Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Rokenrolaa me razocara. :D Isto i drugive, edna lie to me, ili mentalist ja sporeduvam so sherlock.

House e kultna serija. So kult pozadi istata. So prvite 3 sezoni house ja nosi sherlock. So vi e be luge.. :)
Дури ни јас не го очекував резултатов. Иха, колку само членови го сакале Шерлок :X3:
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Rokenrolaa me razocara. :D Isto i drugive, edna lie to me, ili mentalist ja sporeduvam so sherlock.

House e kultna serija. So kult pozadi istata. So prvite 3 sezoni house ja nosi sherlock. So vi e be luge.. :)
Точно. Последните 2 сезони од Хаус не беа на нивото на претходните, ама тоа не причина да се стави црна дамка на целата серија. Последните две сезони беа изнудени колку да се прикажува сеуште Хаус и да собира пари на стара слава(не дека се толку лоши епизодите, баш напротив, само не се на нивото што го поставија во првите сезони).
Истото се случува и со Декстер. Имаа фантастична прва сезона. Приказната во првата сезона можеше и тоа како да биде направена подоцна, ама мораше да биде добра сезона за да се привлечат гледачи. Првите 4 сезони ги изгледав во еден здив, а последните 2 едвај. Заради публицитет и пари непотребно се продолжуваат некои серии. 99% истото ке му се случи и на Шерлок. Ако успее да стигне до 8ма сезона.
Малку забегав со Декстер ама поентата ми е дека не може заради една-две лоши сезони една серија да биде карактеризирана како лоша, а друга со само две добри сезони(од по 4 епизоди) да биде феноменална.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Заради публицитет и пари непотребно се продолжуваат некои серии. 99% истото ке му се случи и на Шерлок.
Јас пак викам дека нема шанси истото да му се случи на Шерлок, пред се затоа што е британска серија, а нив целта скоро секогаш (во 99% од случаите :D) им е квалитетот пред квантитетот.

Ја обожавам Sherlock, преголем респект имам после серијава за Benedict Cumberbatch, за Martin Freeman да не ни почнувам...

Но мојот глас оди за House, for obvious reasons, веќе ги спомнаа многумина пред мене па не знам што би додал. Веројатно најдобриот лик во историјата на телевизиските серии. Во серија која што пред се е драма, Hugh Laurie од епизода во епизода успеваше да ме насмее до солзи. Каква само носталгија ме фаќа кога се спомнува House, сепак не се малце 177 епизоди :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Jas sakam Dexter vs. Breaking Bad ako e vozmozno :X3:
Зборевме со Iosono која серија да ја споредиме со BB, јас ја дадов како предлог Dexter.

Ете и од мене глас за таа компарација, ако се согласат и другите, уште од сега да гласам за BB :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И јас сум за споредба на тие две и уште од сега кажувам дека сум за Декстер :)
Причина, т.е причини понатаму ќе си наведам.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Држете се сега за оваа споредба, утре ќе удриме математика која серија победила па Џими ќе стави нов дуел, а после тој ќе ги ставиме Декстер версус ББ :)
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ај баш ме интересират кои причини ќе ги наведите за то дека Декстер е подобра од ББ. Чекам јас...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Грегори мадафакин Хаус.
И Шерлок е одлична не викам не, можеби после некоја година и за Шерлок да гласам, ама моментално Хаус, Хаус и само Хаус.
Дијалозите, ликовите, шегите, зезањата помеѓу него и Вилсон.....едноставно ненадминливи се.
И ова ќе испадне најтесниот дуел досега, а на прва изгледаше дека Хаус ќе растура :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Во финишот од гласањево го давам гласот за Хаус :) Иако имаат сличности двата лика, Хаус ми е покомплетен, а Шерлок ќе го биде, ама нека им каже некој нека снимаат повеќе.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Хаус пошто само неа сум ја гледал:P
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
562
Поени од реакции
10
Гласам за Хаус, зошто нема помрднат лик од него !!!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Уф некако не можам да ги споредам од причина што Шерлок ми е незавршена и не знам како ќе се одвива.
Искрено Хаус ми е многу подобар направен како лик споредбено со Шерлок, се чуствува на моменти неговата слабост и исфрустрираност кога не знае што е проблемот за разлика од Шерлок кој досега е приземен и однапред му се предвидени потезите освен во епизодата со халуцинациите кога малку се посомнева во неговиот здрав разум е моќ за дедукција.
И морам да признам дека Хју ми е подобар актер од Бенедикт.
Кај Шерлок пак нарацијата на приказната е многу подобра и те држи во неизвесност до самиот крај на епизодата што ќе се случува, за разлика од Хаус каде што покрај тоа што се знаеше дека ќе го спаси денот, можеше да се претпостави и како ќе се одвива главната приказна во наредните две-три епизоди.
Гласам за Хаус само заради Лори и ништо друго.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Нели требаше да се соберат гласовите до сега?
како и да е мислам дека Хаус е повеќе од заслужен победник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom