Како што можам да верувам дека постоел одреден световно славен лик во минатото, да речеме, Цезар или Октавијан Август, така можам да верувам дека постоел и ликот Христов. За разликите меѓу луѓети и Богочовекот, нема да зборувам, да речеме дека ги нема.
Но, битна е тука една поинаква работа: како што постои световната историја, која ни зборува за сите повеќе или поналку славни историски фаци, паралелно со световнат историја, постои и историјата од Црквата Христова. Бесмислено е да очекувам дека еден световен историчар би придавал внимание на ликот Христов, како што е бесмислено да очекувам дека историјата од Црквата ќе ми зборува за било кој друг лик, освен Христовиот. Историчарие зе интересираат за световно иснтересни фаци, за фаци кои ратуваат и освојуваат, а не за Оној Кој дојде да не спаси! Како што световните науки не Го проучуваат Бога Творецот, туку ги проучуваат творенијата, така и световната историја нема потрба да се занимава со ликот Христов, оти за тоа ја имам црковната историја, т.е. Преданието.
Да видме што вели Бочочовекот за Светот, кој (Свет) го сака само световното а не и Божјото:
„...Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замразил...„, (Јован, 15.18).
Така, Светот (световните луѓе, неверниците) немаат потреба да прават записи за Оној Кој дојде да не спаси, оти световните луѓе Го мразат Христа, или, како што вели еден богослов, кога Христос сега би дошол, луѓето пак би посакале да Го распнат.