Кој е Бог?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ех, така христијаните учат, некои друго учат за Луцифер.

Сатаната има следбеници бидејќи не можат сами ништо, курвинско продавање на своето постоење, нема ништо тука со тоа Луцифер!
Секој треба да е Луцифер ;)

(Малку да размрдаме темата, не за друго. Едно та исто да се зборувало, ајде малку енергија вложете што е ова. Мрзи!)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас знам дека Бог не е албанец.

Шега на страна. Митот за Луцифер е расприкажуван повеќекратно и од повеќе агли, уште пред Христа се говори за паднатите ангели. И?

Бог е Бог. Нема потреба од наша земна дискусија околу неговата суштина.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Кога може Вртев да зборува во своите песни за суштина... По се изгледа одамна богот си заминал од земјата и не планира да помине и да си ја собере вересијата... :vozbud:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Секој скот може да говори за суштина. Но, не секој може да ја спознае.
Ова би му дошло слично како: Не секој што е роден, заслужува да живее :D
Ми се допаѓа богот се поеќе и поеќе... има смисла за хумор. А смеата е битен дел од животот на оваа планета.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Смејте се смејте телемиитиииии иии ииии ииии.

(смејте се смејте четиницииии иии ииии) парафраза ;) :)

Кој е Бог?

Ајде, кој не е Бог, да ве видам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Цитирај ме бре маж :)
Саде сарказам па и не е на арно. :love:
Тој е најголемиот бог на форумот, сарказмот, а ти бааги си го љубиш тој бог.
Другото не постои низ овие битови :)

П.С. Само ако некој ми го спомни пак еврејскиот бог дека спасил нешто, ќе го најдам од кое село е... еј :pos:
Или пак оние со Аллах п.д.ф.д.о.о.е.л. .... Де ајде решете си кој е НАЈбог... и дали е истиот, или не е истиот или овој е подобар... итн итн...
Ако не е, дај да го решиме тој што не е...
Дали крст, дали влечење со 156 коњи по 111 километри калдрама... ќе се договориме.

Ајде еднаш за секогаш дајте ни го богот па ние да се справиме со него! :D
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Цитирај ме
Е сум те утнал бе. Три работи едновремено се праат, ама и се греши.

Еврејскиот Бог ги спасил евреите од фараоните. Цврц ;)
Јас сум од село центар, селендра Скопје. Да не ме бараш де.

Бог е се, бог сме сите ние, тој е во сите нас. Со нас, сакале ние или не сакале. Кој као милува да си бара оправданија за тоа кој е и што е и дали е. Но, тој е еден. Тој е СЕ.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ах тоа Скопје... сите во Скопје.
Нема место во Скопје за луѓето не пак за богови :)

А тебе од што те спасил богот? :)
И за кој тоа бог ти зборуваш?

Се држиш до теоријата дека Аллах, Исус, Јехова, Јас сум тоа што сум, богот на Аврам Исак итн итн, Хорус, Изида, Инана, Кали, Шива, Ра, Ра Характи, да не ја заборавиме Шекина, итн итн се едно та исто само различно разбрани и различно интепретирани од поспособните во различните епохи?
Ако е така, зошто сеуште се дрдори кај официјалните свештеници и имами кој е вистинскиот бог и создаваат раздор?
Не разбираат дека е еден бог со различни имиња и различни концепти во различни временски рамни? Хм?
Мислиш дека се сложуваат со ова „големите“ вери кои го спасуваат човекот и човештвото? Или пак не?

И денес е нова временска рамка, не ни требаат старите концепти на богови, етики, моралност... Да го оставиме тоа да го јаде минатото... како р'ѓата што го јаде железото со текот на времето!
Да оставиме курвите да се курваат, мачениците да умираат... секој да си биде на своето место.

Дајте боговите да си бидат богови, не ги влечкајте по калишта обидувајќи се да бидете интересни :)
Оставете го тоа на профи луѓе :D
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ах тоа Скопје... сите во Скопје.
Нема место во Скопје за луѓето не пак за богови :)

А тебе од што те спасил богот? :)
И за кој тоа бог ти зборуваш?
Од бељата.

За Перун ебаго.
За Один, Маниту, Јахве, Јехова, Алах, Џизс, Вотан и милионите други имиња на ЕДНИОТ и единствен БОГ.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Лесно е ти да користиш пцовки и да верглаш едно та исто... но тоа што го зборуваш не е плукни залепи.

Како може да се обединат сите различни ритуали во една разбирлива, за верникот, хиерархија и филозофска основа, кои ќе дадат објаснување дека се работи за различни аспекти на тој еден бог?
И зошто тоа до сега не е направено? Ако веќе има бог и тој е еден...?
Зошто постојат различни поделби, дури и ритуали кои имаат спротивни елементи во однос на други?
Си запознаен со христијанските ритуали, во исламот, суфизмот, хиндуизмот... постоечки ритуали пренесувани од античка Грција и Египет?

Чекаме луѓе да го направат тоа, да се сложат околу разликите или богот ако постои, како семоќен, тоа треба да го направи за луѓето?
До сега цело време во историјата човекот е за човекот. Нема богови кои помагаат, нема богови кои казнуваат...
Секогаш е Човекот во центарот.

„Еден“ и „Бог“ не одат заедно. Знам кон што целиш но тоа е неточно.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Бог е се, бог сме сите ние, тој е во сите нас. Со нас, сакале ние или не сакале. Кој као милува да си бара оправданија за тоа кој е и што е и дали е. Но, тој е еден. Тој е СЕ.
Е како нееееее, не е секаде со нас....затоа Америве сеа на цел глас викаат дека ако Бог не бил изваден од училиштата децата немаше да погинат.....така да, не бил Бог таму...треба да се врати. :(
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Хептаграм XI
не пцујам бе, аман.

Инаку, ти си мислиш дека е така како што велиш, ама ете не е точно. Рационализираш на човечки начин, обидувјќо се да детерминираш философија која ти прилега на карактерот. Како и секој досега. Да беше лесно да се спознае и дефинира Бог, немаше да постојат потреби од дискусии и дефиниции.
--- надополнето: 17 декември 2012 во 17:27 ---
Е како нееееее, не е секаде со нас....затоа Америве сеа на цел глас викаат дека ако Бог не бил изваден од училиштата децата немаше да погинат.....така да, не бил Бог таму...треба да се врати. :(
Шорт, дрв, дрв, дрв праиш и ти сеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom