Кочии од дрво или златни?

С

Сатори

Гостин
~*~

Ти околу раѓањето неможеш ништо да бираш....ама понатака во животот сам ќе си ја држиш лажицата...дали ќе биде тоа сребрена или златна!!!Се тоа зависи од човекот....а не од тоа како некој друг пред него сакал.
Склонста кон материјалното , или пак кон духовното не е вродена особина...таа се стекнува.
Но битни се условите, да не се лажеме, најбитни од се, се условите во кои што ќе пораснеш и некој ќе те насочи.
Нормално дека ние сами се градиме и го бираме својот пат, но потеклото и те како има голема врска во тоа што ќе одбереме.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
1
Јас мислам дека најубава опција би била дрвена кочија со златни колца затоа што некој може да биде емотивно богат но ако неговата кочија се распадне тогаш џабе му е сето емотивно богатство. Џабе ми е ако јас имам љубов деца кои ме сакаат и тн ако јас не можам да им пружам задоволство. Љубовта е најубавото нешто на светот но ни требаат златни колца за таа љубов да опстои барем во ова време во кое живееме.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Златни или дрвени кочии? Море златен заб, велам јас. Ефективно меле храна и светка под секој вид на дискобол.

Што и да е, најбитно е да го избереш ЕДИНСТВЕНО бидеќи ти лежи; кога знаеш да го возиш, тогаш во секој случај ќе се позлати!
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ја не се возам бе.
Ја сум впрегнат ко коњ,а животот е горе и ме лупа со камшик да одам побрзо...забеган.
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Патиштата на животот не водат и низ калливи подлоги, и низ подлоги од перфектен рамен асфалт, сето тоа зависи од тоа колку и како сме ги процениле сопствените вредности, но патиштата Божји се правилни во секоја смисла на зборот и секогаш го остваруваат правилното од секој од нас.

Зборувам за патишта, зашто што би ни биле кочии кога би немале патишта? Е сега, замислете си златна кочија на каллив пат? Не ми е својствено и ми е жал за злетното, зашто ќе се извалка и ќе стане грдо, без разлика на тоа колку цврсто и да било. Додека, дрвената кочија, се совпаѓа со сите средини, секогаш е тука кога ќе ни притреба, а за златната треба да се плашиме нонстоп некој да не ни ја украде, а со тоа ќе ни ги украде соништата, начинот на живот и патот по кој се движиме.

Ја одбирам дрвената кочија, одбирам со неа да се возам по животот, без разлика колку падови ќе ми приреди судбината, и низ која кал ќе се провлечам, ќе знам дека повторно ќе можам да го заковам дрвото и да продолжам понатаму без никаков страв дека ќе бидам извалкана.
 
K

kat.<3

Гостин
Интересна тема... Па вака... дефинитивно за дрвените. Тие носат многу неизвесност, немаат амортизери, но сепак си ја имаат онаа доза на возбудливост, интересност. Додека кај златните (металните) се сигурни но таа сигурност не прави потромави, животот монотон, празни се - не се интересни.

колку убави зборови, и вистинити се, ако човек патува низ деновите со златни кочии, никогаш нема да го научи она што не го знаел пред тоа.:smir:
 
K

kat.<3

Гостин
Патиштата на животот не водат и низ калливи подлоги, и низ подлоги од перфектен рамен асфалт, сето тоа зависи од тоа колку и како сме ги процениле сопствените вредности, но патиштата Божји се правилни во секоја смисла на зборот и секогаш го остваруваат правилното од секој од нас.

Зборувам за патишта, зашто што би ни биле кочии кога би немале патишта? Е сега, замислете си златна кочија на каллив пат? Не ми е својствено и ми е жал за злетното, зашто ќе се извалка и ќе стане грдо, без разлика на тоа колку цврсто и да било. Додека, дрвената кочија, се совпаѓа со сите средини, секогаш е тука кога ќе ни притреба, а за златната треба да се плашиме нонстоп некој да не ни ја украде, а со тоа ќе ни ги украде соништата, начинот на живот и патот по кој се движиме.

Ја одбирам дрвената кочија, одбирам со неа да се возам по животот, без разлика колку падови ќе ми приреди судбината, и низ која кал ќе се провлечам, ќе знам дека повторно ќе можам да го заковам дрвото и да продолжам понатаму без никаков страв дека ќе бидам извалкана.
баш тие падови не прават силни, колку ли сила и верба во Бога е потребна за да станеш од местото на кое се скршила кочијата, местото на кое останала трага но знам дека можам, падот, тоа што ќе го научам од него ќе ми помогне да ги заковам пак, и да продолжам бавно, но сигурно низ моите денови.
целосно се согласувам со тебе:smir:
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
каква и да е кочијата, т.е. тркалата, и едните и другите ке се стопат, т.е запалат кога ќе почне да ти гори под нозе....затоа, според мене не е битна кочијата, можеш да почнеш со дрвена, па да смениш ако си доволно успешен и ако доволно сакаш...али битно е да имаш цврсти нозе, во случај да се уништи кочијата, за да можеш да продолжиш кон нова, па макар и бос да чекориш...:jaj:
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Не знам зошто ама многу ги мразам златните кочии.Предвидливи ми се, досадни, нескромни, истопорени...Ги сакам дрвата, ги сакам дрвените кочии, тие се дел од природата, а природата ни е потребна на сите.Дрвената кочија можеби многу лошо звучи, ама па во неа можеш да сонуваш за златна кочија, а во златната кочија за што би сонувал, за дрвена?:) И двете да не се добри бе?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Авторов(не знам пол, а не е ни важно уосталом) на темава (и на други негови слични теми на подфорумов) ни е ептен поетски, метафорично и симболично расположен нешто:)...Но, штом си по поетиката не требало да ги засечеш асоцијациите и сликите кои можат да се створат кај секој од нас, како што го направи тоа со објаснувањето во почетниот пост за тоа што значат златните, а што дрвените кочии.
Затоа јас си земам слобода да не ги поистоветам дрвените со чувства, а златните со богатство, него со мои лични метафори за нив.
Во тој случај си одбирам златни. Блескави се, привлекуваат погледи, создаваат копнеж, дигаат самодоверба, цврсти се, отскокнуваат во секое опкружение...Можеби некои ќе се плашат од нив, некои ќе им завидуваат итн, но тоа не ми е важно.
Дрвените се просечни, порозни, досадни, монотони во својата сигурност, претопли...едноставно не ги сакам.
Можеби требаше да се фолирам и да речам...да, јас пре би сакала неугледност, флексибилност и чувства, наместо сјај, моќ, стабилност и се друго што носи златната кочија,... но во тој случај ќе излажев:toe:
А, и у глобала не верувам дека има многу луѓе кои не паѓаат на моќ...Но, сеедно, јас за себе си кажав.
Ајде, следната тема уште по метафорична:vozbud::icon_razz:smir:
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Ај и јас да сум метафорична.
Зошто кочии? Јас сакам точак. Од оние со две седишта. Ама нека се измислат со повеќе од две.
 
Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Се буди секое утро онаа прекрасна едноставност. Онаа сончева насмевка, кога знаеш дека дрвената кочија лежи под лисјата на твојот двор. Есен. Како да ти буди радост во секој еден здив. Седнуваш во дрвената кочија, го отвораш срцето и тргнуваш на обиколка на светот. По патот среќаваш многу кочии. Златни, помпезни, барокни, бисерни. Ниедна не е како твојата. Едноставна, но твоја. Можеби, еден ден посакуваш покрај таа дрвена кочија да имаш и златна, да почувствуваш како е да си дел од нив. Но, моментот кога ја одбираш златната кочија, дел од дрвената почнува да се распаѓа. Почнува да гние, но однатре. Однадвор се труди да остане истата, недопрена, онаа што те носела низ целиот твој животен пат. Таа, ДРВЕНАТА која ти била дадена од самото раѓање. Ако ја оставиш на дождот непокриена, ќе се распадне. Ако ја заштитиш, во деновите кога твојата златна кочија ќе биде заменета со нешто друго, дрвената повторно ќе биде тука. Секогаш тука...

Поентата ми беше, дрвената кочија-чувствата, ги поседува секој човек. Тие се благослов. Треба да се зачуваат како вистински вредности.
Златната кочија-материјалниот свет, се стекнува. Но, и се губи. Кога ја преферираш златната кочија над дрвената, оној дел кој ќе гние во тебе е чесноста и скромноста.
Се надевам, бев повеќе од јасна.
 
преубаво кажано, и целосно јасно, барем за мене. Златната кочија може денес да ја има, утре да ја нема веќе кога сме отвориле очи, а дрвената е секогаш тука, дури и некогаш да се почувствува напуштена од нас, тоа од внатре - чувствата се во нас и никој никогаш не може да ни ги земе, никој никогаш не може да ни ја одземе нашата човечност, а патот во дрвената кочија ќе не научи да станеме личностите што сакаме да бидеме, ќе не научи на поголемо ниво на човечност од она што сме го поседувале до тој момент.
Срцето вистински и искрено може да вика само за таа, дрвената кочија, таа е единствената која може да му е потребна, и ако ја види да си оди, единствената која може да му недостасува.
За мене златните кочии се само во разумот на човекот, и со доволна решеност и сила може да успее да направи да заминат празни по пат за да не се вратат никогаш.
 
Formalicious

Линолеум
Член од
23 декември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Не знам за кочии, ама за клупи, дрвените се поарни. Кај им текна по плоштад да стават од оние железнине: во лето газот да ти изгори, во зима да ти смрзне. Дрво си е дрво, брате...

Ама, пак, дрвените ги крадеа за дома, за потпала ги користеа или за во бавча... :(
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
52
Поени од реакции
0
odlicna tema
bi gi izbala drvenite kocii mozebi na izgled ne se ubavi no vozenjeto so niv e posiguno.....no sepak da mi ponudat slatni ne bi gi odbila zosto seuste ne sum pocustvuvala kako e da se vozis na tie zlatni kocii ...ti bi gi odbila?....sakam se da probam...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom