Вака, и јас не сум задоволен од играта во нападот, некогаш има добра циркулација на играта но некогаш ми се сере кога Антиќ оди сам да го заврши нападот содриблинг или полошо со шут со скок наназад и влегува во филм дека е некој јак пауер форвард. Гечевски и Антиќ се топло ладно, едвај чекаат да се извлечат на шут за три. Мора Самарџиски да превземе повеќе на свој грб, да се избори за место во прв тим оти мора да игра, за Чековски ниту коментирам, неможам да го гледам, и ко шутира цигли фрла.
Војдан и Дамјан се ок, мноооогу трчаат, ротираат и се борбени, но малце повеќе играат од што треба. Соколов е многу корисен играч, Бо е ѕвер, Мираковски има свој пет минути еднаш на три натпревари, ама солидна замена за Бо е.
Е сега од коа дојде Марин, добри сме во одбрана иако треба да им каже да не праат фаули на средина од теренот без везе, и секоја четвртина прајме појше од 5 лични и им даваме слободни. Нападот треба сеуште да се уигра, ќе имаат една година за тоа, не ни сумњам дека ќе се подобрат многу додека почне европското. Но да се навикниме дека таква е играта, не само во МК и балканот, и во европа се базира на тројки, додека во НБА играчите преферираат шут од дистанца, кај нас никој не шутира од дистанца туку ќе се повлече назад кај тројката, дури и од контри два на еден одат на тројка.
--- надополнето ---
Инаку честитки за преносот од Унгарија, и тоа во супер тајминг е натпреварот. 19.00