Кој ви е омилен филм од Силвестер Сталоне?

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583


Кобра е мадафака филм. Цвик и чепкалка за заби во уста. Сеуште барам такви наочари.
Своевремено кога во Струмичкото кино се прикажуваше КОБРА секогаш после завршувањето на филмот беше криза за чачкалици во градот :pos2::pos2:.
Што се однесува до неговите филмови тоа се Рамбо 1 и Атентатори,не е за фрлање и комедијата СТОЈ ИЛИ МАЈКА МИ ЌЕ ПУКА и то.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Сите филмови за кои има добиено Златна Малина. ;)
Коментаров ти е ѕверски :)

Сепак, незнам зошто толку му го фрлиле пикот на човекот. Го растурија од златни малини, канти и останати пригодни трофеи. А човекот воопшто не е лош актер и што е поинтересно има и сосема добри сценарија напишано.

Веројатно првиот дел од Rocky (1976) ми е омилен филм, но тој филм го уби Холивуд затоа што Rocky требаше да ја добие битката со Аполо, па да умре. На крај, од комерцијални причини, Роки преживеа, а умре филмот.

Истото се случи и со Rambo First Blood (1982), кој требаше да заврши вака:


Понатаму, Cobra (1986), кој беше и сеуште е култен филм, има оцена на ИМДБ од „високи“ 4.7!?, со што според мене е еден од најпотценетите филмови на сите времиња.

Покрај Rocky и Cobra, од омилените филмови со Сталоне ми се: нискобуџетниот Cop Land (1997), урнебесната комедија Oscar (1991), потоа Demolition Man (1993), Tango & Cash (1989) и Assassins (1995).

Тежок е изборот, но Rocky си е Rocky...
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Rambo 2( osobeno deLot koga izLeguva od kalta :zver:)

i Rocky V ne e Los fiLm dobro e prikazano vrakanjeto na legendata Rocky BaLboa no sepak ne moze da ja pobedi mLadosta t.e mladiot bokser.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Rambo 2( osobeno deLot koga izLeguva od kalta :zver:)

i Rocky V ne e Los fiLm dobro e prikazano vrakanjeto na legendata Rocky BaLboa no sepak ne moze da ja pobedi mLadosta t.e mladiot bokser.
Не заебавај, Роки 5 е еден од најдосадните филмови на цел свет.
Да не пукаме спојлери, ама не го изгази на крај - и покрај тоа што воопшто не тренираше?
Цел филм ти доаѓа да и влезеш на Адриен со Роки-бокс во фаца, ти си дошол да гледаш филм со бокс, а она не му дава на главниот глумец да се бори.
Ја сфаќам реалноста - ама Роки 4 немаше воопшто, а овој фура на сурова реалност - не иде.

Роки 3ката го почитувам, Сталоне против Хоган.

А целата Роки серија е одлична, поготово ако читате Trivia на imdb.com за секој од нив.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
hehe mac) ne rekov najdobriot rekov ne e los film t.e ne e ni dobar...a decent one!
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Атентатори,Рамбо,Демолишн Мен,Роки 1,Кобра...
Ми текнува на еден филм во кој Сталоне цело време шеташе со фластер на носот пошто ќотек јадеше цело време и никој не го фермаше.Cop land. :)
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Има почнато со порни4и чинам, а мене еден од омилените ми е Death Race 2000
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Рамбо кецот! "First Blood"... го обожавам, филмчиште - драма со многу добро сценарио за тоа како се третирани виетнамските ветерани во САД и општо за пост-виетнам синдромот, а не факинг безмислена пуцачина како продолженијата. Требало да заврши со тоа што Рамбо ке се самоубие на крај, глеам некој веќе има поставено линк погоре за алтернативниот крај (браво за тоа!), ама таа проклета машина за пари Холивуд ја усра работата како и многу пати пред и после овој филм со тие продолженија.

Покрај Сталоне во филмов, многу ми се свиѓа и ликот на злобниот шериф Вил Тизл, маестрално одиграно од еден многу добар (за жал и многу потценет) глумец, Брајан Денехи.

---------------------------------------------------------------------------------
Rambo: I could have killed 'em all, I could kill you. In town you're the law, out here it's me. Don't push it. Don't push it or I'll give you a war you won't believe. Let it go. Let it go.
---------------------------------------------------------------------------------
 
М

Мрак

Гостин
Рамбо и Роки сите делови!!Човеков е одличен,многу го почитувам..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Рамбо прв дел, класика од филм. Тој ми е најдобар.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Демолишн мен, добра забава е тоа. Роки исто добар, Танго и Кеш...
Кобра, каква е Бригит Нилсен таму...:vozbud:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
стоп или мајка ми ќе пука и Рамбо
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Многу го почитувам Сталоне и неговите филмови најверојатно зошто прв филм што сум го гледал беше Роки 3 и сите филмови од него ми се допаѓаат ама како нај нај ќе ги издвојам Роки и Рамбо сите делови,Фрст блад,Кобра и Атентатори.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
...Cobra...се шалам :), Омилен филм со Слај ми беше Judge Dredd, и секако Demolition Man!
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.554
Поени од реакции
2.746
Сите филмови негови секад ми биле интересни но највеќе овака омилени што сум ги гледал секад со него ми се Lock Up i Daylight :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom