Ја барав темава за да раскажам лично искуство за барем дел од "помладите" на форумот да прочитаат и да видат како не треба да биде
Никогаш ми се немаше десено во животот уште од рани средношколски денови да немам пари у џеб , моите неможеа секогаш да си дозволат за мојот џепарлак па така се научив сам уште од тогаш да си подработувам за да имам.
Завршив средно , упишав факултет и се вработив за да можам да си го дозволам истиот и да имам некој денар у џеб.Како поминуваше време собирав пари на страна , да имам за арно за лошо.И се ке си беше супер , можеби денеска немаше да бидам толку живчан да не се десеше тој стандарден муабет ај да пуштиме по една стотка.И тогаш почна агонијата.Коа ке навлезе зависта од тоа во тебе , ух тоа е страшно лошо чувство.Првпат влагаш , стандардно со 100 ке ти пушти 400-500 денари и си викаш ај брзи пари.Еднаш два пати три пати таа стотка премина во две три пет па отиде на иљадарка.И ке дава , ке дава ке дава и си викам лесни пари.Частев јадење пиење кафани се си беше убаво.Се додека не ги изгубив тие 2000 денари што ми беа моментално во новчаник.Излегов отидов до банкомат извадив уште 2000 и се вратив , пак ми ги зема , тука веќе ме обли пот и нервозен излегов пак до банкомат , извадив уште 2000 се вратив и тие ми ги зема.100 евра од платата отидоа за 2 саати.Не ми се веруваше.Си отидов дома нервозен , несакав да вадам веќе пари и муабет не ми се правеше.Преспав , си отидов на работа и при крај ми се сврте низ глава абе вчера ми зема денес треба да дае нешто.Отидов до банкомат ги извадив сите пари и влегов.Предходно чукав на апарати , ама сега влегов и седнав на рулетот иако незнаев како се игра(ме намамиа муабетите што ги слушав предходно кога влагав , ке викне некој браво 8ца и едниот ке праша колку ти е брат , овој му вика 6000 , овој пак го прашува а колку ти е рака овој ке му каже 800 и си викав ај и ја ке пробам).Почнав , играв што играв некако разбрав како иде и оп излегов со 200 евра и си викам топ ми ги врати тие 100 и + 100 ми дае.
Зачестија вечерите , заглавував таму , ме спушташе ме враќаше , се повеќе се губеше она стоп што донегде сум го имал.Влезе у мене адреналинот од рулетот.Како што поминуваше времето се повеќе и повеќе идев , ама почнав многу да губам.Се деси после година и нешто , во една вечер да ја изгубам цела плата.Тогаш зоврев, отидов ги земав сите пари што ги имав заштедено ( околу 500-600 евра ) и пак се вратив таму.И тие ми ги зема и веќе бев изгубен , незнаев што да правам , изгубив нецели 1000 евра во една вечер.Немав денар у џеп а цел месец беше пред мене.Се позајмив од сестра ми 100 евра , дури и се чудеше кога и побарав не и беше јасно како сум останал без пари.Истерав месецот и не влагав.Ја земав платата и ги вратив тие 100 евра.Ме фати бед кога место цела ми остана 2/3 од плата.Пак отидов , пак ги изгорев.Е тука ке беше добро да запрев , да отидев дома и да кажев што е работа , веројатно порано ке излезев од тоа ама не , другиот ден отидов поднесов за минусни плати.Ми ги одобрија , само што ги извадив отидов одма таму , за час ги снема и тие пари.Морав да најдам начини да земам пари и да отидам таму.Почнав да прашувам како идат работите за кредит и поднесов барање за 150000 денари.Се погоди баш тој период пред одмор и топ ми дојдоа парите.Си отидов во Турција си потрошив 800 евра , топ си беше 10 дена дена искулирав од нервози.Се додека не се вратив.Купив нешто за дома и ми останаа некој 1000 евра.И тие отидоа за 3 дена.Почнав да се губам , идеа платите , само сега имав на грб и кредит да плаќам.Тешкото дојде од месец за месец па премина ден за ден.Осеќав терет , све ми сметаше , па ми текна еден ден дека ми треба поголем простор па сакав да го прошириме станот.Извадив 10000 евра кредит , завршивме дома што завршивме , останаа 2000 евра.Не треба да ви кажувам кај завршија тие.И пак ке беше ок , тука да завршеше.
Сменив работно место , не ми дадоа 3 плати и оп кредитот отиде на извршител.Почна задолжувањето по луѓе за коцкање , наоѓање разни причини и лаги за да дојдеш до пари.Кај луѓе за 3 месеци ми се собраа долгови околу 20000 денари а на врат имав сметки извршител итн.И пак продолжував да се коцкам.Една вечер влегов со 2000 ми беше преку кур од све памтам , и напраив околу 150000 денари.Само што излегов звонев по телефони и ги вратив парите.Еј у 3 навечер вртиш на телефон за да ги вратиш парите , денес коа ми текнува сфаќам колку сум бил забеган.Пуст од радост шетав по кафани си намалив извршител влагав еднаш у денот со 2000 денари си праев по 10 - 15000 и тргна возот.Напраив парички малце искулирав.И дојдоа на ред кобните 9 месеци за раскажување.
Све отиде у курац.
Изгубив све што ми остана , и после тоа се дрзнав да чепкам у новчаник на мајка ми (никогаш ми се немаше десено таква работа).Ајде кешот што и го поебав туку и парите заштедени на картичка и ги извадив и тие отидоа.
Како да се вратам , тоа ми беше само у глава, бев задужен на сите страни , другари роднини колеги.Како ми текна у 7 сабајле никад нема да ми биде јасно , да му се јавам на другар да ми најде пари под камата.Земав од него си викам ај ке вратам нешто по луѓево да не си играм мајтап.Не бе , директ на рулет, и тие отидоа таму.Од еден задужен лихвар преминав на 6 , од 20000 денари преминав на 200000 денари.Не заработував толку за да можам да враќам.Кај еден земи , кај двајца раздужи се , пари за сметки и секојдневни потреби немав.Ги задужив и дома мајка ми и сестра ми со брзи кредити и тие ми ебаа мајката.Еден ден се деси да немам да платам камата , а дечките беа заебани апла.Ми пратија слики од мајка ми и сестра ми на работа , од влезот кај што живеам и ми пишаа само , утре ти е рокот за плаќање.Испив 3 дијазапама , се тресев целиот , незнаев што да правам , тука беа ставени многу работи на ризик.Морав да прекинам.Се снајдов утредента им ја платив каматата.Во рок од 4 месеци работев 2 работи и вратив све што беше лихва.Тоа заврши , уште 2 и пол месеци ми требаа да ги вратам долговите по луѓе.Денот кога ја вратив последната иљадарка ми падна камен од срцето седнав у жена парк и плачев како мало дете.Раце и нозе ми паднаа од работа , од поштено дете станав најголем лажго и коцкар , изгубив доверба дома , изгубив другари и девојќи , расипав роднински врски.За што?За мочаното топче на рулетот.Го сонував дури.Жално..
Како се извлеков?
Многу пати викав ке прекинам ама пак идев , се до денот кога ги добив тие слики.Нозете ми се тресеа за мајка ми и сестра ми.
Секој ден поминував од негде кај што имав играно со горчина у грлото и од страв не влагав,па после стана инат , дури сум знаел и да плукам пред влез.Тој инат со време прерасна во одбивност , ми се гадеше од мирисот кога ке поминев покрај некое казино , ми се гадеа сликите и буквите што светкаат.
Зборовите не се толку тешки колку што е доживеаното , знам дека станав човек дента кога прекинав.
Пари се враќаат , ама образот не , ден денес се срамам да погледнам многу луѓе во лице поради тоа.Живеам со тој срам и ке живеам.Тоа го прави коцката
Помина доста време од тогаш , ама секој ден ми е ко вчера да било.За да знам ако влезам што ке ме чека утре.
Дефинитивно во државава треба да се покрене иницијатива за основање на некакво си друштво коа ке придонесе младината да не иде таму а идат и тоа многу голем дел.
Се надевам дека некого моево барем ке го подзамисли за тоа што може коцката да му направи..