Кој е Бог?

Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
1. Дали воопшто постои?

2. Ако постои, во каква форма постои и која е неговата улога?
Можеби не сме сами во универзумов и тоа отвара многу додатни прашања.Човекот е по природа антропоцентричен и мисли дека целиот Универзум и се што постои треба да бидат во негова служба па оттука произлегува тоа дека е миленик на Бог и има главна улога во живиот свет.

3.Што ако постојат повеќе Богови? Еден од нив да речеме дека е причинско-последичната врска.

4.Која е уствари поентата на крајот на денот дали Бог постои или не, кога си препуштен на самиот себеси?

5.И зошто секогаш кога ќе се спомне Бог, Христијаните си го приватизираат и мислат дека се работи за нивниот Бог?:D
Живееш во 2024та година од раѓањето на Исус Христос. Не постојат повеќе богови туку само Еден кој намачен и распнат со круна од бодликава жица умре на крст на 33 години. Но Тој ја победи смртта, ги победи сите стравови на Човекот.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777

...секогаш е само еден бог во срцето на оној кој верува во него,но тоа не ја исклучува можноста од постоење на повеќе богови во срцата на другите луѓе,нели?
...и уште помалку ни дава за право да критикуваме туѓи мислења и верувања
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.979
Поени од реакции
5.130
1. Дали воопшто постои?

2. Ако постои, во каква форма постои и која е неговата улога?
Можеби не сме сами во универзумов и тоа отвара многу додатни прашања.Човекот е по природа антропоцентричен и мисли дека целиот Универзум и се што постои треба да бидат во негова служба па оттука произлегува тоа дека е миленик на Бог и има главна улога во живиот свет.

3.Што ако постојат повеќе Богови? Еден од нив да речеме дека е причинско-последичната врска.

4.Која е уствари поентата на крајот на денот дали Бог постои или не, кога си препуштен на самиот себеси?

5.И зошто секогаш кога ќе се спомне Бог, Христијаните си го приватизираат и мислат дека се работи за нивниот Бог?:D
1. Да, постои. Објавено ни е од Небесата.
2. Во форма на дух, кога се Отецот и Духот Свет во прашање, и во форма на Богочовек, кога е Синот Божји во прашање.
3. Да, постојат повеќе Богови: Отец и Син и Свет Дух. Надвор од Троичноста Божја, постојат битија кои сакаа(т) да бидат богови.
4. Поентата е што со Бога не си сам, а без Бога си само грешна земја.
5. Затоа што надвор од Троичноста Божја не постојат други богови.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Ќе биде напорно да се објаснуваме дали Христијанскиот Бог постои и е оној вистинскиот, па најдобро е секој да остане на сопственото убедување.
Според мене Христијанскиот Бог ниту постои, ниту сметам дека е разумно да се верува во него.Верувајќи во него, се пропушташ себеси и следиш туѓи правила кои и не се баш најпаметни со исклучок на некои.
Како да не можеме сами да се справиме со светот и тешкотиите во него па мора да веруваме во Бог (Христијанскиот) за да си поминеме добро на овоземниот свет.
Не за џабе Ниче, а и многу други философи пишале дека Христијанството е идеална религија за слабите и лицемерните луѓе.Со исклучок на некои, се разбира.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Темата е кој е бог, а не кој не е бог.!
Твое мислење?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Не за џабе Ниче, а и многу други философи пишале дека Христијанството е идеална религија за слабите и лицемерните луѓе.Со исклучок на некои, се разбира.
Исклучоците се оправдување за идните векови во христијанството! Милион неспособни кои не се ниту заморуваат со религиите и проучување, ги спасуваат 11 луѓе низ истото време!

И не заборавајте дека зборуваме за верување, за внатрешен свет на секој човек, зборуваат тука некои верници за боговите како да тие се реалност, некои да ти кажам искрено и се сметаат себе си за пророци, дека знаат за боговите, ги виделе, комуницираат со нив... ти си одлучи што ќе мислиш за некој виртуелен лик на форумот што мисли така за себе си...

Така да - ова со тоа кој е бог, во смисла дали јас и ти сме богови или дефинирање на бог даден во светите книги на старите религии кои го поделија светот (заедно со нивните секти) до немајкаде - ќе биде опасно кога ќе почне лошото мешање на симболите и мешање на сопствената индивидуалност дека е подобра и поголема и најбитна во однос на другите! До тогаш, се е тепање слама и дискутирање и надмудрување на форумов, да ни е интересно :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.979
Поени од реакции
5.130
Ќе биде напорно да се објаснуваме дали Христијанскиот Бог постои и е оној вистинскиот, па најдобро е секој да остане на сопственото убедување.
Според мене Христијанскиот Бог ниту постои, ниту сметам дека е разумно да се верува во него.Верувајќи во него, се пропушташ себеси и следиш туѓи правила кои и не се баш најпаметни со исклучок на некои.
Како да не можеме сами да се справиме со светот и тешкотиите во него па мора да веруваме во Бог (Христијанскиот) за да си поминеме добро на овоземниот свет.
Не за џабе Ниче, а и многу други философи пишале дека Христијанството е идеална религија за слабите и лицемерните луѓе.Со исклучок на некои, се разбира.
- Воопшто не е напорно посоченото објаснувае, ама кој ти е крив кога немаш основни религиски познавања па наместо нив, изнесуваш само свои ставови, засновани на ништо.
- Верувајќи во рисјанскиот Бог, стануваш близок до Него. А важи и спротивното-„тешко е да се риташ против бодило„.
- Со тешкотиите во Светов никој не се справил, ниту ќе се справи. Тешкотиите во Светов се поледица од првосторениот грев човеков, после кој (грев), природата ни стана непријател.
- Ниче умира во психијатриска болница. Погоди „од три пути„ зашто...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
- Воопшто не е напорно посоченото објаснувае, ама кој ти е крив кога немаш основни религиски познавања па наместо нив, изнесуваш само свои ставови, засновани на ништо.
- Верувајќи во рисјанскиот Бог, стануваш близок до Него. А важи и спротивното-„тешко е да се риташ против бодило„.
- Со тешкотиите во Светов никој не се справил, ниту ќе се справи. Тешкотиите во Светов се поледица од првосторениот грев човеков, после кој (грев), природата ни стана непријател.
- Ниче умира во психијатриска болница. Погоди „од три пути„ зашто...
...зошто репетитивно пробуваш се што не е “твое“ да анатемизираш и релативизираш?
...не гледам потреба за такви коментари, кога си одлично религиски поткован
...искрено, малку смешно изгледа твоето исмејување на Ниче
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.979
Поени од реакции
5.130
...зошто репетитивно пробуваш се што не е “твое“ да анатемизираш и релативизираш?
...не гледам потреба за такви коментари, кога си одлично религиски поткован
...искрено, малку смешно изгледа твоето исмејување на Ниче
- Не релативизирам ниту случајно; во религозноста постои само „да„ и/или „не„. Не постои ништо „помеѓу„. Токму можноста за „помеѓу„, остава „простор„ и за постоење на други богови. А живиот Бог тоа одамна ни го забрани.
- Благодарам на пофалбата (не ти требаше, ама ајде, ја прифаќам...:)).
- Ниче завршува како и многумина слични на него. Тој е само еден од ликовите, кои во својот живот се потрудиле да одвратат колку е можно појќе народ од вер(б)та во живиот Бог па затоа и завршува така неславно. За секој случај, види и ги и судбините од Ленин, Кант и др.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не релативирам ниту случајно; во религозоноста постои само „да„ и/или „не„. Не постои ништо „помеѓу„. Токму можноста за „помеѓу„, остава „простор„ и за постоење на други богови. А живиот Бог тоа одамна ни го забрани.
Инат тераш , а со тоа зборуваш спротивно од твојата книга.
Читај...
Павле до римјаните

13. бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат

Неверник може да биде по човечен од верник.
Значи таков тврд став , ако не си со нас, тогаш си против нас може да се види кај тврдокорен верник.
Па колку и да исповеда некаков бог, тој е само со уста блиску,а со срце далеку.
 
Уаааааауууу!...

Ај подобјасни ги речениците под точките 13, 14 и 15. Ќе можеш?

Благодарам...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Уаааааауууу!...

Ај подобјасни ги речениците под точките 13, 14 и 15. Ќе можеш?

Благодарам...
Веќе напишав во кој контест се.
Ако мислиш дека имаат друго значење, повели образложи.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.979
Поени од реакции
5.130
Веќе напишав во кој контест се.
Ако мислиш дека имаат друго значење, повели образложи.
Еве...

13. бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;

Овде Св. Ап. Павле нагласува дека прифаќањето на Божјата волја, изрзена преку Заповедите, е бесцелна ако Заповедите не се претворат во пракса, во начин на живеење од страна на секој кој себе си се гледа за верник и следбеник Божји/Христов.

14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;

Овде Св. Ап. Павле зборува за начинот на кој незнабожците имаат можност за бидат спасени, така што незнабожците, под услов никогаш и да не го слушнат евангелието Христово, можат да се спасат ако го слушаат гласот на совеста (!), кој им е вграден на сите луѓе, по раѓање. Значи, на незнабожците не им се обајвени 10-те Божји Заповеди, но пак можат да живеат праведно, ако се раководат по својата совест.

15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат

Овде Св. Ап. Павле само го подобјаснува напишаното во точка 14, односно посочува на кој начин делува совеста кај незнабожците (како и кај сите луѓе..), која може да им помогне да раздвојат што е „добро„ а што е „зло„.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
односно посочува на кој начин делува совеста кај незнабожците (како и кај сите луѓе..), која може да им помогне да раздвојат што е „добро„ а што е „зло„.
А што напиша ти...
во религозноста постои само „да„ и/или „не„. Не постои ништо „помеѓу„.
Значи постои нешто помеѓу и без верување во бог?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom