Која "пастрмајлија" е подобра?

Која Пастрмајлија е подобра?

  • Велешката дефинитивно!

    Гласови: 103 32,4%
  • Штипската!

    Гласови: 157 49,4%
  • Не знам, немам пробано никогаш

    Гласови: 58 18,2%

  • Вкупно гласачи
    318

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Да каже некој која е разликата? Колку што знам класична пастрмајлија е тесто премачкано со сало и на него парчиња месо. јх :S
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.791
Поени од реакции
30.650
Абе кога си гладен сите се убави и вкусни.
Али Штипската пастрамајлија е далеку по позната од овие другите, и колку и да се трудат со Радовишкиот сомун или Велешката пита не можат да ја достигнат Штипската пастрамајлија.
Таа е бренд како Скопско пиво, Охридска пастрмка, Кочански ориз...you name it.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Да каже некој која е разликата? Колку што знам класична пастрмајлија е тесто премачкано со сало и на него парчиња месо. јх :S
јас, како од штип.. нека да ви објаснам како настанала пастрмајлијата

У старо време, пред едно 60/70 години луѓето ко се оправиле од турско си чувале ногу кози, свињи.. итн

кога ке заколеле некоја коза месото што ќе го одвојат за готвење се викало Пастрмȧ . И тоа што ќе останало најмалку од чистото месо го сецкале и го ставале на лебче намачкано со маст и го печеле заедно со лебот.

Е така со времето се развил рецептот и станало посебно тесто премачкано со маст и зачини и исецкано мевце веќе свинско. Пред 10-15 години се појави и пилешката демек полесна за јадење.

и то.. никакви јајци никакви додатоци. пастрмајлија се знае со туршшија и ракија... ја предпочитам вино.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Светиниколската пастрамајлија е најубава
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.438
Поени од реакции
11.356
дефинитивно за мене радовишката пастмајлија е нај нај (y)
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Јас сум од Свети Николе ... ги имам пробано сите пастрамајлии од наведениве горе а и нашава - светиниколската,па така да нема да гласам ни за велешката ни за штипската оти нашава светиниколска е 16 и пол класи изнад нив !!! ;) (y)

P.S - Зошто ја нема нашава во анкетниот избор ?! (n)
 
L

Ligeia

Гостин
Значи според штипјани може и пастрмка да се стави во питата не е важно името.:icon_lol: Гледам некои дури приказни кажувале за како настанала питата.:LOL: Јас од дедо ми вака знам... бидејќи Велес е во котлина на околните ридишта се чувало овци а од овчото месо се суши и се прави ПАСТРМА која се става кај нас во питата.Така и останала традицијата.Еве и изворно македонско потекло: http://www.makedonski.info/show/пастрма/ж :D
Е сега бидејќи штипјани во својата пита не ставаат ниту сушено овчо ниту сушено козјо автоматски немаат право да го користат како бренд името ПАСТРМАЈЛИЈА така можам да кажам дека штипската е една од најубавите пити со зачинето свинско месо кои јас сум ги јадела. :)
Поздрав и се разбира најубава...велешка пита пастрмајлија.Да ни дојдете на гости на зима и точно кај Баже Пити моментално има најубави.(y)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Zaebete stipska, veleska, pastrmajlijata vo Enriko vo Skopje so kaskaval koj ne ja probal gubi mnogu :cuc:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Zaebete stipska, veleska, pastrmajlijata vo Enriko vo Skopje so kaskaval koj ne ja probal gubi mnogu :cuc:
Naaah,пастрмајлија со кашкавал,not in my book :D
Иначе најубава,малјка ми таа дома што ја прави,озбилно.Дојдете,и ќе ви дадам :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Naaah,пастрмајлија со кашкавал,not in my book :D
Иначе најубава,малјка ми таа дома што ја прави,озбилно.Дојдете,и ќе ви дадам :)
I jas vikav taka ama ovaa stvarno e dobra :) Ako te nosi nekad patot nakaj Enriko, probaj, nema da zazalis :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.041
Поени од реакции
24.791
Zaebete stipska, veleska, pastrmajlijata vo Enriko vo Skopje so kaskaval koj ne ja probal gubi mnogu :cuc:
Ај послушај ме една работа. Следен пат кога си во Лептокарија не оди во Енрико, туку отиди во првиот ред што гледа према Партизанска има една сендвичарница се вика Гризли Бургер, одма е до бутик Прага. Ништо посебно не изгелда, има вкупно 2 маси внатре и кога е лето има и 2 маси надвор. Нарачај пастрмајлија со кашкавал 120 денари е, ама гледај да е тетката на смена. Ќе ми благодариш подоцна и за вкусот и за заштедата.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.477
Поени од реакции
10.206
Струмичката во Капо ди тути Капи :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom