Eve go junakot... samo toj go znae praviot pat, the one and only .. Mr. Dane Talevski..
The oldschool:
Што правеа досегашните раководства?
Го повикуваа народот да ја заборави сопствената историја, да ги избрише од неговата меморија трагичното минато, распарчувањето, геноцидот, да простува христијански, да трпи, да се жртвува во сегашноста - за нова иднина; за благосостојба и за духовно обединување во нова Европа. Го убедуваа дека Европа се раководи од правото и правичноста. Во сето тоа македонскиот народ сакаше да верува, веруваше во минатото, верува и денес.
Ние, Македонците, верувавме и баравме од Европа: во Берлин 1878, Лондон 1913, Букурешт 1913, Париз 1919, Париз 1946 да не прифати како народ, со свој идентитет, со богато културно минато, да ни го признае правото на слободен живот во своја држава.
Што ни даде официјална Европа?
Берлин, 1878: Европа одлучи: Македонија како безимена провинција да остане под власта на Османлиската држава.
Лондон, 1913: ја одобри окупацијата на Македонија од империјалистичките балкански држави.
Букурешт, 1913: Европа ја призна поделбата на Македонија и распарчувањето на македонскиот народ.
Париз, 1919: Европа се оглуши на барањата на Македонците за примена на право на самоопределување, обединување и самостојна држава и за македонскиот народ. Ја потврди поделбата на Македонија. По силна заложба на Франција го прифати барањето на Грција и вгради клаузула во Мировниот договор со поразена Бугарија за задолжителна Конвенција за размена на малцинствата; прифати третман на тогаш мнозинскиот македонски народ во егејскиот дел на Македонија како бугарско малцинство во грчката држава, го легализира етничкото чистење спроведувано од Грција.
Лозана, 1923: Европа го поддржа потпишувањето на Конвенција за задолжителна размена на малцинствата меѓу Грција и Турција. Ја поддржа Грција за насилно протерување и на македонското население со исламска вероисповед од егејскиот дел на Македонија.
Париз, 1946: На Мировната конференција ја потврди поделбата на Македонија и распарченоста на македонскиот народ. Тогаш, Грција спроведе нов геноцид над македонскиот народ...
1991: По прогласувањето на независноста на Република Македонија. Европа се солидаризира со Грција за непризнавање на уставното име и државноправниот континуитет на државата и националниот идентитет на македонскиот државотворен народ.
Њујорк, 1993: Европа наметна прием на Република Македонија во ООН под привремено име Поранешна Југословенска Република Македонија.
Букурешт, 2008. Европа ја понижи Република Македонија со одбивањето на нејзиното барање за пристапување во НАТО, со образложение дека не го прифаќа уставното име.
Букурешт, 2008: Европа ја понижи Република Македонија со одбивањето на нејзиното барање за пристапување во НАТО, со образложение дека не го прифаќа уставното име. Приемот во НАТО и ЕУ, го услови со име на државата во меѓународните организации и во меѓународните односи различно од уставното име. Со тоа, категорично даде на знаење дека државата ја сака во НАТО и ЕУ без македонскиот народ, без Македонци, со население без македонски национален идентитет.
Битката за признавањето на нашето националното историско име (националниот идентитет, автентичното историско минато и културно наследство) ја загубивме. Европа и сега, на почетокот на 21 век, не го измени својот однос спрема македонскиот народ.
Сега пак ајде да го поставиме прашањето: КОЈ ГО ЛАЖЕ НАРОДОТ!?