Македонското срце големо како планина
Македонија - Турција 67:59
(20-23; 12-16; 18-14;17-6)
Сала Борис Трајковски-Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Денковски-Крстевски-Терзиевски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје
Играч п 3п 2п 1п ск. Ас. Играч п 3п 2п 1п ск. Ас.
В. СТЕФАНОВ 11 ? 3/11 2/3 4 1 26:56 АКЈОЛ 2 0/2 1/6 0/0 4 1 18:46
ИЛИЕВСКИ 17 1/3 2/3 10/10 5 6 31:42 ГУЛЕР 2 0/0 1/1 0/0 1 1 08:23
Мираковски - - - - - - - Атцур 0 0/0 0/0 0/0 0 2 03:29
Р. Стефанов 3 1/3 0/2 0/0 2 2 20:51 Арслан 13 3/6 ? 2/5 2 0 19:33
Петровски - - - - - - - Илјасова 6 ? ? ? 9 3 20:16
БЛАЖЕВСКИ 3 1/3 0/0 0/2 1 1 20:05 Налга - - - - - - -
Тасовски 0 0/1 0/0 0/0 0 0 15:03 Тунчери 6 0/6 3/7 0/0 1 0 24:15
Гечевски 4 0/1 2/4 0/0 5 0 19:13 Горкем 2 0/1 0/1 2/2 1 1 11:32
Стојановски 0 0/1 0/1 0/0 0 0 05:23 ЃОНЛУМ 10 0/0 5/7 0/0 8 0 29:59
Гоцевски 2 0/0 1/1 0/0 0 0 03:48 СОЛАК 4 0/0 2/2 0/0 6 1 09:31
МЕЈСИ 25 0/2 9/14 7/11 6 1 34:51 Сонкол - - - - - - -
САМАРЏИСКИ 2 0/0 1/3 0/0 13 0 22:08 ТУРКОГЛУ 14 1/7 2/7 7/10 5 4 34:02
Вкупно: 67 4/18 18/39 19/28 36 11 200 Вкупно: 59 5/25 16/38 12/19 43 13 200
Македонија, вечерва, 20.15 часот) ќе игра против селекцијата на Црна Гора за првото место на Трофејот ѓМакедонија” во Скопје.
Во вториот натпревар на турнирот, “црвено-жолтите” направија подвиг, ја совладаа силната селекција на Турција (67:59), и со две победи во два натпревари, како И Црна Гора, ќе атакува на победничкиот пехар.
Многу несигурно го почнавме натпреварот, веројатно и понесени од одличната атмосфера во салата (добро пополнета) која и ги натера нашите момци да почнат и (пре) атрактивно против големиот противник.
Имавме проблем во одбраната против Ѓунлум И особено Туркоглу, по 6-0 беше И (17:11) за Турција, кога првпат “живнавме”. Расположениот Илиевски отвори една убава серија, по која за првпат поведовме (18:17).
Но, само за кратко затоа што нововлезениот Арслан со две тројки ја врати разликата на турската страна, (18:23).
Предност која Арслан ја донесе и на двоцифрена (30:20) во 13. Минута од играта.
Инфериорноста под противничкиот кош (центрите слабо добиваа топки),не натера да форсираме шут. Но и во тоа бевме слаби, па Турците и премногу лесно ја одржуваа разликата.
За пет минути имавме само пет поени (сите на Мејси), и негатива од 9. поени (25:34). Не погодувавме ниту од линијата за слободни фрлања (пак Мејси).
Арсиќ проба со зонска одбрана да ги сопре турските напади. Со дефанзивата надополнивме дел од лошата игра во нападот (преку Илиевски), се доближивме и до (30:34).
Негатива не така висока посебно ако се знае процентот на реализацијата наа нашите момчиња во тие 20. минути, кои пак по наши грешки, Турција ги доби со (39:32).
Колку лошо игравме вели и податокот дека имавме само четири т.н. “поени од игра “, И само 12. во четвртината во која, за среќа, не бевме казнети максимално.
Вториот период го стартувавме без капитенот Стефанов, но и многу подобра дефанзива, и пред се офанзива. Со серијата од 10-3 и дефинитивно се
Вративме во мечот, се приближивме на (42:44) по пет минути од третиот дел.
И повторно, место целосно враќање напред, се вративме назад откако Арслан даде тројка, а Туркоглу заби за (45:53). И тој напад го одбранивме, и тоа преку одличниот Мејси и првите поени на Врбица Стефанов (два плус еден) за (50:53) по 30. минути игра.
Истата болка ја повторивме и на отварањето финалниот дел, кога противникот поведе со (57:50).Но Мејси не чуваше, во свој стил. Кога му се приклучи и Илиевски, потоа и Самарџиски дојде и тој резултатски пресврт. Поведовме со (57:55) во 34. минута од играта.
Не блескавме ниту тогаш, но добро браневме, што ни даде плус 4 (62:58) по тројката на капитенот Стефанов на 3:50 до крајот. Тука се отвори патот кон триумфот, го трасираше изворедниот Мејси, со асистенција на Стефанов.
Б. Радуловиќ
“Опомена” за Антиќ
Перо Антиќ не беше во составот на нашата репрезентација за средбата со Турција.
Причината не е никаква повреда туку, според стручниот штаб е нарушувањето на дисциплината пред да почне натпреварот.
Без никаква најава Антиќ не бил присутен на утринскиот, задолжителен тренинг, поради што селекторот Арсиќ, како прва опомена, а во договоор со раководството на КФМ, одлучи да го седне на клупата за резерви и да не биде во 12. Кои го почнаа дуелот со Турција.
Шанса од клупата за минутажа овојпат сем Огнен Стојановски, не доби ниту Дарко Соколов
Публиката "на одмор"
Иако во Скопје се собраа три одлични репрезентации (со исклучок на Романија), се чини дека ниту тоа не беше "повод" за висока посета во салата "Борис Трајковски"
На првиот ден на турнирот се собраа нешто преку илјада гледачи, добар дел од нив да ги видат во "живо" нашите момчиња, но и настапот на НБА ѕвездата Хидајет Турогклу во дресот на селекцијата на Турција.
Веројатно навивачите се с$ уште "на одмор" макар и оној "викендашки".
Ова со публиката навистина е страмота. па од 700 000 народ во тоа скопје да не може да се наполне сала од 6000 места