Кој ги изградил пирамидите и зошто?

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Еве како се градело тогаш :)

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Уште кога бев мал ми беа малку смешни тврдењата дека имало некој фараон кој целиот ЖИВОТ го потрошил за да си изгради - ГРОБ!!!:pos2:

И сите археолози,египтолози,институции кои имаат потрошено неброени пари излегле со 3-4 теории без доказ...!? Е***е луѓето... Независните истражувачи да имаа 1/20 од тие средства ќе објаснеа се.
Сега има уште побизарна теорија дека пирамидата не ја граделе робови ами слодобни луѓе...

Значи 2.500.000-3.000.000 камени блокови со тежина 2-20т на висина од 150м во тоа време без механизација...плус мермер и со златни плочи на врвот.Јасно зошто званичната археологија нема никогаш да даде уверлив одговор.
И сместена на точно место каде се дели копнената маса на континентите на 4 дела... значи старите египќани знаеле за Ј.Америка,Антарктик...
Али пак кога ќе размислиш дека у тоа време и немало баш што друго да се работи :pos2: не им останувало ништо друго осим градење гробници :tv:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Али пак кога ќе размислиш дека у тоа време и немало баш што друго да се работи :pos2: не им останувало ништо друго осим градење гробници :tv:
Немале ТВ,интернет...
Имало и тоа како што да се прави, само да се обезбеди исхрана било голем предизвик...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Немале ТВ,интернет...
Имало и тоа како што да се прави, само да се обезбеди исхрана било голем предизвик...
Исхраната па и не била некоја тешка работа. Прво Нил е позната по тоа што нејзиното поплавување е предвидливо за разлика од оноа на Еуфрат и Тигар. Второ, Нил е голема пловна река. Вдолж неа е египетското царство. Значи таа е еден вид сообраќајница така да траснпортот на храна е најмал проблем. Потребни се само неколку сплавови. Истото е и за матерјалот за градба на пирамидите. Тие го црпеле од самите краеви на бреговите на Нил каде се пронајдени рудници (каменолом) на гранит. Едина мистерија останува како сите тие камења се редени за да подоцна изгледа сето тоа на рамна (нескачеста) прамида. За ова има претпоставки. Но најчудното е дека пирамидата на Кеопс е градена 40 години... премногу брзо нели?
 
Населението зависело од Нил и тоа било ризик бидејќи имало плодни и неплодни години во зависност од поплавите кои биле еден од најважните аспекти на живеењето. Нивната (не)предвидливост како основа на економијата.Немало супер-маркет па оди и оп! храна!
Во секој случај за таков потфат се потребни огромни вишоци на средства кои константно се влеваат во некој проект (како денес САД) кои во таква економија се незамисливи и од чисто економска логика наводното градење пирамиди од фараоните е фантазија.
 
Имало и сушни периоди но... Како што самиот реков во птретходниот пост реката Нил е предвидлива река. Се знаело кога биле големите поплави до степен на погрешување на ден или два. Инаку филозофијата на животот на египјанинот е проста. Тој за време на овоземскиот живот комплетно се подготвувал за животот после смртта. И да... Египјаните се` што граделе за фараонот, било со мерка за нешто божествено. Сепак фараонот бил претстава на еден од боговите - линк помеѓу овоземниот свет и светот на боговите.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И да... Египјаните се` што граделе за фараонот, било со мерка за нешто божествено. Сепак фараонот бил претстава на еден од боговите - линк помеѓу овоземниот свет и светот на боговите.
Митологијата и религијата се едно, но без економски и технички можности тоа да се изгради се друго паѓа во вода. Ако археолозите имаа објаснение досега ќе се знаеше како се градени. И за денешни услови градба на такви објекти претставува сериозан технички и економски потфат, е сега пренеси го тоа на 2.300 години п.н.е. и се гледа дека таква работа е малку тешка...
Не се само пирамидите во прашање има многу објекти од минатото кои не можат да се објаснат. Градот Теотихуанако во Боливија е сличен пример. Археологијата абер нема кои биле градители, зошто, како, што станало...има куп претпоставки.
Фер е од една наука која се смета себеси за таква (археологијата) да каже дека не е во можност да објасни нешто и да се овозможат и алтернативни објаснувања.
Не е се религија и мит, луѓето во старо време живееле и живот. Правеле и практични работи.
Археологијата се што не може да објасни го става во религија (често измислена), а здравиот разум претпоставува некоја практична примена во пропорција со вложениот труд. Пирамидите (не само египетските),Теотихуакан,Балбек,Наска,Велигденските острови,Стонхенџ е можно да имаат многу порационално објаснување отколку религиозни објекти.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Митологијата и религијата се едно, но без економски и технички можности тоа да се изгради се друго паѓа во вода. Ако археолозите имаа објаснение досега ќе се знаеше како се градени. И за денешни услови градба на такви објекти претставува сериозан технички и економски потфат, е сега пренеси го тоа на 2.300 години п.н.е. и се гледа дека таква работа е малку тешка...
Не се само пирамидите во прашање има многу објекти од минатото кои не можат да се објаснат. Градот Теотихуанако во Боливија е сличен пример. Археологијата абер нема кои биле градители, зошто, што станало...има куп претпоставки.
90% од математиката потекнува од тоа време. Тоа што нам денес ни е чудно како е можно таков проект да се реализира е поради тоа што сме биле затуцани толку долго време. Археологијата се заснова на реконструкција на настани и цивилизации на основа на материјални докази. Не можеш да очекуваш да има одговор за се. Дури и веродостојноста на таа наука не е сигурна.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тоа што нам денес ни е чудно како е можно таков проект да се реализира е поради тоа што сме биле затуцани толку долго време.
Работата е во тоа што обично се тргнува од погрешна претпоставка како основа за истражување а тоа е религиозната намена на сите наведени објекти. Дури и за Стонхенџ урпорно се негира можноста за астрономија туку се турка објаснување со религија.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И како твојот престој таму се одрази на твојот став кој ги изградил пирамидите?
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Немале ТВ,интернет...
Имало и тоа како што да се прави, само да се обезбеди исхрана било голем предизвик...
Да де, се шалам. Мене ме интересира што ќе се случи со Босанските пирамиди, само некако многу споро иде целата работа.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Во секој случај за таков потфат се потребни огромни вишоци на средства кои константно се влеваат во некој проект (како денес САД) кои во таква економија се незамисливи и од чисто економска логика наводното градење пирамиди од фараоните е фантазија.
Каква бре економска логика во робовладетелско општество на чело со монарх, односно фараон? Ако ти фали храна ги оставаш први робовите да умрат или пола убиваш за да има останатата половина што да јаде. Кога ќе ти дојде храна одиш кај комшиите да собереш неколку илјади робови и тераш понатаму.

Една пирамида се градела 30 години со 50-100 илјади луѓе. Така да нема ништо неверојатно. Просечна тежина на блок е 2 и пол тона. Да се крене тој блок без никаква механизација требаат 50 луѓе. Принцип на лост, јажиња, рампи и останато и бројот оди надоле.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
zidari gi izgradile koj drug moze,naj verojatno palancani
 
Kajgana Shop

На врв Bottom