Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 69
Кошмар-по дефиниција сон кој предизвикува непријатни чувства кај личноста што спие. Најчесто се пропратени со чувство на страв, болка, паѓање, давење, смрт и слично.
Се поврзуваат со физиолошки болести како треска и висока температура, и со психолошки-како трауми или стрес. Најчесто се појавуваат без никаква причина.
Кошмарите можат да бидат толку интензивни и стресни, што предизвикуваат ненадејно будење и спречуваат повторно заспивање на одредено време.
Повремените кошмари се почести, но оние кои се повторуваат извесен период во некои случаи бараат и помош од стручно лице.
Ноќните мори, уште познати како pavor nocturnus, се карактеризираат со екстремен страв додека субјектот е во полусон и не може да се разбуди. Најчесто се пропратени со стенкање, тешко и длабоко дишење или врискање. Во поголем дел од случаите, личноста која доживува ноќна мора не може целосно да се разбуди, и по „епизодата“ продолжува со нормално спиење, без претходно да се разбуди. Оваа појава не се случува во РЕМ фазата (rapid eye movement).
Од мала скоро секогаш сонувам кошмари и ги доживувам истиве симптоми кои се погоре опишани. Чувството е одвратно, понекогаш е пропратено и со несоница. Финтата е што не знам „лек“ против кошмариве кои постојано ми се вртат у глава дур спијам, а верувам дека никој на форумов не ужива во сонувањето кошмари. Ваши искуства? (не мора детално прераскажување, благодарам ) И што е најважно-ЧАРЕ?
http://en.wikipedia.org/wiki/Nightmare#_note-pmid11476655