Кој е Исус Христос?

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
tl;dr
Абе во Саудиска Арабија тастатурите само ctrl,c и v копчиња имаат?
Не бе, скриптиран им е маусот - на MOUSE5 им пишува “Алах е голем“ и после стиска ентер.
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
1
Evangelie spored Jovan 1/1-13
Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.
2 Тоа беше во почетокот во Бога.
3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.
5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.
6 Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован.
7 Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8 Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината.
9 Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот.
10 Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна.
11 Дојде при Своите, но Неговите не Го примија.
12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име:
13 кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.
Isus Bese Bog koj dojde vo covecko telo za da ja kaze radosnata vest i da go navesti doagjanjeto na Bozjoto Carstvo.
No ne site go prifatija.

--- надополнето ---

Abe ne se ponasajte kako Deca. Ako Isus ne e Bog znaci zorle se pravite slepi. On e Bozji Sin Tatkoto se mu dade nego i go postavi desno od nego. Kako vtoro nemoze covek obicen da ti dade Svet Duh. treto
Ako ti imas sin A ti si covek i sin ti ke bide covek, Lavot ragja lavcinja, Meckata mecki.
30 Јас и Татко Ми едно сме.” Jovan 10/30
4 благодат, милост и мир од Бог Таткото и Господа Исуса Христа, нашиот Спасител. 2 Tit 1/4
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Исус бил син на архитект од средната класа

Д-р Бредфорд вели дека погрешниот превод на грчкиот збор „тектон“, со кој се опишува професијата на Јосиф, таткото на Исус, е една од многуте грешки што довеле до фундаментално погрешно толкување на потеклото на Исус
Исус Христос не бил роден во штала и не бил син на дрводелец, туку на успешен архитект од средната класа и висок интелектуалец, тврди д-р Адам Бредфорд, проучувач на Библијата. Тој исто така тврди дека во годините што „недостигаат“ во Библијата, односно периодот од Исусовата 12-та до неговата 30-та година, тој бил ученик на религиозните училишта и станал рабин од највисок ранг во Јудеја.

Со својата радикална ревизија на христијанската историја, д-р Бредфорд сугерира дека Исус во проповедите да се отфрлат земните блага и да се прифати едноставниот живот можеби зборувал од лично искуство. Тој ги анализирал оригиналните ракописи од Библијата напишани на старогрчки и хебрејски за да ја утврди вистината за Исусовиот општествен статус. Д-р Бредфорд вели дека погрешниот превод на грчкиот збор „тектон“, со кој се опишува професијата на Јосиф, таткото на Исус, е една од многуте грешки што довеле до фундаментално погрешно толкување на потеклото на Исус. Тој тврди дека иако „тектон“ обично значи дрводелец, неговото поточно значење е главен градител или архитект. Како архитект, Јосиф би имал повисок општествен статус и би му овозможил подобро образование на својот син. Во повеќето англиски преводи на Библијата Јосиф е опишан како „обичен човек“, но д-р Бредфорд вели дека зборот „човек“ го нема во оригиналниот грчки текст, а дека зборот преведен како „обичен“, во суштина значи постар религиозен научник вклучен во судската власт.

- Ако Исус бил син на сиромашен номадски дрводелец со радикални идеи, никого не би го засегало тоа што го кажувал. Но бидејќи Исус бил обучуван да стане најобразован Евреин во своето време, тоа му дало можност да се стекне со големо влијание поради кое не бил казнет за дела за кои обичните Евреи биле затворани или казнувани. Исус уживал општествени привилегии недостапни за необразован номадски дрводелец. Тој не само што можел во два наврата да го расчисти официјалниот пазар на Храмот без мешање од властите, туку можел непречено да поучува во дворовите и синагогите на Храмот. Низ цела Библија нему му се обраќаат со формалните титули рабин и законик - највисока позиција во тогашното еврејско општество, дури и неговите непријатели - вели тој.

Малку се знае за Исус од времето кога имал 12 години и за кога се вели дека Пасха ја поминал во Ерусалим со своето семејство, до времето кога на 30 години бил крстен од Јован. Д-р Бредфорд верува дека во тој временски период Исус станал рабин највисок по чин во Јудеја.

- Кога 12-годишниот Исус седнал со закониците во Храмот, ги воодушевил со своето знаење. Тие сигурно го „регрутирале“ подоцна да се запише во едно од нивните училишта. Според еврејскиот систем, Исус не би се појавил во јавниот живот додека не наполни 30 години, кога веќе би станал „дидаскалос“. Овој збор денес се преведува како „учител“, но всушност означува многу повисок статус и значење. Бидејќи еврејските власти инвестирале толку многу надеж и време во Исус, јасно би било зошто кај нив толку се разбеснила омразата кога тој „застранил“. Исус бил нивната голема надеж што застранила од патот на еврејската вера и на тој начин го предал сето она за што тие се залагале - вели тој.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тој исто така тврди дека во годините што „недостигаат“ во Библијата, односно периодот од Исусовата 12-та до неговата 30-та година, тој бил ученик на религиозните училишта и станал рабин од највисок ранг во Јудеја.
...
- Кога 12-годишниот Исус седнал со закониците во Храмот, ги воодушевил со своето знаење. Тие сигурно го „регрутирале“ подоцна да се запише во едно од нивните училишта. Според еврејскиот систем, Исус не би се појавил во јавниот живот додека не наполни 30 години, кога веќе би станал „дидаскалос“. Овој збор денес се преведува како „учител“, но всушност означува многу повисок статус и значење. Бидејќи еврејските власти инвестирале толку многу надеж и време во Исус, јасно би било зошто кај нив толку се разбеснила омразата кога тој „застранил“. Исус бил нивната голема надеж што застранила од патот на еврејската вера и на тој начин го предал сето она за што тие се залагале - вели тој.
„Исус отиде во Храмот и поучуваше. Затоа Јудејците се чудеа и велеа: „Како ги познава Овој Писмата кога не учел?” “ (Ев. Јован 7:14-15, Библијата)

Исус Христос не бил роден во штала и не бил син на дрводелец, туку на успешен архитект од средната класа и висок интелектуалец, тврди д-р Адам Бредфорд, проучувач на Библијата.
...
- Ако Исус бил син на сиромашен номадски дрводелец со радикални идеи, никого не би го засегало тоа што го кажувал.
Исус пораснал во сиромашно семејство. Јосиф и Марија биле сиромашни. Доколку тие беа богати или барем просечни, тогаш за Исусовото посветување немаше да принесат две гулачиња или две грлици, туку јагне. Имено, Мојсеевиот Закон налагал за очистување на мајката што родила, семејството да принесе јагне како жртва, но ако семејството било сиромашно, тогаш можело наместо јагне да се принесе две грлици или две гулапчиња.

„Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо. Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да и се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’” (Левит 12:8, Библијата)

Бидејќи Јосиф и Марија биле сиромашни, тие не биле во состојба да принесат јагне и затоа принеле две грлици или две гулапчиња.

„И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според Мојсеевиот Закон, Го донесоа во Ерусалим, за да Го претстават пред Господа, како што е напишано во Господовиот Закон: „Секое машко, кое се раѓа прво, да Му биде посветено на Господа!”, и да принесат жртва, како што е речено во Господовиот Закон - две грлици или две гулапчиња.“ (Ев. Лука 2:22-24, Библијата)

А дека Исус бил сиромав, сведочи и апостол Павле:


„Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија. “ (2 Коринтјаните 8:9, Библијата)



Во повеќето англиски преводи на Библијата Јосиф е опишан како „обичен човек“, но д-р Бредфорд вели дека зборот „човек“ го нема во оригиналниот грчки текст, а дека зборот преведен како „обичен“, во суштина значи постар религиозен научник вклучен во судската власт.
Никаде во евангелијата каде што се спомнува Јосиф како маж/сопруг на Марија нема некоја придавка која англичаните или американците би ја превеле како обичен или сл. Коине грчкиот збор што се спомнува за Јосиф е "анер" и тоа значи буквално маж или сопруг. Во евангелијата нема никаква придавка пред тој збор. Едноставно Јосиф е спомнат како маж/сопруг на Марија.

д-р Бредфорд
Внимателно со луѓе што се претставуваат со титули "д-р" и откриваат некои новокомпонирани "еуреки" во Библијата.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Jesus, my joy,
The food of my heart,
Jesus my Honor,
Ah, how long,
How long will my heart be anxious
And longing for Thee!
Lamb of God, my bridegroom,
Outside of Thee,
Could nothing on earth
be dear for me
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
DBack

абе шо правиш бе човек. Трчкаш од една тема на друга и се обидуваш, што? Да го оцрниш Христијанството? Толку ни љубомориш, та не гониш овде по фотумите, се обидуваш да не разубедиш? Абе неможеш. Цврста е нашата вера. А ти вака си талкаш овде низ форумите сакајки да не навредиш, ама ете неможеш, ние им се смееме на ваквите како тебе, и ве жалиме.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не го оцрнувам христијанството, туку слепата верба. Кликни по подолгите мои мислења и ќе можеш да прочиташ поопширно. Христијанството го почитувам како културно наследство. Како богатство од минатото. Како православна идентитетска црта. Им пружило многу утеха на моите предци, помогнало да се очуваме како култура, народ и сл.

Сега е obsolete, надминато е. Веќе не брка работа. Само кочи. Не те замислувам тебе како куцкаш на стара Olivette машина и го праќаш постот до Мистичен да ти го објави на форум - глупо би било од твоја страна, нели?!

Да веруваш во нешто, според мене, е сосем во ред. Се додека си убеден дека е тоа правилно, вистинско и веродостојно.

Тоа што мислам дека не е во ред е, кога ќе разбереш дека нешто е бесмислено или фалично, дека е наочиглед контрадикторно, да продолжиш да веруваш, иако сиот твој здрав разум и логика ти вришти дека нешто со тоа не е ОК!

И уште нешто: ОВА Е ФОРУМ! Не е огласна табла на христијанската црква (која и да ја претпоставиш од илјадниците активни варијанти). Ова е место каде треба ДА СЕ СПРОТИВСТАВАТ ГЛЕДИШТА. Како што гледам од активноста на овој подфорум од нова година навака, да не сум јас и уште 5-6 други контраши, на темава, освен за тоа колку бил научно базиран Исламот, ништо друго нема да се напише.

Мое право е да ја презентирам мојата страна од медаљата. Мојата намера е да ја раздрмам слепата верба во буквалното читање на Библијата кое се граничи со ИНФАНТИЛНОСТ (оттаму и паралелата: Исус - Дедо Мраз).

Ич не ми е мерак да ти кршам тебе филм. Ти си веруваш, очигледно, многу силно. Тебе, еве, ништо не ти можам. Што се секираш?

... а на ова со Дедо Мраз, што си се напецал, пошто ова е форум, можеш да пробаш да изаргументираш на пример: Како е Исус поразличен од Дедо Мраз?

Така, наместо да се напаѓаме еден со друг, ќе може да ги браниме своите гледишта. Нели?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Види, она твоето е "uncalled for" како што велат Англичаните. Ги ставаш сликите, а никој не ти ги бара. И на оваа тема, и на другата каде што имаш поставена слика за крстот. За тоа ти зборам јас. Ти си се расфрлал на сите теми со слики со навредлива содржина. Немој така. Сосема друго е да се дискутира на тема соодветна каде што ќе се спротивставуваат верниците и неверниците - имало досега такви теми и се интересни, да се чуе мислење и на двете (или трите) страни. Таму може да се дискутира, а не вака.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ха,ха,ха. Грохотом се смијем.
А смееш од Мухамед да стаиш вакво некое комично сликиче?
Немам г'з за тоа. Искрено.
Се серам од страв. Имам фамилија.
Можам да серам, ама слики - јок. Би можел да направам нов јузер, ама тоа би било ептен троловски.

--- надополнето ---

Види, она твоето е "uncalled for" како што велат Англичаните. Ги ставаш сликите, а никој не ти ги бара. И на оваа тема, и на другата каде што имаш поставена слика за крстот. За тоа ти зборам јас. Ти си се расфрлал на сите теми со слики со навредлива содржина. Немој така. Сосема друго е да се дискутира на тема соодветна каде што ќе се спротивставуваат верниците и неверниците - имало досега такви теми и се интересни, да се чуе мислење и на двете (или трите) страни. Таму може да се дискутира, а не вака.
„Неповикано“ би било, Боби, ако ја на тема „Разлика меѓу зумбули и орхидеи“ ги залепам ваквите слики.

Темава, во овој случај, е: Кој е Исус Христос? (пишува горе) На оваа тема, мојот пост е и тоа како пригоден. Исто како и секој друг прилог (те молам провери) кој сум го дал.

Тоа што тебе не ти се допаѓа постот, што ти буричка по главата и можеби ти разнишува концепти е сосем друга работа. Имаш право да не ти се допаѓам јас или моите постови, но мислам дека должиш почит према мојот животен избор исто така како што јас имам за твојот. Јас не ти викам дека си ти одвратен, глупав, безобразен, зол, злонамерен или дебилен. Немој ни ти.

И повторно, ОВА Е ФОРУМ!!! тука ТРЕБА да се постираат спротивни ставови. Ако со нешто не се сложуваш - прашај, контрирај, објасни или порекни. Не барај од мене да се променам чисто поради тоа што „се осеќаш навреден од некоја слика“.

Твојата верба е ТВОЈА - не е моја! Ако не сакаш да се чувствуваш навреден - не ја гледај сликата! Ако не се сложуваш со тоа што сум го постирал - пиши го своето мислење. Ако не ти е јасно нешто - прашај!

Со задоволство ќе ти го образложам и изаргументирам својот став.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Емануил - Исус Христос е човек,мудрец,филозоф...еден од најпросветлените луѓе во своето време.Неговото учење е Пат,пат до Бога.Но не оној некој бог кој верниците мислат дека се наоѓа некаде на небо и не набљудува што работиме,бог тиранин,казнувач и наградувач,туку оној Бог кој е во нас и насекаде околу нас,во целиот Космос.Оној Бог кој Е.Исус вели дека преку него ќе стигнеме до царството божјо.Да,но тоа царство божјо не е никаде на друго место освен во нас самите.Преку Исусовиот Збор,со неговото учење ќе го достигнеме царството божјо,т.е. ќе ја издигнеме Свеста на повисоко ниво од ова.Тогаш ќе видиме дека царството божјо,рајот се овде на Земјата и никаде на друго место.Секако,ако имаме капацитет тоа да го сватиме.Исус е само еден од патојте...тука е Буда,Заратустра,хиндуизмот и др....изборот е сопствен.Исус е мртов веќе 2000 години и нема да се врати за да не стави на кантар како што веруваат христијаните и муслиманите.Освен ако не се реинкарнира во некое тело,но христијаните и муслиманите не веруваат во реинкарнација.Христијаните веруваат дека Исус бил распнат,воскреснал и се издигнал горе на небото каде што сега седи на трон десно од Отецот.(lol)Муслиманите веруваат дека ниту бил распнат,ниту пак дека воскреснал,туку дека жив бил вознесен на небото кај Аллах(lool).А има и една теорија дека Исус го преживеал распнувањето и заедно со мајка му Марија и апостол Тома заминале на Кашмир каде што таму умрел.Се верува дека и на млади години бил на Кашмир каде што изучувал Будизам.(хммм...)Која од овие теории е вистинска?И дали е толку тоа важно која е вистинската?Мене не ме интересира.Мене ме интересира она што ми го предава професорот,а не неговиот приватен живот...

Прашање до DBack.Дали друже си го прочитал Евангелието воопшто за да имаш ваков став дека Исус е дедо мраз за возрасни?

Прашање до верниците.Дали сте го прочиталие Евангелието воопшто или вашето христијанска вера се темели на бакнување парчиња дрво,хартија,ѕид,оставање шеќер,брашно,хулахопки на тие икони со надеж дека тоа ќе ви донесе здравје и мир?

:salut:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прашање до DBack.Дали друже си го прочитал Евангелието воопшто за да имаш ваков став дека Исус е дедо мраз за возрасни?
Само 4-те „оригинални“. Апокрифните и „изгубените“ - не. Ама затоа, го читам редовно Чичко Лет3 и главно оттаму ги пребарувам историските паралели за човекот Исус.
Кога викам Дедо Мраз, не мислам на човекот Исус, туку на христијанската творба (од луѓе створена) Исус. Во конкретната лепенка на оваа тема, Исус (за мене) е олицетворение на заблудата која инситуционалното христијанство ја наметнува на поводливите и некритични луѓе. Или: Колку што е христијанскиот Исус вистински, толку е и Дедо Мраз вистински. Нека се обиде некој да ја разбие оваа паралела. Бујрум. Да видиме каде ќе стигнеме.
Ја сум подготвен да влечам паралели. Само некој нека почне .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom