Вака,
Египет, Кина, Месопотамија и Америка, се места каде што живееле цивилизации кои за нас се денес рамно на вонземјани.
Фактите викаат дека мумифицирањето, календарите, некои вселенски проекции, математики, концепции, и сл. се својствени за тој период. И скоро ништо од тоа не е разјаснето.
Сумерците имале преданија за риба-човек што искача од водата со носот кој му завршува во големата грпка - гњурец. Вавилонските висечки градини, такви работи, се незамисливи денес.
Кинезите имале преданија, и најдени се тие големи плави кристални глави од по 50 сантима дијаметар или како и да беше. Кинески ѕид, Конфучие со постулатите за човекот шо до ден денес држат вода, после тоа у Индија Буда, зенови едно друго, Ашока кој имал пратеници и у Стара Грција да шират хипи осечај и сл.
Индијанците, исто имале пирамиди, опсерватории, мадафака биле за календари, имале неверојатни технологии, а не знаеле за тркалото. Некои викаат дека дури Амазонија била пошумена да се спасат од поплави. Мислам, теории еден куп.
Египќаните имале карти на светот ко шо е денес, у малце погруба форма, кај шо јасно се глеа Гренланд ко 3 острова. Мислам, ВТФ? Онака, на папирус, насликана земјата, и то не ко шо е нашата карта Европа у средина, туку у средина Гринич и Екваторот..
Конспиративни теории има еден катаљон. Е сеа, тие цивилизации на пример, биле можда и понапредни од нас. Може пред нив имало уше понапредни кои се истепале со нуклеарки. Може оние плочкине од Говрлево шо уште не се истражени ко што треба, кај шо има кирилични знаци и старогрчки исто, се стварно од пред 7000 пне. Може постоела Атландида.
А може и не.
Пирамидите - грандиозни дела, ма онака, сведоштво за едни други времиња, што на нас ни е непознато. Некои викаат гробници, некои храмови, а некои викаат места за ориентирање на вселенските бродови. Факт е дека до денес, најприближна градба на нив е пирамидата на Мемфис Гризлис (Мемфис, која симболика). Ама таа е од железа, алуминиуми, градена со кранови и со шо све не.
Ова е КАМЕН, чоече, ТОЛКАИ КАМЕЊА, КАРПИ! Земјотреси, ма не ги дрма ништо. Како беше тоа мистериата со Кеопсовата, математиките ич не ми текиња. Ама чоече, прво обликот. Зашо се такви? Баш се ко приемници или емитери. Зашо се така распоредени? Или ај не зашто.. ама КАКО БЕ? Тоа е потребна човечка сила у пм, да влече, да качува, да ротира. Рачунајте која мака било да се измазнат тие карпетини, да се наредат. Ако ја граделе луѓе, требало милиони робови, деноноќно, стотици години да ги градат. Па катедралите се градени со години, и денес се гради све со години, иако има машинерии, средства милион. И како толку совршено, без фасади без ништо, да не пропушта ни грам ваздух и да не може жилет да се прцне меѓу 2 камена?
Ај забегав.