИШКИ КНИЖНИЦИ!

Ајде СЕЛАМ АЛЕЈКУМ (Нека е Божјиот мир и Неговите Упатства над тебе)
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
.

!

יהוה‎ БОГ ме имаше во почеток на Својот пат,
пред Своите творби, постојам уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, кога יהוה‎ БОГ

.
.
a koj go rodi na isus koga uste nemase bezdni i izvori i,t,n, koj go rodil?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
.

.

Пријателче, најголемото изненадување во твојот живот допрва ти престои!

.
Таман работа више да прошло!
Бог да чува!
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 22:59 ---
a koj go rodi na isus koga uste nemase bezdni i izvori i,t,n, koj go rodil?
Дај бе ти па среди си го потписот! Ако ставаш нечие мислење - стај го ко цитат. Овака искача ко ја да сум неписмен и педерастичен. Не ми бирај многу бои.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
a koj go rodi na isus koga uste nemase bezdni i izvori i,t,n, koj go rodil?

.

Исус е роден од Св. Дева Марија пред околу 2000 години, додека БОЖЈОТО вечно Слово (БОЖЈИОТ Логос) - Тоа е БОЖЈАТА првородена Мудрост Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус - преку Светиот Дух БОЖЈИ произлегло од БОГА, како што детето произлегува од мајката, пред сите времиња, ангели и сите други останати творби!

Шалом .(y)

п.с. Светиот Дух во Еврејскиот јазик е во женски род! .:)

СПИРОСЕ, да те прашам само нешто. Жити Аллах дали знаеш што значи ЛА ИЛАХЕ ИЛ АЛЛАХ?!

Не иде никако со тоа Неговото Првородено Чедо.

Нема друг бог освен Бога.....

Те поздравува еден од следбениците на КРВАВИТЕ КУРАИШКИ КНИЖНИЦИ!

Ајде СЕЛАМ АЛЕЈКУМ (Нека е Божјиот мир и Неговите Упатства над тебе)

.

Нема друг БОГ освен יהוה‎ ЕЛОАХ ,
Тој Своето Вечно Слово Го отелотвори во (Исус Христос) Јахшуах хаМешиах! .

ХалелуЈАХ + Елхамдулилах! .(y)

п.с. Која душа согледува и признава дека е следбеник на крвавите кураишки следбеници и согледува дека Исламот кој што Единствениот Вистински и Совршен БОГ лично ни го покажа во Исус е Совршен, за таа душа има големи шанси - преку Милоста БОЖЈА - да влезе во Совршената Вистина!

.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom