Без разлика што може ќе имате негативно мислење по однос на тоа што ќе го кажам, сепак мислам дека не станува збор за човечко дело. Гледав на телевизија еден документарец за тоа како еден англиски научник се обидува практично да покаже како пирамидите биле градени... и... експериментот му падна во вода. Како прво, не било можно да се донесат тие огромни камени блокови од Етиопија (од таму велат дека потекнуваат, а биле носени со пловни скелиња по Нил?), а како второ, ,,научникот,, се обидуваше безуспешно да не убеди дека неколку јажиња и дрвени греди им вршеле работа на ,,робовите,, да ги покренат неколкутонските камени блокови.
Сосема сум сериозен кога велам дека постојат вонземски суштества и дека пред неколку илјади години Земјата за нив била интересно парче од вселената за истражување на животот кај нас. Верувам дека пирамидите, барем оние поголемите, се нивни дела, а ги направиле како еден вид на ориентир (семафор) или како доказ дека некогаш биле тука.
Thanks.